sandriana RR -> RE: Дарко Лешоски - Рингераја Фан Клуб (22.1.2016 10:57:25)
|
" Ми е гајле ако имам куре бе! јас Љубоф ...Љубоф јас се викам! Во душата имав дете. На среде душата имав бебе легнато на грб на раскрвавен душек. На среде душата јас имав бебе кое вришти и може очите одвнатре да ми ги испука со гласот свој како прозорски стакла На среде душата јас имав бебе пресечено меѓу ножните прстиња со најтенок лист хартија На среде душата јас имав бебе кое вриска, а јас тивко му шепотев Шшшш шшшш и меѓу прстињата од каде крвта низ душата ми блика тивко со усните му дував. Кога те пуштав. Кога ти реков Ако мислиш дека е подобро да не се гледаме повеќе ние двајца нека биде така. Кога ти се насмеав и ти реков ако ти е полесно тебе така. Во душата имав бебе раскрвавено бебе на кое решив дека не му треба таква како тебе мајка. Кога тебе јас те пуштав. http://youtu.be/LhBOpcK3-Bk Денес тоа бебе не е повеќе бебе и ги има моите зелени очи. Денес тоа бебе ја има мојата коса и мојата насмевка, а лузната пак му е одамна зарасната и никогаш оттогаш таков плач од моето убаво бебе, од душата моја јас не сум слушнал. Ме гушка кога ќе му кажам дека едвај живо останало кога од мене те пуштав и дека се спасило за крв колку една капка. Ме гушка и ми вели : "правиме како треба, а не како е полесно во животот! По тоа се разликувате ти и онаа која тврдеше дека ми е мајка." Тоа бебе ти никогаш не го виде, не го запозна, не го слушна, не го гушна. Тоа глупо створче кое сеуште нема име и ми се смее кога ќе му кажам дека има куре и дека тоа не е име ами именка и не може да се вика така. И џагори. Трча. Ми бега. Кога по него јас трчам како по малите деца кога трчаме и милно се закануваме: Ако те фатам , леле сега ако те фатам... Џагори низ мене со најзаразната смеа која сум ја слушнал и ми бега со шантрав чекор те на лево те надесно телцето малечко му натежнува како дечињата кога трчаат, а уште не знаат да одат. Искри, џагори, гласот му е искршичаво плишан и потопол од сите детски лиги на светот испуштени во спиење на топли перничиња во зимска пладневна дремка. Џагори во мене дури го бркам. Вели: "ми е гајле ако имам куре бе! јас Љубоф ...Љубоф јас се викам! " Душа искрена, разголена.....возљубена
|
|
|
|