Кифли, пити, теста... -Рецепти (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


AneLav RR -> Кифли, пити, теста... -Рецепти (7.2.2016 14:56:01)

Гледам дека ваква тема немаме па повелете домаќинки кој си е по месењето[sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (7.2.2016 15:59:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85

Еве рецепт за тестото од кое правам пица, како и други кифлички,панцероти ма се што ќе ми текне [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

1 кг брашно
1 јајце
2 белки од јајце
2 големи лажици сол
пола голема лажица шеќер
300 мл млако млеко
150 мл млака вода
неполна чаша за кафе зејтин
1 квасец растопен со малку млака вода и малку брашно

Сето ова добро се меша,јас го мешам со миксер со тие лопатките за тесто што се.Ако ви е течно тестото доставате брашно,ако ви лепи за пластиката во која мешате ставате уште малку зејтин.Кога добро ќе се промеша се остава да втаса тестото(јас во рерна го ставам на млако) и се чека негде околу саат време убаво да втаса.

Тавичките ги подмачкувате со путер. Потоа се прават или кифлички или пица по желба од тестото.Па се мачкаат одозгора со жолчка, се става сусам па по малку путер врз секоја.



Тоа е тоа.Објаснував како за ептен тазе домаќинќи како што мене ми е пишувано во тефтерот се до детал.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif].Тука сум и за дополнително објаснување.Повелете[sm=smiley1.gif]





lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (7.2.2016 17:44:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

тортиљи во оригинал се прават со брашно, свинска маст, сол и вода. ги расукувам и ги печам на плотна директно на рингла или во гусана тава кој има. после ги сечеш на 8 триаголници и ги пржиш во врел зејтин. прецизен рецепт давам само на барање.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

состјки:
300 гр брашно
1 лажичка сол
50 гр свинска маст (помалку е подобро, јас ставам 20-25 гр)
180 мл топла вода

1. брашното се просејува во сад за месење. се додава маст и вода, доволно за да се оформи меко тесто.
2. се меси на набрашнета површина околу 10 минути или додека да стане мазно. тестото се покрива и се остава да отстои 1 час (доволно е и 30 минути ако ви се брза).
3. тестото се дели на 12 еднакви дела и се прават топчиња. секое топче се расукува на набрашнета подлога додека да стане круг со пречник од 20 цм.
4. тортиљите се печат една по една во гусана тава или директно на рингла (обична, не од керамичките). се превртува и се пече од другата страна. максимум по 1 минута од секоја страна ако плотната е загреана.

за полнење, користете ја својата креативност [sm=smiley1.gif]





AneLav RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (7.2.2016 19:36:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zzaa

eve i od mene eden recept pita so kompir lesno se pravi,brza i eftina

400 ml вода
600 g брашно
2 лажици Zejtin
6 средни компири
1 повеќе кромид или 2 средни глави
сол
бибер
свинска маст или zejtin
podgotovka:
vodata se topli malku i se zamesuva brasnoto i vodata.testoto se ostava 30 minuti vo flizider da otsoi
kompirot i kromidot se rendat vo nim se dodava 1 laz sol 1 laz crn biber i 2 zejtin
testoo se vadi od flizider i se odtava uste 30 minuti na sobna temperatura posle se deli na 4 dela od koi se pravi 4 topcinja ,topcinjata se sukat isto kako banica i rasukanite kori se ostvat 10 minuti da otstojata potoa od smesta so kompir se stava na sekoja kora korata se vitka kakao pita i se stavat vo plehce 30 br se stav vo spored na 200 C i se pece 30-40 minuti vo zavisnost kako vi pece sporetot a vo meguvreme se stava 200 mi voda 2 laz zejtin 1 laz sol vo tavce na ogan da provrijata,i koga ke bide pitata ispecena se poparuva so vodata i se pece uste 5-10 minuti .Dobar apetit



ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА:

Симона11, вака читајќи те - ми се пријаде и мене домашно лепче - стварно е најубаво. Ама не ме бива многу за месење, затоа те молам КЛИКНИ ТУКА, и ако можеш запиши ми рецепт како го правиш.


Листајќи го видов постот па еве рецепт за леб, лесно и вкусно .Инаку рецептот е од книжурка на Жито Лукс пред сигурно 7-8 години.

Леб

Потребно:
1кг.брашно, 30гр. свеж квасец, 20гр. сол, 10гр. шеќер, околу 550мл млака вода.

Подготовка:
Состојките се ставаат во еден длабок сад и се замесува убаво изедначено меко тесто.Се покрива и се остава околу 30мин на собна температура покриено со крпа или пешкир.Потоа тестото се замесува уште малку на маса и се обликува во форма по желба и се става во намастен плех,тафче или тенџере.Од искуство најдобро тенџере бидејки ако сакате округло кога ќе стасува ќе изгуби форма.Се покрива и повторно се остава да стасува околу 1 час.Пред печење се премачку одозгора со зејтин .Се пече во загреана релна околу 30-40мин



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Жени абе дај помогнете..Едно време имаше еден рецепт на РР - лисната пита со сирење, ја правев беше ПРЕУБАВА,..Сега неможам да го најдам рецептот.Ке ми понмогнете модератори?



ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Лисната погача >


Сосотојки:
800 гр. брашно 1 лажица шеќер сол 2 лажици сув квасец 1/2 прашок за пециво 450 гр. млако млеко млака вода по потреба путер за мачкање Фил 200 гр. сирење 1 лажица павлака малку масло 1 јајце За премачкување 1 јајце сусам

Упатства:
Ставете ги состојките за тесто во поголем сад и замесете. Тестото покријте го со крпа и оставете го да нарасне. Кога ќе нарасне тестото поделете го на два дела. Оставете го да се одмори. Развлечете кора со деелина од околу еден прст, намачкајте со путер и завиткајте во вид на коцка. Ставете го тестото во кеса и оставете го да отстои 20-30 минути во фрижидер. Потоа развлечете го тестото со големина на тепсијата во која ќе го печете. Филот измешајте го и ставете го на кората. Над филот ставете ја и другата развлечена кора. Изматкајте јајце и премачкајте го горниот дел од тестото. Ставете сусам. Ставете ја погачата да се печи на 200 степени. Пријатно!

Време потребно за подготовка: 90 минути

На оваа мислиш Миана? Или нешто друго е?



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Лисната погача >


Сосотојки:
800 гр. брашно 1 лажица шеќер сол 2 лажици сув квасец 1/2 прашок за пециво 450 гр. млако млеко млака вода по потреба путер за мачкање Фил 200 гр. сирење 1 лажица павлака малку масло 1 јајце За премачкување 1 јајце сусам

Упатства:
Ставете ги состојките за тесто во поголем сад и замесете. Тестото покријте го со крпа и оставете го да нарасне. Кога ќе нарасне тестото поделете го на два дела. Оставете го да се одмори. Развлечете кора со деелина од околу еден прст, намачкајте со путер и завиткајте во вид на коцка. Ставете го тестото во кеса и оставете го да отстои 20-30 минути во фрижидер. Потоа развлечете го тестото со големина на тепсијата во која ќе го печете. Филот измешајте го и ставете го на кората. Над филот ставете ја и другата развлечена кора. Изматкајте јајце и премачкајте го горниот дел од тестото. Ставете сусам. Ставете ја погачата да се печи на 200 степени. Пријатно!

Време потребно за подготовка: 90 минути

На оваа мислиш Миана? Или нешто друго е?



sorrry таа била [sm=zmeden.gif]
Па ова не е погача апсолутно туку е пита...
Јас ја правев и испадна мнооооогу убава и е правца пита а не погача..Такада, слободно сменете и го насловот и домакинки - направете ја, преубава е !!!
Сандриана, фала за помошта





lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (8.2.2016 23:14:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

za da bidat suplivi krofnite treba da kisnat 2-3 pati,znaci zamesi kisni,pak razmesi kisni,i koga ke gi seces so casa uste ednas da kisnat,se przat na ne mnogu zezok zejtin i stavam malku margarin vo testoto edno lazice,a receptot mi e od kutura sto se veli,4 zolcki,ama nekogas i 2 celi jajca stavam,pola litar mleko malku mlako,i raka seker,i kvasec,sol,i brasno popotreba.ehhh i jas sakam ama na zeskovo nisto ne mi se pravi ihihih



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring

Рингерајки, ај пишете некој рецепт за крофни....сакам утре да направам за доручек ?

повели рецепт за најубавите крофни

1кг брашно
1 свеж квасец
4 јајца
4 големи лажици шекер
4 големи лажици зејтин и
млеко по потреба

Замесуваш средно меко тесто
Го оставаш да одмори 5 - 10 мин
Расукуваш кора дебела околу 1 см на брашнета површина
Со голема чаша вадиш кругови и ги оставаш да одморат 10 тина минути и потоа ги пржиш во загреан зејтин со тоа што ги ставаш од страната на која лежеле во зејтинот ( значи ја креваш од површината и обратно ја сушташ во зејтинот )
Како ги вадиш од зејтинот,веднаш ги валкаш во шекер во прав. Можеш и да ги полниш со шприц и со крем или мармалад..Можеш и да ги направиш како прстени ( како оние на плажа во Грција - локумадес ) Со една поголема чаша или зделичка а помалиот круг да го вадиш со чаша за ракија и така ке добиеш и прстени..Преубави се,нема да зажалиш...
Ајде па пиши како ти испаднаа.




ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти уште едни крофни од мојата тетратка со рецепти

1 чаша зејтин
1 чаша шекер
1 чаша млеко
3 јајца
1 квасец и
брашно по потреба
постапката за месење и пржење е иста

Јас ти ги препорачувам претходните но како си сакаш..
Овие ги немам направено зошто ги имам пробано прво овие претходните,ми се бендисаа па не сум сакала да експериментирам..Не се сомневам дека и овие се убави
Имам рецеот и за Берлински крофни ама ајде даа не те збунувам
Сега ке ти писшам рецепт од амерички крофни ( овие ги правам чество за керками на брзинка)

20 лаж брашно
2 јајца
1 чаша јогурт
1 пециво
1 ванила

се прави течно тесто
се сипнува со лажица во врел зејтин
се вадат,се поливаат со шекер во прав и се поливаат со чоколден прелив
Овие се повеке како за десерт а они другите како за доручек.






lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (9.2.2016 8:51:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pucilda

BRZA PITA
3.jajca
1 solja za kafe zejtin
1 solja za kafe jogurt
1 pecivo
15 lazici brasno
sol
2 straka praz

jajcata se matat so lazica,se dodavaat zejtinot,jogurtot,pecivoto,brasnoto isolta,toa se mesa i na kraj prazot,i susam.....se stava vo tepsija podmackana so zejtin i se pece prvo na 250c,pa se namaluva na 200c i se pece 30minuti.
koga e gotova pitata se poprskuva so voda i se pokriva so krpa.

jas si ja pravam nekogas za dorucek,a i gosti ako mi dojdat nenajaveni,
moze mesto praz koj ne jade,da se stavi sirenje,salamce,kecap,spanak....



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ајде по барање на Арх-диз РР пишувам репецт за пастрмајлија

1 кг брашно
1 свеж квасец
сол
шекер ( малку )
Зејтин ( од прилика пола филџан за кафе )
Вода по потреба
Можеш да ставиш и една чаша јогурт ( за да биде мекичко тестотото )
Јас ставам се од прилика

1 кг кртина свинска и истата ја сецкаш на коцкички ја зачинуваш со сол,црвен пипер,малце бибер. ( не е лошо да отстои неколку часа вака зачинете во фрижидер )

Го замесуваш тестото и го оставаш да нарасне.
Кога ке нарасне го делиш тестото на колку сакаш пастрмајлии ( на еднакви делови на пример 4 )
Тепсијата ја мачкаш со маргарин.Тестото го замесуваш малце,го ставаш на тепсијата и со прсти правиш форма на пстрмајлијата со венец на краевтие нели.
Се реди тестото со месото и ставаш маргарин ( или маст ) овде-онде на пастрмајлијата.
Ја печеш на 200 степени и пред крајот ја вадиш ја посипуваш со матено јајце и ја вракаш да се допече.Кога ке ја извадиш од рерна ја премачкуваш на краевите од венецот со маргарин ,оставаш 5 мин покриена со крпа и удри на јадење. Пријатен апетит ( и јас ке правам викендов - ме подлажа ) [sm=smiley36.gif]
Ако има прашања - тука сум.Незнам колку јасна бев во објаснувањево [sm=zmeden.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Ау мианке ме настрви и мене сега, ама дај точни мерки [sm=smiley36.gif] и колку време точно се пече, ајде направи и мери се до грамови , за нас [sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Ау мианке ме настрви и мене сега, ама дај точни мерки [sm=smiley36.gif]

Еве ти
1кг брашно
1 квасец ( ке го растопите квасецот со млака вода и малце брашно - да нарасне )
пола филџан зејтин
1 филџан јогурт
1 лажица голема - шекер
1 рака сол
1кг кртина
сол од прилика - знаете како се соли месо
црвен пипер 1 лажица голема
бибер од прилика
Јајца за секоја пастрмајлија по едно ( ставете му малце сол )
И еве да речеме од 1 кг брашно искачаат 4 патрмајлии ( зависи какво тавче имате и која големина ги сакате )
Не ги правете многу дебели зошто нараснуваат бајаги.






ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

И маргаинот го заборавив.
Мачкаш тепсија убаво да е цела покриена
и сецкаш мали коцкички за врз пастрмајлијата ( или ставаш свинска маст по малце овде - онде )
И ги премачкуваш со маргарин на крај ..


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

devojki napravivte li pastrmajlii?
Jas bev vredna i napraviv i toa 8 pastrmajlii napraviv od 1,5 kg brasno

eve vi slikav da vidite kako izgledaa pred i potoa

[img]http://www4.slikomat.com/11/0127/76o-2013-0.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/11/0127/o5p-2013-0.jpg[/img]




ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki
Пастрмајлија
А таа се подготвува вака:
Се прави тесто од квасец (пресен, да надојде), брашно, сол, масло за јадење и вода. Откако тестото ќе надојде, се прават сосема тенки (0,7 мм) „чамци“ , и се редат врз нив парченца ситно сечкано, зачинето, барем неколку часа отстојано со зачините, месо. Месото може да биде пилешко, но по правило се става свинско, а традиционално- овчо. Откако пак ќе скисне, се попрскува со масло и се пече на 220 степени, во загреана фурна. Кога ќе зарумени, во „чамчето“ се става малку разматено, колку да се врзе, јајце и се пече уште пет минути.





lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (9.2.2016 18:42:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Баш како бурек испаѓа

Еве ти рецепт
500 гр готови кори
300 гр рендана салама
300 гр рендан кашкавал
100 мл кечап
100 гр печурки
100 мл масло
Подготовка
Количината на состојките може да се менува по желба, нормално и редоследот на состојките
Тепсијата во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора, потоа кората ја попрскуваме со масло, ставаме рендана салама. Ставаме друга кора и неа ја попрскуваме со масло, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со масло, ставаме кечап, потоа друга која и неа ја попрскуваме со масло и ги ставаме печурките. Најспосле ја ставаме последната кора и рендаме кашкавал.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 -на минути, т.е додека не се истопи кашакавалот и не порумени убаво.

И јас првипт пат бев баш изненадена колку супер испадна и тоа без печурки [sm=smiley1.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ммммм баш ми се свиѓа....Ке пробам за викенд да направам... Тенк јууу

ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal

Ova kako za mene[sm=smiley36.gif] mnogu sakame piti pravam so gotovi kori,jajca I sirenje ama ova ke go probam sigurno.
Pepelaska, tvoite mafini ni se hit po doma,epten se pogodija[sm=smiley1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Баш како бурек испаѓа

Еве ти рецепт
500 гр готови кори
300 гр рендана салама
300 гр рендан кашкавал
100 мл кечап
100 гр печурки
100 мл масло
Подготовка
Количината на состојките може да се менува по желба, нормално и редоследот на состојките
Тепсијата во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора, потоа кората ја попрскуваме со масло, ставаме рендана салама. Ставаме друга кора и неа ја попрскуваме со масло, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со масло, ставаме кечап, потоа друга која и неа ја попрскуваме со масло и ги ставаме печурките. Најспосле ја ставаме последната кора и рендаме кашкавал.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 -на минути, т.е додека не се истопи кашакавалот и не порумени убаво.

И јас првипт пат бев баш изненадена колку супер испадна и тоа без печурки [sm=smiley1.gif]











mommy_angels RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (10.2.2016 17:30:51)

Денес си го занимавав мозокот,па притоа и рацете. [sm=smiley36.gif]
Тегнев пита.
Прво се прави филот од праз и урда.Откако ќе се испржи се остава да се излади,а во меѓувреме се меси тесто од брашно ,вода,сол и малку квасец.Се меси тесто со средна тврдина и се дели на топчиња со големина на тениско топче.Секое топче се расукува малку,се премачкува со зејтин и се става во подмачкан плек да стои.Откако ќе отстои најмалку пола саат се тегне кора,се попрскува со зејтин,се става од филот и се витка во форма на полжав.
Во прилог следи и слика,да не мислите ве лажам [sm=jezicek.gif]
[img]http://www4.slikomat.com/13/0210/i6s-126961.jpg[/img]




lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (11.2.2016 23:21:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Може некој да ми каже добар рецепт за тесто за пица? Слаба страна ми се месените работи.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Илина, јас последниот пат го правев по еден рецепт од интернет, и на сите дома ни се допадна.
За две средни пици ти треба 350 гр брашно, и ставаш во него прстофат сол, прстофат шеќер, 1 лажичка сув квасец, пола лажичка пециво, 4 лажици масло, и го замесуваш со 150-200 мл млака вода и 50 мл млеко. Го оставаш тестото да скисне, па го делиш на два дела кои ги развлкуваш во круг. Ставаш што си сакаш, и во печењето има една финта. Ја ставаш пицата на алуминиумска фолија и ставаш во загреана рерна на дното да се потпече 2 мин. па после ја преместуваш на решетката и ја допекуваш. Вкусот е баш како од пицерија.





ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Еве и од мене едно брзо тесто за пица...2 шолји за чај( отприлика 250г) брашно, 1 шолја јогурт, сол и 1 пециво месиш и во тепсија развлекуваш..јас прво малку со сукало па во тепсија излегува еден плех од шпоре средна големина..брзо и вкусно за горе кој што со сака..



ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Еве и од мене едно брзо тесто за пица...2 шолји за чај( отприлика 250г) брашно, 1 шолја јогурт, сол и 1 пециво месиш и во тепсија развлекуваш..јас прво малку со сукало па во тепсија излегува еден плех од шпоре средна големина..брзо и вкусно за горе кој што со сака..

Да не имаш заборавено половина шолја зејтин да запишеш[sm=smiley1.gif]. Ја имам рецептава и крстена ми е БРЗА ПИЦА. Од деца ни го правеше баба ми ова тесто а ни ставаше одозгора све што ќе се најдеше по дома.[sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Ви благодарам, го имам и јас овој рецепт, мајка ми прави по овој рецепт. Сакам да најдам право тесто за пица, со месење, па да кисни итн [sm=smiley1.gif] Ако знае некој нека пише [sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Брзо читам[sm=smiley36.gif] нема зејтин во овај рецепт..пробајте ке видите колку убаво тесто е...и мене ми беше чудно дека нема ништо, но пробав о отогаш само ова тесто се менува составот горе [sm=smiley36.gif]




ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Еве и од мене едно брзо тесто за пица...2 шолји за чај( отприлика 250г) брашно, 1 шолја јогурт, сол и 1 пециво месиш и во тепсија развлекуваш..јас прво малку со сукало па во тепсија излегува еден плех од шпоре средна големина..брзо и вкусно за горе кој што со сака..

Да не имаш заборавено половина шолја зејтин да запишеш[sm=smiley1.gif]. Ја имам рецептава и крстена ми е БРЗА ПИЦА. Од деца ни го правеше баба ми ова тесто а ни ставаше одозгора све што ќе се најдеше по дома.[sm=smiley1.gif]

Што не кажете дека имате брзински рецепт за пица.AneLav RR уште плус зејтин,така?

Тешко мене ја немам видено поракава[sm=smiley1.gif]Да меланија и плус половина шолја зејтин. Многу е убаво а одозгора ставаш што сакаш. А врз зарзаватите што ќе ги наредиш измучкај 4 јајца и потури одозгора, топ е. Јас така правам[sm=smiley1.gif]




ИЗВОРНА ПОРАКА: Luci

Ова е нашиот доручек од пред неколку дена па сакав да го споделам со сите Рр-ки [img]http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/s720_x_720/523762_4333602747907_1393290701_n.jpg[/img]
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл зејтин
220 гр брашно
1 м.л сол
1 пециво
малку оригано
100 гр. рендана салама
100 гр. рендан кашкавал
Се матат јајцата пенасто па се додава јогуртот, зејтинот, брашното, солта, пецивото и ориганото и се заедно се мати со миксер. На крај се додаваат саламата и кашкавалот и се заендо се промешува. Се става целата смеса во силиконски калап и се пече на 200 степени 20-тина минути
***Јас имам 2 силинконски калапи купени од пластичарската улица по 150 денари и денес прв пат го направив рецептов и стварно беше превкусен. Смесата се става дирекно во калапот, не се премачкува со маргарин нити со ништо друго, само не се става директно на решетката во шпорет туку во некој плех, јас ги ставив двата во плехот што оди со шпоретот и таман ги собра
Може и во тепсија како торта да се пече



ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30

RECEPT ZA PROJA
4 jajca,
malku sol i vageta
8-10lazici pcenkarno brasno,
7 lazici obicno pcenicno brasno
1 pecivo ,
1 casa zejtin
1 casa jogurt
300 g sirenje (po zelba mozes i seckani maslinki da stavis)
Jajcata gi matis ubavo da dobies gusta pena, gi dodavas ostatokot od sostojkite ubavo mesas i stavas vo namrsnata i pobrasneta tava (kruzno tavce 30), posipuvas so susam i peces vo zagreana rerna na 180C
Otkako ke se ispeci go pokrivas so krpa i go stavas vo kesa celoto tavce za da ispoti za projata da ti bide meka da ne bide suva.

BON APETIT






blue_blue -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (12.2.2016 13:15:32)

AneLav, во ова тестово се става вода? не ми е јасно како 1/2 кг брашно се меси само со јогурт. ај ако може појанување. Фала!




lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (12.2.2016 16:55:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Во мафини филм сум[sm=smiley36.gif] планирам утре да си купам тепсија.Дајте рецепт за солени мафини лапни голтни [sm=jezicek.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Солени мафини

4 јајца
200мл масло
400мл јогурт
400г брашно
2 пецива. и сол
Најпрво се матат јајцата, маслото и солата му се додава јогуртот па брашното и пецивата на крај по желба се стават сецкана салама, сиренце, печурки оригано.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Еве и јас да пишам еден рецепт, многу убави мафини, рецептот е од Калипсо и секогаш на неа се сетам [sm=smiley36.gif]

Мафини со сирење и маслинки

- чаша и пол обично брашно
- пола чаша пченкарно брашно
- пола кесичка прашок за пециво
- малку сол
- 2 јајца
- чаша млеко
- пола чаша масло
- околу 400 грама сирење и сечкани маслинки (заедно)

Се мешат во длабок сад сувите состојки (брашно, пециво, сол, рендано сирење и сечкани маслинки по избор), а посебно се матат јајцата, млекото и маслото.
После се додаваат течните во сувите состојки, убаво се промешува, да нема грутки.
Се ставаат во калап за мафини (со хартиени корпи или без), и одозгора се посипат со сусам.
Се печат 15- 20 минути на 180-200 степени, во зависност од рерната.






ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Фала ви девојки [sm=smiley1.gif]

Кажете ми во таа тавата,како и за што е подобро на биде намачкана со масло или кои /какви корпички.Дајте совет ич незнам па да не утнам[sm=jezicek.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Јас ја мачкам со путер а можеш и хартиени корпички да ставиш.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Корпици може од они во кои се ставаат готови смеси за колачи,тие не горат,или има посебни за овие?
Леле глупости прашувам ама несакам да утнам[sm=smiley36.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Нема посебни, тие се исти хартиени корпи. Имаш само поголеми, ко за мафини.
Јас обично мачкам со путер и воопшто не се лепат. Баш поради овакви работи со мачкање секогаш имам путер во тие најмали коцки што се купуваат.



ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Бетани никогаш немам печено во такви корпи , кога ќе се стави смесатата нели се отвараат тие?Ми е страв да не се разлее смесата и затоа нема печено во такви.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Јас имам посебни калапчиња за мафини, не во едно големо плехче, и рабовите се зиг-заг, па затоа многу тешко ми се вадат и обавезно ставам хартиени корпици - значи во самото калапче, а така само во корпица нема пробано.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

АнеЛав корпиците ги ставам во калапи за мафини, има големина што точно одговара на големина на калапите и ги полнам 2/3 со смесата.
После само ги извадиш. Мислам дека без калапите не е можно да се печат, смесата е густа, нема да се растече, ама како нараснуваат од тежина ќе се превртуваат.
Јас овакви земав за Н. Г. од Џамбо:
[img]http://www4.slikomat.com/13/1216/8v4-201412_thumb.jpg[/img]


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

АнеЛав корпиците ги ставам во калапи за мафини, има големина што точно одговара на големина на калапите и ги полнам 2/3 со смесата.
После само ги извадиш. Мислам дека без калапите не е можно да се печат, смесата е густа, нема да се растече, ама како нараснуваат од тежина ќе се превртуваат.
Јас овакви земав за Н. Г. од Џамбо:
[img]http://www4.slikomat.com/13/1216/8v4-201412_thumb.jpg[/img]

Фала Бетани, немам купено вакви а стално ги меркам да ги купам, ама ќе земам силиконски и тие ќе ми ја завршат истата работа.






lukajana RR -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (12.2.2016 17:26:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Турска пица Лахмаџун
Се замесува тесто од:
400гр брашно
1 голема лаж.маргарин
100гр кисело млеко
1/2 коцка квасец
по една мала лаж.сол и шеќер
Топла вода за убаво да се замеси тестото
Тестото се остава да стаса,кога ке стаса се дели на четири дела од кои се расукуваат кори
Се прави фил од 500гр мелено месо 1 главица кромид 1голем домат или доматно пире сол црн пипер магдонос и мешан зачин
Со филот се мачкаат корите и се печат во Пица Пан со затворен капак околу 10 мин.
Кога ке бидат готови на средината им се става домат и краставица на крукчиња и се виткаат како палачинка
Многу вкусно



ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

кифлички:

-850-900 грама брашно
-1 филџан зејтин
-1 јајце
-1 свеж квасец (растворен со 1 лажица шеќер)
-1 ѓезве млако млеко
-малку сол

По надоаѓање на квасецот, се замесува тесто со состојките и се остава да отстои 10-15 мин. Потоа се меси убаво и се поделува на 4 дела, секој дел се развлекува малку и се премачкува со маргарин/путер и се поклопува на 4 дела. Деловите се оставаат да отстојат 10-15 минути и потоа поединечно секој се развлекува убаво во круг и со нож се сечат од центарот кон крајот на кругот како триаголници, се става малку сиренце и се виткаат од крајот кон центарот за да се формира кифличка. Се редат во плех, се премачкуваат со јајце,, се им се става мала коцкичка путер одозгора и се посипуваат со сусам. Се печат 15-20 минути на 200C.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

LoveableMe RR тестот за кифлите се супер за работа,убаво нарасна и се.Ама одзгора не ги намачкав со јајце поради М и малку путер.Убави се и ги замрзнав ,ама незнам зошто одозгора се крцкави а воопшто не се попечени ,напротив.Малку путер статвив и одозгора може и до тоа е. Исправиме ако тоа е грешката.



ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Melanija, aкo не стaвaш јaјце, стaви еднa лaжичкa сенф вo некoлку лaжички вoдa, дa стaне течнo, нo не премнoгу и премaчкaј ги кифличките дa бидaт убaви. Путер или мaргaрин врз нив зa печењр не е гредa, aмa без јaјце или сенф ништo oд бизнисoт[sm=smiley36.gif]. Ај ќе пишaм рецепт нaскoрo зa пoсни кифлички истo се вкусни.[sm=jezicek.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Потребно е:

800гр.брашно
100мл. млеко
200мл. јогурт
4 лажици зејтин
2 јајца
1 квасец
1 прасак за пециво
малку сол
____________________
Фил:
100гр. сунка, каскавал, кечап(може и крем сир)
Сусам за одозгора
____________________
За слатките: 150 гр. цоколадо и одозгора прах шеќер


Подготовка

Во 100мл. млако млеко ставите го квасецот да се растопи и две лазици брасно да се измеса и да се остави да стаса.
После тоа во подлабог сад ставете го брасното(800 гр), 200мл. јогурт, 1 цело јајце а од второто јајце само жолчката( белката оставетеја за премацкување), 4 лажици зејтин, прасак за пециво и малку сол, тестото да не биде бљантаво.
Кога ке стаса квасецот и него додајтего во длабокиот сад и поцните да месите додека тестото не се соедини.

Филот од шунката кашкавалот и кецапот измесајтего значи шунката да биде ситно сецкана а кашкавалот изрендан.

Од тестото откинувајте како топче, големината отприлика како мала мандарина и развлецете го на рака ставите од филот и затворете го така да на крај пак изгледа округло.

А за слатките крофни од истото тесто само сто се става една коцка цоколадо.

Се пеце во загреана рерна на 200 степени е додека не поруменат.

Еве повторно како изгледаат
[image]http://www4.slikomat.com/10/0307/7r1-SV4022.jpg[/image]
Солени


[image]http://www4.slikomat.com/10/0307/q4m-SV4022.jpg[/image]
Слатки крофни

Bon Apetit






marchi -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (14.2.2016 14:20:16)




ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Потребно е:

800гр.брашно
100мл. млеко
200мл. јогурт
4 лажици зејтин
2 јајца
1 квасец
1 прасак за пециво
малку сол
____________________
Фил:
100гр. сунка, каскавал, кечап(може и крем сир)
Сусам за одозгора
____________________
За слатките: 150 гр. цоколадо и одозгора прах шеќер


Подготовка

Во 100мл. млако млеко ставите го квасецот да се растопи и две лазици брасно да се измеса и да се остави да стаса.
После тоа во подлабог сад ставете го брасното(800 гр), 200мл. јогурт, 1 цело јајце а од второто јајце само жолчката( белката оставетеја за премацкување), 4 лажици зејтин, прасак за пециво и малку сол, тестото да не биде бљантаво.
Кога ке стаса квасецот и него додајтего во длабокиот сад и поцните да месите додека тестото не се соедини.

Филот од шунката кашкавалот и кецапот измесајтего значи шунката да биде ситно сецкана а кашкавалот изрендан.

Од тестото откинувајте како топче, големината отприлика како мала мандарина и развлецете го на рака ставите од филот и затворете го така да на крај пак изгледа округло.

А за слатките крофни од истото тесто само сто се става една коцка цоколадо.

Се пеце во загреана рерна на 200 степени е додека не поруменат.

Еве повторно како изгледаат
[image]http://www4.slikomat.com/10/0307/7r1-SV4022.jpg[/image]
Солени


[image]http://www4.slikomat.com/10/0307/q4m-SV4022.jpg[/image]
Слатки крофни

Bon Apetit




lele bebica....mi otvori apetit a so toa i rabota [sm=smiley36.gif]




bucko mal -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (15.2.2016 11:53:21)



Devojki pred nekoj den pravev pici. I probav nesto da napravam sto imam probano po restorancinjava.
Testoto od pica go izmachkav so pesto, odozgora staviv sitno iseckan luk, sirenje I susheni domati. A na drugoto staviv pesto, kashkaval, lukche I magdonos. Mnogu, mnogu vkusno za ljubitelite na luk.




marchi -> RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти (29.2.2016 13:36:05)

pravev pred nekoj den palacinki ama mi ostanaa i se pomisliv sto mozam drugo da probam da napravam.zedov edno testo od palacinkata staviv rendan kaskaval rendana salama malku origano i sos od domati ubavo go zavitkav go mrcnav vo pcenkarno brasno (zasto samo takvo imav vo momentot) potoa vo jajve pa vo prezla i go sprziv,napraviv nekolku takvi i koga probav....ispadnaa preubavi,nesto slicno kako piroski.drugata den si napraviv pak [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]