mother 29 -> RE: Туна? (7.10.2009 14:12:32)
|
Рибите и здравјето Рибите како прехрамбен продукт, содржат значителни количества биолошко вредни белковини, ралативно малку масти, малку јаглехидрати и големо количество многу важни минерали и витамини, поради што се многу важни во исхраната на човекот. Од минералите рибите, најмногу содржат калиум, калциум, фосфор, натриум и магнезиум. Морските риби содржат и јод, кој го нема во другите прехрамбени продукти. Исто така морските риби содржат ОМЕГА 3 незаситени масни киселини, кои се наречени чистачи на крвните садови, поради што имаат битно влијание на намалувањето на кардиоваскуларните болести. Од витамините, рибите, особено морските, содржат А и Д витамин, а од растворливите во вода, главно содржат витамини од групата Б.
|
|
|
|