Ефект на хормони од бременост кај бебето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


sandriana RR -> Ефект на хормони од бременост кај бебето (23.2.2016 9:39:37)

Отекување на градите, вагинално крвавење, исцедок: поради ефектот на хормони од бременоста пренесени од мајката, и кај машки и кај женски бебиња може да се излачи млеко од градите или да се појави отекување и тврдост во градите. Доколку ги забележите овие промени не треба да ги масирате или стискате градите. Кај женски бебиња може да се појави вагинален исцедок, дури и крвавење, што исто така се должи на хормоните пренесени од мајката на бебето. Кај машките бебиња може да се појави отекување на кожата која се наоѓа во пределот на тестисите. Од 6. до 12. недела оваа состојба се нормализира. Кај 4% од машки бебиња се јавува состојба каде тестисите не се спуштени. Доколку ова е случај со вашето бебе, консултирајте се со вашиот педијатар или детски уролог.
- Ова е извадок од напис на вебот на Систина.
Доколку имате вакви искуства, Ве молам да ги споделиме тука.




Neurotoxin RR -> RE: Ефект на хормони од бременост кај бебето (23.2.2016 9:48:21)

Ќерка ми се роди со гради кои личеа на топчиња и беа тврди. Некако си помислив дека е нормално, ги заприметив, ама не реагирав кој знае како, на првата контрола на педијатар, кога ја гледаше, само напомена дека има гради заради ефектите на моите хормони, ама дека не е страшно ќе се повлечат. За две недели се повлекоа, немала никаков проблем од тогаш.




sandriana RR -> RE: Ефект на хормони од бременост кај бебето (23.2.2016 11:26:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: cika

zdravo mamicki prasanjeto mozebi ne e za tuka ako smeta brisete go da prasam zensko bebe staro 7 dena na tri pati ima krvca na pampers od dundeto se zaprepastiv a pedijataro mi vika moze od hormonite na majkata da se cisti bebeto ako nekoj ima vakvo iskustvo spodelete ve molam kako tocka mala ima na pampers pozz do site





lukajana RR -> RE: Ефект на хормони од бременост кај бебето (23.2.2016 17:03:45)

Исто и Јана кога се роди имаше цициња како топчиња ,во болница само ми рекоа да не и ги стискаме [sm=zmeden.gif] што секако не би ми паднало на памет .
Кога дојде патронажната сестра да ја бања ја примети одма и ми спомна ако видам крв на пелената да не се исплашам .
Јас тогаш прв пат слушнав за ова и многу се изненадив ,не сум слушнала пред тоа.
Ама немаше крв ,градињата за брзо време и се вратија во нормала и немавме никакви проблеми




Страница: [1]