Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


sandriana RR -> Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (28.2.2016 16:15:22)

Статијата ме поттикна да ја отворам темава за да ги споделиме советите од нашите мајки, или едноставно совети кои оставиле печат во нашите животи и ни се водилки во битисувањето.

Врзано во крпче, што би рекле старите, ми е: Никогаш не го прави на другите она што не сакаш да ти го прават на тебе. Совет од мајка ми. Ме води низ секој миг од животот.




deluxe -> RE: Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (29.2.2016 9:56:45)

Старата библиска: не прави го на друг тоа што не сакаш тебе да ти направат.
Совет од дедо боже за сите нас[sm=smiley1.gif]




marchi -> RE: Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (29.2.2016 13:13:16)

mnogu ubava tema,samo jas mnogu soveti od majka mi ne sum dobivala (za zal) toa e eden kompleks na tabieti i e vejke druga tema a i odnesuvanjeto na majka mi sprema mene vo tekot na zivotot bil se polos. ama zatoa pa tatko mi mnogu ubavi i korisni raboti mi kazuval i toa sto se veli svaki bozji dan bez razlika na koja vozrast sum bila. no edno nesto mi ostana vo pamet: NE OCEKUVAJ DRUGITE DA SE ODNESUVAAT ONAKA KAKO STO TI SE ODNESUVAS SPREMA NIV. pa spored toa sum razlicno postavena sprema lugjeto vo zavisnost kako tie se postavuvaat sprema mene. i toa mi prerasna vo eden mnogu vazen del od karakterot.




lukajana RR -> RE: Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (29.2.2016 18:08:43)

Живеј го твоето сакам а не туѓото би требало

Јас се водам по оваа мудра мисла на мајка ми и си правам како си сакам [sm=smiley36.gif]




bucko mal -> RE: Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (3.3.2016 10:52:49)



Najdobriot sovet sto mi go dala majka mi, da pravam dobri raboti zashto gospod gledal i vrakal so dobro [sm=smiley1.gif] So ovaa misla mnogu pati sum se izgorela vo zivotov sepak na kraj izleze po nejzino, navistina mi se vrati so dobro [sm=smiley1.gif]
A, moram i ova da go napisam ,, Sto ke recat komsiite'' [sm=smiley36.gif]




princessa -> RE: Најдобриот совет - совет кој ме води во животот (3.3.2016 17:14:59)

Најдобриот совет што ме води во животот е да си ги правам работите како на мене што ми одговара и мислам дека треба а да не играм по туѓи правила, зашто во тој случај не би го живеела сопствениот живот по мој терк, туку би живеела како другите што ми налагааат. Би живеела туѓ живот а не онака како што заслужувам. Нели така излегува. И секако позитивните мисли ме водат секогаш понатаму, што мислиш дека ќе ти се случи тоа и го привлекуваш. ЗАтоа само позитивни вибрации да шириме наоколу и секогаш да не опкружуваат во животот.




Страница: [1]