niki -> RE: Како би го опишале вашиот живот? (25.10.2009 19:12:27)
|
Мојот живот во последните три години е поделен на лето и зима, ко она летно и зимко сметање на времето, кај мене летно и зимско темпо. Преку лето работам и постојано во трка, на работа, дома, со керка ми да излезам и сите обврски да ги постигнам, три месеци доаѓа свеки па ме растеретува, а отстатокот од летото сум во општ хаос, на сите страни. И потоа доаѓа досадната зима кога сум си домаќинка си седам домче, си средувам постојано и ќерка ми постојано хаос ми прави, со неа многу време поминувам, гледам тв, шетам, читам, сликам, се нешто по дома правам, украси некои, цвекиња и пак ми е животот монотон и досаден во исчекување да дојде лето.
|
|
|
|