pepapa -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (12.3.2016 0:16:19)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR среќичка, тука никогаш не си сама, сеедно дали во моментот има некој во постапка или не [sm=smiley1.gif] До каде си со терапија? pepapa, септум треба ептен внимателно да се провери и на ехо не секогаш се гледа. Види пред циклус што како е, но најсигурно за тоа е ХСГ, таму се се гледа. Ако и овојпат не сте сигурни, предложи ХСГ. Септумот инаку не прави проблем при ивф, но во бременост знае да е проблематичен, го скратува волуменот на матката и не му дава простор на плодот да расте до крај... Се решава едноставно, со хистероскопија, така што и да го има, не се плаши, не е страшно. Pinky30, ајде уште малце завршува контрацепцијата и почнува стимулацијата [sm=bravo.gif] Инекцијата во матка се става на крај, ич не ја мисли, а пролутекс е прогестерон - замена за прогестерон депо инекциите, и секако ќе ти го даде после ЕТ за поддршка. кик@, секако добро си одлучила што си побарала второ и трето мислење, со овие работи нема играчки. Дури и да треба хистероскопија, ќе ја направиш ако реално има потреба, а не од нечиј хир... Конкретно за полипи, мислам дека не се проблем за бременост и често пати се вадат при самото породување, додека пак за цисти, се оперираат само ендометриозни-чоколадни цисти, колку што знам. Секако консултирај се со др. Поповиќ, голем врој рингерајки имаат одлично искуство со него, па пиши ни. Доколку се испостави дека приватниот гинеколог само сакал да земе пари, напиши ни го со име и презиме, да ги предупредиме и другите девојки за вакви ситуации. Imam praveno Hsg uste pred edna godina i se e super, od kaj izleze sega ovaa krivina vo matka navistina neznam, obavezno ke me vidi Trajkovski na eho pred dobivanje da znaeme sto i kako e za sigurno
|
|
|
|