Soned1 -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (2.12.2016 12:44:20)
|
Kvisko испитував и на Имунологија и на Трансфузиологија, правевме и кариотип, но ништо посебно не ми кажаа. На Трансфузиологија ми дадоа терапија со клексан и 100 мг аспирин, да се почне веднаш по трансфер, но истата терпијами ја даваа во Ремедика и без овие испитувања. Исто така ми рекоа фолна од 5 мг, Б6 40 мг и Б12 во спреј, поради хетерозиготни мутации на МТХФР двата и на Б Фибриноген, но никој не ми кажа дека се работи за вродена тромбофилија, затоа ја прашав kapina за кои мутации се работи кај неа. Во вторникот бев повторно за хемостаза и Д-димери и пишала само хиперкоагулабилна состојба, останат наод уреден и да продолжам со терапијата, а терапијата ја препиша од гинекологот, наместо клексан ми дада фраксипарин од 0,6 и апсирин од 100. Не знам дали овие мутации може да допринесат за мисед?
|
|
|
|