mother 29 -> RE: Аспирација на јајце клетка (19.11.2009 12:08:22)
|
0 (нулти) ДЕН : ДЕН НА АСПИРАЦИЈА Аспирацијата е постапка со помош на која со пункција се добиваат јајце клетки (ооцити). Тоа се извршува трансвагинално , пратено со ултразвучна слика. Времето на аспирација е многу важно заради добивање на јајце клетки со нормална зрелост. Постапката е речиси безболна со оглед на тоа што се дава интравенска аналгезија или ( зависно од жената ) може да се работи и во локална анестезија. Самата постапка трае од 5-10 минути. При текот на аспирацијата , ембриолозите го идентификуваат бројот и квалитетот на јајце клетките. Класификацијата на јајце клетките се однесува на нивната состојба на зрелост ( зрела , незрела , полузрела , презрела , дегенерирана ) и нивниот квалитет ( морфологија , структура ). Квалитетот на јаце клетките е од големо значење и еден од одлучувачките фактори за успешна фертилизација. Еднаш изолираните и исчистени јајце клетки се ставаат во епрувети во инкубатор со строго контролирани услови на температура, 36,7 степени целзиусови и 7,4пХ. Времето на инсеминација ( постапка при која што јајце клетките и сперматозоидите се ставаат заедно ) го одредува ембриологот, на основа на зрелоста на јајце клетката. Семето исто така се дава на самиот ден на аспирација. Примерок од семето се анализира под микроскоп при што се одредуваат параметрите важни за одредување на методата на обработка на семето како и одредување на адекватна постапка на вонтелесно оплодување. Параметри при анализа на семето: - волумен на ејакулатот
- број на подвижни спермии ( прогресивно подвижни и со намалена подвижност)/мл
- број на неподвижни спермии / мл
- вкупен број на спермии / мл
- морфологија
После тоа следи обработка на семето. Основата на секоја метода користена при асистирана репродукција , е во сепарацијата ( одвојување ) на подвижните и кинетички активни сперматозоиди од оние со намалена или никаква подвижност. Најчесто користена метода за обработка е т.н. “ swim - up “ методата.1 ден: УТВРДУВАЊЕ НА ПРОНУКЛЕАРНИОТ СТАДИУМ За да се утврди дали настанало оплодување на јајце клетката потребно е јајце клетката да се исчисти од гранулозата на клетките ( денудација ) со која е заштитена јајце клетката.Таа постапка се одвива под стерео микроскоп со помош на танки пипети. Што е тоа пронуклеарен стадиум? После влезот на сперматозоидите во јајната клетка (фертилизација) , сперматозоидот ја губи својата опашка додека неговото јадро се зголемува.Во тој стадиум јајната клетка има изглед на клетка со две јадра; едното веЌе постојано од самите ооцити а другото од сперматозоидите.Тоа е пронуклеарен стадиум во кој двете јадра се уште не се соединети и постигнале генетски статус на диплоиден број (46 хромозоми.). Пронуклеарниот стадиум е доказ за успешна фертилизација.Понекогаш моче да се идентифицираат две поларнителца ,што исто така е доказ за оплодување ,бидејки јајната клетка “исфрла” друго поларно телце само ако дошло до влез на сперматозоидите внатре во ооцитите. Ооцити со еден пронуклеус ,три пронуклеуси (триплоидија) или четири пронуклеуси (тетраплоидија) се јајни клетки со неадекватна генетска информација. Таквите јајни клетки и ембриони не се пренеуваат во Е Т . Оплодените јајни клетки се ставаат во чист медиум и се оставаат во инкубатор.Кога јајната клетка ке се оплоди може да почни со делба.2 ден:УТВРДУВАЊЕ НА СТАДИУМ НА ЕМБРИОН , НЕГОВА КЛАСИФИКАЦИЈА И ЕМБРИО-ТРАНСФЕР Почетокот на делбата на јајните клетки во стадиум од две до четири клетки може да се идентификува 36-48 часа поссле аспирација. Утврдувањето и анализа на ембрионот се обавува под инвертен микроскоп со зголемување од 200 пати. Потребно е да идентифицираат сите ембриони кои ја започнале својата делба и со тоа детално да се опишат. Вракањето на ембрионот (ембрио-трансфер) обично се прави на 3-от или 5-тиот ден.Во тој период ембрионите се од од 4-16 клеточни или повеке клеточни.Сите ембриони не се развиваат со иста динамика ,меѓутоа за конечен исход не мора да биде пресудно ,бидејки понатамошната делба се одвива во матката. Уредни бремености настанале со Е Т и со 2 клеточни и со8 клеточни ембриони.Во случај на потреба можно е и одлагање на трансферот и до 72 часа после аспирација благодарение на на посебен хранлив медиум (Д3 ) во кој се ставаат после 48 часа ,до развој на бластоциста. За замрзнување се одбираат ембриони. Само ембриони кои се морфолошки квалитетни можат да се замрзнат ,додека другите со висока ферментација не се замрзнуваат бидејки при одмрзнувањето постои можност за пропаѓање.
|
|
|
|