RE: лето 2016 (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори

Порака

marchi -> RE: лето 2016 (12.8.2016 14:24:30)

nie za povejkedneven odmor ne sme ama ohrid ni e blisku taka za ednodneven izlet kolku da se promrckame moze da se ubedime [sm=smiley1.gif]

mommy_angels RR -> RE: лето 2016 (15.8.2016 14:13:48)

Ауууу јас заборавив да се испофалам.Бевме во Ксамил годинава,4 семејства со дечиња на иста возрастѕ,ама секој во сопствена режија [sm=smiley36.gif]
Значи поодморен одмор не сум имала со мало дете,зашто си имаше друштво цело време.Ние се одморивме,а деца се изнаиграа.Се на се убаво поминавме.
Е сега Ксамил е друга приказна [sm=smiley1.gif],за која има многу да се разкажува.Единствена предност се цените,навистина,ама баш навистина е многу ефтина храната,во маркетите како и кај нас,а во рестораните поефтино од кај нас [sm=smiley36.gif].И толку! За се друго можам само да речам- имаат тие многу за учење за туризам[sm=smiley1.gif] . За да се извозам толку многу повторно требаше да останам импресионирана од местото,а јас бев далеку од тоа.Затоа во Ксамил повторно на одмор кога ќе имаат аеродром,а не да се возам 600 км (12 саати).И кога ќе направат соодветна инфраструктура во градот,и ќе обезбедат нормална водоводна мрежа и кога ќе нема крави околу контејнерите за ѓубре [sm=smiley36.gif].дотогаш јас си останувам фан на Грција

СветлеБ -> RE: лето 2016 (16.8.2016 1:15:06)

И ние сакавме да одиме до Охрид во петокот, но времето ни ги расипа плановите. Мене ми е страв дека е ладно за малиот сега во Охрид. Па чекаме да се стопли [sm=smiley16.gif] Палешка, убав помин и ке чекаме да кажеш дали е убаво времето, па да одиме и ние

blue_blue -> RE: лето 2016 (16.8.2016 9:16:21)

прв одмор во јуни бевме да акаме по забавни паркови и остали активности во Германија, па пошто се оладивме многу - 17-18 степени во јуни, бев 5 дена во Неа Флогита, ама не у сред село него на крајот од гратчето кај што е новиот дел. Преубави широки и нови апартмани блиску до плажа. Единствен минус што на тој дел плажата уште не ја исчистиле од камења па во вода се влегуваше само од вреќи со песок што ги ставиле во море..Се друго идеално, нема гужва, мирно....Сега за втор одмор бевме на Крф во all inclusive resort. Супер ствар за поголеми деца со милион активности цел ден, базени, тобогани, плажа, забавни игри во хотел...плус аквапарк (неизбежно беше да се мине таму цел ден), прошетки до други плажи до градот Крф...уживанција...мислам дека оваа варијанта е супер идеја и ако си платите доволно рано за да си фатите попусти не е нешто страшно поскапа од досодните апартмани по Халкидики

anaana -> RE: лето 2016 (16.8.2016 10:13:11)

Auu jas samo sto sakav da prasam dali nekoj voopsto bil na odmor Ksamil, i dali vredi da se razmisluva kako opcija..
Letovo skoro pomina, ama nie ke terame odmor vo septemvri :)
Ama citajki pogore na postot mislam deka Ksamil nema da mi e destinacija za razmisluvanje, sepak ke bide Grcija nekade...

bucko mal -> RE: лето 2016 (16.8.2016 12:07:25)

Nie zavrsivme so odmori za ovaa godina. Sledniot ke bide vo Januari i ke bide poseben zas ke imam gosti od Mk.

Pisav negde deka ke odime Fiji ama ne pisav kako si pominavme. Sekoe novo patuvanje e novo iskustvo, ubavo da se vidat razlichni mesta, razlichna kultura. No jas tamu ne se pronajdov. Dodeka ne odam vo penzija ne planiram povtorno da posetam nekoj slichen ostrov.

Hopeful RR -> RE: лето 2016 (16.8.2016 13:10:01)

Ние бевме во јуни ама не да не беше одмор, него ич. Вториот ден сакавме дома да си идеме... Местото Мола Калива беше сосема ок, малце камчиња на плажата ама не беше тоа проблем, сместувањето бејби френдли, но не можевме да ги допазиме бебињата, односно од тогаш тодлери. Секој трчаше на своја страна, паѓаа, плачеа, се повредуваа, повраќаа, ние не можевме кафе да испиеме. Нејќеа во вода, нејќеа на песок, нејќеа во базенче, нејќеа во количка...
Не само што не беше пријатно за нас, не беше и за нив. Во специфичен период се, преголеми за да седат мирни, да спијат на лежалки и слично, а премали за да разберат или за да им биде интересно... Резервирав за две недели, но едвај издржавме 6 дена и си отидовме дома. Повеќе среќа следната година [sm=smiley36.gif]

blue_blue -> RE: лето 2016 (16.8.2016 21:21:40)

Hopeful, ако ме послушаш ни до годона не ги носи на одмор, верувај исто ќе биде ако не и бетер зошто побрзо ќе трчаат. Близнаци не се носат на одмор додека не наполнат 3 години...зошто и за нив и за тебе е мрцварење и џабе фрлање пари

Hopeful RR -> RE: лето 2016 (17.8.2016 11:44:28)

Ни догодина, а... а баш се понадевав дека малце од малце ќе може да функционира... Оваа година беше да, само фрлање пари и нервози еден тон. Ќе видиме до следната, здравје. Мм па сака во камп, мислам уште камп ми фали со близнаци... му реков може да пробаме кога ќе пораснат, минимум 3 години. Има време [sm=smiley1.gif]

anaana -> RE: лето 2016 (18.8.2016 9:57:54)

Јас немам искуство со одмор оваа година бидејќи сеуште не сум била.. :(
така да кажете ми колку се исплаќа одење грција но не во апартмани туку хотел, со доручек и вечера. некои викаат дека храната во хотелите не била убава, секој ден имало исто јадење..
исто ме интересира дали некој бил црна гора летово? дали знае каков е патот преку албанија?
искуства за места за одмор со дете се добредојдени

Kvisko -> RE: лето 2016 (22.9.2016 15:41:59)

Еве ме и мене со рапорт за годишниот одмор. Прв заклучок е дека со помало бебе поубаво се поминува на одмор барем кај нас така беше.
Одморот го поделивме на два дела. Прво бевме во Охрид 12 дена и тогаш Ј имаше 6 и пол месеци. Решивме да одиме во Охрид демек за да видиме како ќе поминеме а и ако се ни е познато па за со бебе на разгазен терен да одиме. Супер пројдовме се изнаспа зашто му годеше поладничкото време наместо изгорот во Скопје. Му ги брцкавме ноџињата во вода се бањавме на смени, си одевме на кафе се шеткавме со него, легнувавме порано зашто нели откако ќе заспие нема каде да се оди и така ние се изнаодморивме.
Уште додека бевме таму се окураживме и уплативме за Септември во Грција недела дена. И во Грција убаво поминавме ама прилично понапорно со него. Сега веќе Ј имаше 8 месеци. Спие пократко а и почна да лази неколку дена пред одмор. И нормално бебе сака да лзаи. На лежалка не може да го оставиш може да падне, на песок сака да седи и да го јаде. Се џапа по кафињата на плажа па пиевме кафе на смени, во ресторан бара да јаде и он со нас (нели сега јаде повеќе) па јадевме на смени. Ама па уживаше да се бања и да плива (со специјална гума) и општо да биде блиску до вода. Толку беше радосен што константното пазење не ни беше тешко.
Е сега од пријатели добивме совети ај ќе видиме догодина кога нема да ви се узнае одморот со проодено дете ама за тоа потоа.

Моја препорака за Метаморфози. Местото е многу убаво за со деца. На почеток на вториот крак е и е цело во борова шума. Има не неколку места низ парк шумата детски игралишта и на главната улица има многу убаво игралиште со тие специјалните плочки наместо камчиња. Среќававме луѓе дури од Вурвуру дојдени за децата да си поиграат. Температурата на воздухот е малку пониска од другите места зашто е на повисочко ама водата е супер топла. Плажата е песочна и иако јас ил не го сакам песокот (сакам карпи) сфаќам дека е супер за деца.

Kvisko -> RE: лето 2016 (22.9.2016 15:42:46)

skorpijana -> RE: лето 2016 (26.9.2016 8:01:32)

Ovaa godina na odmor bevme vo c gora potocno budva bese odlično voodusevena sum od mestata koi gi vidovme posebno tivat i Kotor samo da ni e poblisku i patot da e poubav bi odela sekoja godina pozdrav

sonce79 -> RE: лето 2016 (30.9.2016 15:53:35)

Здраво,
јас не сум пишала мнооогу одамна, ама се уклучив пред некое време баш на групава да соберам информации/искуства за одмор со деца. како би изгледало и каде се оди? [sm=smiley36.gif]
Морам да го пишам моето искуство, бидејки не се согласувам со тоа дека со близнаци не се оди на одмор до 3 години. Моите направија година на 27 мај, на 1ви јуни бевме на прв, пробен продолжен викенд сами со сопругот и нив две. Не беше сјајно, но морам да признаам дека не беше ни катастрофално. Тотално беа збунети, не сакаа многу да седат во песок, ама да го јадат обожаваа, паѓаа плачеа ама во вода се беше помирно.. На крај на јуни, ги качивме во авион и ги однесовме недела дена во Турција, и таму супер пројдовме, Со тоа што дигнав раце од пазење каде лазат или седат и сл. И на крај на август, бевме 10дена во Грција, со веќе проодени близнаци. Скроз друга приказна, многу порелаксирано од 2 месеци порано. Со лопатки, кофи и сл топ си пројдовме. Порелаксирани и тие, многу попораснати од претходно ми се чинеа.
Вероватно зависи од дете до дете, ама сигурно ќе ги носам и догодина пак.

Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]