blue_blue -> RE: Комуникација родител - дете (19.7.2016 14:57:51)
|
скоро никогаш не треба да им вдам зборови со клешти. Или едната, или другата, или двете во глас ми кажуваат како поминале и што им се случило. Кога гледам дека нешто не се расположени сама ги прашувам и ако не ми кажуваат им викам дека ако не ми кажат не можам да им помогнам да се осеќаат подобро односно да го решат проблемот. Секогаш ми кажуваат буквално се. Мислам дека ова е резултат на повеќе причини: и јас и мм секогаш зборуваме отворено за се со нив, никогаш не сме ги лажече/залажувале...секогаш им е се кажувано точно онака како е. Знаат дека не смеат да лажат, односно дека ние истото го очекуваме од нив. Секогаш имам време да ги сослушам, ако заради било која причина не можам во тој момент им кажувам за колку време ќе можам и секогаш можам...знаат дека само со разговор се се решава зошто милион пати им е кажано тоа...исто така има една супер статија на нет, како да го прашате детето како му поминал денот без да го поставите тоа прашање...на пример можете да го прашате: со кого си играше денес? ако ја прашам наставничката да ми каже нешто за тебе што ќе ми каже? до кого сакаш да седиш? со кого не сакаш да си играш? што беше денес најинтересно/најдосадно? итд...исто така се советува вие да раскажете како вам ви поминал денот во детали, што ви било супер, што ве избервирало и така да го поттикнете детето да го направи истото, односно да ве ископира...јас многу посветувам на зборење по дома и мислам дека тоа вродило со плод, децата отворено ми кажуваат се...
|
|
|
|