Семејства со едно дете (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


anaana -> Семејства со едно дете (26.7.2016 16:11:37)

Temava ja otvoram ne znam dali e za vo ovoj del, ama prefrlete ja kaj sto smetate deka e najsoodvetna.
Najcesto koga dvajca ke stapat vo brak od niv se ocekuva da rabotat na slucajot dete. koga ke dojde edno dete na svet, kako po nekoe pravilo okolinata pocnuva da prasuva koga vtoro dete?? ne go ostavajte vaseto dete samo i sl..
Ima situacii koga od finansiski, zdravstveni pricini dvajcata partneri ne mozat da se odlucat za dete.
No sto se slucuva koga dvajca imaat edno dete, imaat moznost za vtoro, no ete ne sakaat. Dali ne se sptemini fizicki, psihicki ili ednostavno ne sakaat vtoro dete (nema da navleguvam vo pricinite).
Okolinata, pocnuvajki od najbliskite ceka nekoe vreme pa pritisokot se zgolemuva od aspekt kako toa deteto da raste bez bratce/sestrice..I sekoj den se dofrla po nekoj komentar povrzan so nekoja koja ima vtoro dete, nekoja koja se porodila..pa se prefrla na toa ajde sto cekate vreme e i sl.
Sto mislite vie za tie semejstva koi resile da imaat samo edno dete? Dali e mozno edno semejstvo da zivee normalno bez pritisoci samo zaradi toa sto se resilo da nema poveke od edno dete??
Bidejki mislam deka kako opstoprifateno nepisano pravilo e deka mora da se ima najmalku dve deca.




marchi -> RE: Семејства со едно дете (27.7.2016 11:03:23)

pritisoci imalo i ke ima z se i sesto sto postoi.kolku povejke se obrnuva vnimanie na takvite raboti poloso e za psihickoto zdravje na semejstvoto so edno dete. ako vejke mislite deka se pritisoci a ste se odlucile na edno dete treba da presecete. koj e dolzen da vi se mesa? eve jas momentlno imam edno dete (3ipol god) sega mislam deka mi e dovolno ama mozebi nekogas ke posakam da imam uste edno.




Hopeful RR -> RE: Семејства со едно дете (27.7.2016 12:03:43)

Јас сум порасната во такво семејство и никогаш не сум осетила никаков притисок, се си беше најнормално. Моите сакале второ дете, но не можеле, и тоа е тоа. Веројатно моите прекратувале такви коментари и никој ни нема ништо искоментирано. Имам и пријатели кои се исто едно дете и ништо страшно, не знам од каде тоа дали може да се живее нормално... Нема муабет.

Другата перспектива, на дете растено без брат или сестра, е посериозна - лично јас цел живот имам празнина заради тоа и постојано сум им завидувала на сите мои другари и другарки што имаат некого. Секогаш имале некој покрај себе, некој ист како себе, со исто потекло, но сепак различен, некој со кој ќе споделиш се што се случува во семејството, што е дел од истиот контекст и комплетно те разбира... и плачки и караници и тепања, се ми недостигало, не само како мала, туку и сега. Сега пак, кога гледам како стареат моите, и многу повеќе ми недостига брат или сестра.

Не се мешам, секој одлучува за себе, сите си ја знаат својата семејна приказна, но доколку се има можност, волја и љубов, мислам дека за секое дете е подобро да има брат или сестра.




Kvisko -> RE: Семејства со едно дете (27.7.2016 14:37:23)

Притисок има само ако семејството ги доживее коментарите на другите како притисок. Ако сте се одлучиле да имате само едно дете или ако не можете да имате второ во старт засекувајте коментару. Бидете дури и зајадливи понекогаш и ќе престанат.
Јас имам брат маж ми е сам. Динамиката е секако поинаква ама не знам дали секогаш е предност две деца. Се зависи од семејната состојба. На пример маж ми е многу близок со еден негов прв братучед и не чувствува никаква празнина. Јас со брат ми сме поголема разлика и не сме биле никогап претерано блиски. Љубов има сакаме многу ама различен пол и разликата во години придонела да не мождме да споделуваме тајни за љубовни догодовштини совети и слично. Сега разликата помалкк се забележува ама во споредба со оние со мала разлика ожи особени ист пол динамиката не е иста. Сега се зближивме повеќе зашто и тие добија бебче па јас давам совети што и како сме правеле.
Маж ми пак како што спомнав е многу близок со братучедот. И тие имаа проблеми со неплодност па со нив повеќе споделувавме зашто бевме на иста бранова должина. Маж ми дури кога одевме на ИВФ молеше бога да не бидат близнаци. И ушге вика супер што е само едно. На мисла си е ако не биде брзо другото тоа е тоа. Јас сум пак подготвена да поминам низ се за второ он не ја гледа разликата.

Затоа ваша одлука коментарите на другите од едно уво влегле од друго излегле и крај.




niki -> RE: Семејства со едно дете (28.7.2016 15:28:33)

Nie sme semejstvo so 1 dete veke 9 i pol godini i jas se cuvstvuvam najnormalno poradi toa
ne gledam nisto nenormalno nitu cudno taka se sluci taka sakavme taka mozevme i toa e toa
komentari imalo i ke ima no jas najcesto nemam potreba da se pravdam nitu da davam otcet zosto kako
prosto taka e kako e
na najlicno nivo jas pred samata sebe zalam sto nemam uste bar edno dete zalam zatoa sto imam ljubov za bar uste edno
zalam zatoa sto ja gledam prazninata koja ja cuvstvuva ova ednovo sto go imam i me boli toa
zalam zatoa sto cuvstvuvam deka nie kako bracen par potfrlivme ne davajki si da imame uste edno dete
nasata vrska i semejstvo mi se nepotpolni
no so tie cuvstva moram da ziveam najnormalno bidejki koga bi se vrakala nanazad se bi bilo isto, nie ne bi mozele poinaku da postapime i koga bi ni se dala sansa za popraven
zivotot e ona sto ni se slucuva sega i ne moze da se kasificira so normalen i li ne, greska ili ispraven
nie sme tie koi sto sme i cinime onaka kako mozeme, i nema tuka nisto ni podobro ni polooso
samo poinaku




mommy_angels RR -> RE: Семејства со едно дете (30.7.2016 18:17:21)

Една од најизразените човечки особини е ставање на носот кај што не му е местото!!!!!
Едно 7-8 години ме прашуваа- ајде ,што чекате? Кога ќе биде ? и такви некои глупави прашања.
Е бидна и тоа чудо.За мене баш чудо. И сега што се случува ,ќерка ми има полни четири години и веќе извесен период сите ме прашуваат-ајде што чекате за второ?!?
Се има памет или не ?!?
И вие тука кажувате отворено да им се каже на тие таквите.Поотворена и директна не би можела да бидам,им кажувам дека едвај ова едното го имам,дека кога би можела ,би имала и три деца,ама некој тие податоци треба да ги процесира,а по се изгледа нема со што.
Искрено ,јас би сакала уште едно детенце,или две,имам љубов доволно за сите,ама ете толку ми е дадено.
А за душобрижниците имам посебна порака,ама некако се си мислам дека администраторите ќе ми стават бан [sm=zz_giggle.gif]




Cvekelencule -> RE: Семејства со едно дете (31.7.2016 0:54:38)

Јас мислам жени ама ич да не се замарате да си го терате животот као вам ви одговара ,јас па имам друг проблем јас имам три деца па забрале гајле па како се многу деца ,како ќе ги гледаме со мм а тие златни мои дечина се пресреќни заедно си се мирни си играат и тоа изгледа на некого му смета ама тоа е јас ни шалам им кажувам дека сакам уште едно машко за да си бидат две се две.Затоа тој што сака да ровари по туѓи животи и за едно ќе кажува и за две и за три затоа глава горе нека ни се здрави и живи ништо фазла.




vezilka RR -> RE: Семејства со едно дете (18.8.2016 22:44:33)

anaana многу точно си ја поставила темата. Брачен пар со две деца е општествената норма. Тоа е рамката, а се што не е во рамката треба да се врати назад. Така функционира општеството. А душебрижничките муабети се дел од механизмот за одрживање на општеатвените норми. Дали механизмите за контрола ќе влијаат врз нашите одлуки зависи од тоа колку длабоко сме влезени во рамката.




anaana -> RE: Семејства со едно дете (19.8.2016 23:47:42)

e pa toa e problemot.
ako imas dve deca, pogtovo masko i zensko, kako da si zavrsil golema rabota i nikoj ne komentira od strana.
ako imas edno dete, sekoj te gleda vo stomak so prasanje sto cekate? pa moras da se objasnuvas i na kraj se naogjas vo situacija da se pravdas zosto nemas vtoro dete - ne navleguvam vo toa dali mozes ili ne mozes, zdravstveno ili finansiski.. ako komentarite se epten napnati mozes da kazes pa rizik mi e, po zdravje ova ona, pa togas e muabet aaa dobro togas, zdravjeto pred se :(
ako imas dve maski, odokolu e muabet i ke odite na treto zensko? i obratno

ama ako imas masko i zensko retko koj komentira ili prasuva dali sakate uste edno dete
i mene toa uzasno mi smeta.
sekoj si znae kako mu e doma, i od koj pricini saka ili ne saka uste edno, dve tri deca
Moze mazot i zenata so edno dete smetaat deka im e dovolno edno dete.. pak tuka imame opstestveno prifatena norma - ne go ostavaj deteto samo
i ne znam ama nekogas ova se mi smeta. se nekoj komentira od strana za se i sesto :)




vezilka RR -> RE: Семејства со едно дете (20.8.2016 0:12:24)

ako imas dve deca, pogtovo masko i zensko, kako da si zavrsil golema rabota i nikoj ne komentira od strana.


Хехе тогаш ќе ве прашаат кога мислите милениче да си земете оти уше тоа ќе ви фали за да ја исполните сликата од american dream. Не знам дали ви текнува на учебниците по странски јазици од основно и средно, по сите јазици беа слични, прикаските следеа по едно семејство, ете баш такво, мајка, татко, брат, сестра и куче.




anaana -> RE: Семејства со едно дете (20.8.2016 0:41:45)

da i kuka so dvor vo predgradie. kuceto labrador po moznost :)
perfect american dream
ne e smesno ama ajde :) se se toa pritisoci, pasivni, nametnati... :(




vezilka RR -> RE: Семејства со едно дете (20.8.2016 0:58:43)

Па како што кажав, притисоците се дел од механизмот задолжен да го контролира спроведувањето на опшѕествените очекувања. Од нас зависи како ќе реагираме на нив. И дали ќе ги прифатиме или ќе се обидуваме да ги промениме.




Страница: [1]