Hopeful RR -> RE: Градинките не чинат, или родителите сме за нигде? (12.10.2016 14:49:03)
|
Се согласувам со Blue_blue, и двете страни се безврска. Дека градинките не се идеални и има голем простор за подобрување е факт, но мене во моментот повеќе ме нервираат родителите и нивната преголема заштитничка тенденција. Аман луѓе, ко само вашето да е дете и ко да треба којзнае каков пристап да се има... Никој не ги остава децата до крај на ден, сите ги земаат за 4-5 саати, ги адаптираат по 3-4 месеци и се туфкаат како тоа нивното дете заспива исклучиво во раце. Е па welcome to the real world, каде што има и други деца со реални потреби и каде што колку порано го навикнеш самото на себе и му вградиш самостојност, толку подобро за него. Со оглед на условите и системот во кој живееме, стварно е сулудо да критикуваме дали имало бел или интегрален леб, дали давале јајце и млеко или пудинг... дома сите ги бутаат со леб и маргарин, а во градинка бараат авокадо и брусница. Или она - има алергии и не ни оди во градинка. Ај важи, нека седи дома несоцијализирано, пошто ти си преконтролирачка мајка и не ја гледаш целосната слика. Мене ми е битна исхраната, но други работи ми се исто така битни, а тие се учат само во градинка - учење да се биде дел од група, со врсници, социјална динамика и куп други моменти кои дома со баба и дедо, а ни со мене, нема шанси да се постигнат. Јас сум задоволна што одат и седат цел ден, што спијат и ручаат таму. Понекпгаш јадат ужинка, понекогаш не, ништо страшно. Доручек им давам јас дома, не за друго, туку затоа што работното време ми почнува подоцна и утрото ни е период кога имаме време да си играме, да се дружиме и да јадеме. Едниот има егзем и исто пазиме со исхрана, многу од намирниците не му се воведени, но немам намера да барам посебна исхрана во градинка за него, или да паничам ако каснал пудинг. Ок е, ќе преживееме. Муабетот ми е, оптеретеноста со информации и неспособноста да се селектира вредна од невредна информација си има последици кај родителите, кои забегуваат и се нешто не им чини. Ќе повторам, има простор за подобрување во градинките, но мислам дека повеќе треба самите себе да се превоспитаме.
|
|
|
|