Индуцирано породување (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Палешка РР -> Индуцирано породување (20.11.2009 8:11:23)

Иако е најдобро да се остави работите да течат по природен пат, понекогаш има потреба од индуцирано или предизвикано породување.
Кај индуцираното породување лекарот може да употреби медикаменти или други методи за да предизвика контракции, за да се отвори грлото на матката и сл.
Често пати индуцираните породувања, сепак завршуваат со царски рез.
Индуцираното породување со себе си носи и извесни ризици. Тоа е причина поради која секогаш се гледа индуцирано породување да се изврши само во случај кога ризикот од продолжување на бременоста е поголем од оној на индуцираното породување.
Причини поради кои Вашиот лекар може да се одлучи за индуцирано породување се:
  • Кога терминот за породување е поминат, односно бременоста трае повеќе од 42 седмици. Понекогаш породувањето се индуцира или предизвикува помеѓу 41-та и 42-та седмица.
  • Водењакот е пукнат, но породувањето се уште не започнува. Повеќето жени се пораѓаат во рок од 24 часа од пукањето на водењакот, но ако не се случи тоа се јавува опасност од појава на инфекции кај бебето.
  • Кога бебето расте премногу бавно.
  • Нема доволно плодова вода.
  • Комликации кога мајката е Rh-, а бебето е Rh+.
  • Вискок крвен притисок или преклампсија кај мајката.
  • Дијабетес, заболување на бубрезите или некоја друга болест кај мајката. Во овакви случаи понекогаш породувањето се предизвикува во 38-та седмица од бременоста.

При индуцираното породување може да се употребат разни методи:
Простагландини – тоа се соединенија слични на хормони, кои помагаат при контракциите на матката. Се среќаваат во вид на таблети, гел или вагитории, кои лекарот ќе ги стави во Вашата вагина за да предизвикаат побрзо созревање на грлото на матката.
Овој начин на индукција се препорачува најчесто, затоа што обично е најефикасен и има помали штетни последици во однос на другите средства.
Ретко може да се случи да дојде до хиперстимулација, односно контракциите на матката стануваат премногу силни и тоа може значително да го намали доводот на кислород до бебето. Многу ретко може да се случи да дојде до пукање на матката, особено ако претходно сте имале породување со царски рез.
Пробушување на водењакот – може да помогне во случај кога грлото на матката е омекнато и созреано, но породувањето сепак не напредува.
Окситоцин – тоа е хормон кој ги предизвикува контракциите на матката. За индуцирање на породувањето се употребува вештачка форма на окситоцин, но само ако другите методи не успеале.
Примената на ова средство носи повеќе ризици, во однос на другите средства. Хиперстимулацијата може да го доведе бебето во неволја, а понекогаш може да дојде и до пукање на матката. Исто така контракциите при негова примена се поболни од природните.
Понекогаш се прескокнува и се оди директно со царски рез.




Викторија -> RE: Индуцирано породување (22.11.2009 0:40:18)

јас поради тоа сто подолго време бев отворена  1см докторката несакасе повеце да цека дане добијам инфекција во 41 недела имав инуцирано породуванје и мозам да казам дека тие болоки се неиздрзливи во споредба со природни болки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley6.gif[/image]




Felly RR -> RE: Индуцирано породување (1.7.2015 16:18:07)

Бидејќи се ближи времето за породување почнав да читам и на оваа тема, и гледам дека повеќе доктори практикуваат индуциран пораѓај, т.е. си закажуваат во ден кога се дежурни, што и во секој случај повеќе им одговара одколку да им ѕвониш кога ќе те фатат болки, што може да биде и ноќе во 2 часот, но не знам колку е тоа подобро за трудницата. Од она што читав, истото го има пишано и Викторија, болките при индуцирано породување се многу поголеми одколку природните болки.
Што мислите вие на оваа тема, и ако некоја мајка има вакво искуство убаво би било да пише.




deluxe -> RE: Индуцирано породување (1.7.2015 17:39:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Бидејќи се ближи времето за породување почнав да читам и на оваа тема, и гледам дека повеќе доктори практикуваат индуциран пораѓај, т.е. си закажуваат во ден кога се дежурни, што и во секој случај повеќе им одговара одколку да им ѕвониш кога ќе те фатат болки, што може да биде и ноќе во 2 часот, но не знам колку е тоа подобро за трудницата. Од она што читав, истото го има пишано и Викторија, болките при индуцирано породување се многу поголеми одколку природните болки.
Што мислите вие на оваа тема, и ако некоја мајка има вакво искуство убаво би било да пише.


Фали јас се породив со двете деца индуцирано.Мислам дека е многу полесно и побрзо ,отколку природно добивање на болките.Барем кај мене беше експресно пораѓање.Водењакот од кога ми го пукнаа добивав болки и во рок од 2-3 часа се пораѓав.Болки како болки се јаки,но разликата меѓу природно добиените и овие е што многу пократок период ќе ги трпиш,за разлика кога порајѓајот настанува природно.Со првото дете ме породи докторката индуцирано бидејќи бев 4 дена до крај на термин а таа беше дежурна,да скратиме на процедури звонење на телефони и сл. А додека со второто ми беше поминат терминот 4 дена,а докторот ќе ми заминуваше Ск и морав да ја искористам можноста додека беше сеуште во градот[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif].Болките ми ги предизвикаа со некоја инјекција во вена и инфузија,бидејќи пукањето на водењакот не ми предизвика никакви контракции. Со лесно [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Индуцирано породување (1.7.2015 17:44:03)

Првото породување ми беше индуцирано од причина што докторот кој ме прими беше дежурен и сакаше што побргу да ја расчисти гужвата од трудници во предродилна сала, и остатокот од ноќта да одмори [sm=smiley1.gif].
Шала на страна, но сметаше дека е одговорен за мене и треба да ме порои дур е на смена.
Болките добиени од индукционата инфузија се навистина мнооогу поинтензивни од природно добиените, кои си добиваат постепен интензитет и телото има време да се прилагоди на нив.
Второто породување ми помина без индукција, и беше неспоредливо полесно и поподносливо од првото.
Доколку нема реална потреба за индукција ( долго време да е истечена плодова вода а да нема отвореност и контракции), јас не би ја бирала.




lukajana RR -> RE: Индуцирано породување (1.7.2015 18:06:43)

Мене двете породувања ми беа индуцирани,првото 36+1 затоа што престана да расте бебето .
Ми ставија вагиналетка лежев 4 часа (спиев [sm=smiley1.gif]) подоцна добив болки слаби и ми го пукнаа водењакот по што се породив за 15 минути.
Вториот пораѓај беше во 42 недела поради поминат термин иако бев 7 см отворена без болки решија да ми го пукнат водењакот по што ми ставија провокација преку инфузија и исто многу брзо се породив со подносливи болки.
Значи јас немам лошо искуство од индуцирано породување а за болките не дискутирам зашто секој има различен степен на подносливост на болка и тоа што за едни е огромна болка за други е умерена.




Bethany -> RE: Индуцирано породување (2.7.2015 11:26:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Првото породување ми беше индуцирано од причина што докторот кој ме прими беше дежурен и сакаше што побргу да ја расчисти гужвата од трудници во предродилна сала, и остатокот од ноќта да одмори [sm=smiley1.gif].
Шала на страна, но сметаше дека е одговорен за мене и треба да ме порои дур е на смена.
Болките добиени од индукционата инфузија се навистина мнооогу поинтензивни од природно добиените, кои си добиваат постепен интензитет и телото има време да се прилагоди на нив.
Второто породување ми помина без индукција, и беше неспоредливо полесно и поподносливо од првото.
Доколку нема реална потреба за индукција ( долго време да е истечена плодова вода а да нема отвореност и контракции), јас не би ја бирала.

Se soglasuvam celosno.
Jas se se vreme molev da dobijam prirodni bolki i ete gi dobiv. Kolku bea podnoslivi svedoci faktot deka doma bev otvorena vekje 8 nakaj 9 prsta, a ne ni znaev [sm=smiley1.gif]
A so indukcija so prvoto od bolki sakav da skoknam kroz prozor. Dobro i faktot sto bev prvorotka definitivno vlijaese, ama fakt e deka vestacki izazvani bolki se pointenzivni i posilni.




Dothy -> RE: Индуцирано породување (8.7.2015 22:15:02)

Lukajana nekako tvoeto iskustvo najuteshlivo zvuci, I jas sum za prirodno dobieni bolki no shto se moze koga doktorot te povikuva na dezurstvo..jas so vtoroto bolkite doma mi pocnaa vo 17h za da dodeka stignam do bolnica na priemno bev kompletno otvorena I odma na boks vo 20h rodiv. Ke vidam sega kako kje bide pa kje pisam iskustvo.:-)




Roberta r -> RE: Индуцирано породување (16.7.2015 22:00:54)

jas se porodiv so indukcija isto 36+1 bidejki dobiv preklamsija i bebeto prestana da raste i bese mnogu bolno da ne ve plasam ova mi e prv poragaj pa ne znam kao e prirodni bolki.bev otvorena 2 cm togas mi stavija nekakov krem za da se otvori grloto posle 6 casa me pregledaa bev otvorena 3 cm imav slabi kontrakcii kako menstrualna bolka i si vikam ej ova nogu lesno ic ne boli :D togas mi go puknaa vodenjakot i mi stavija infuzija so prvokacija bolkite se zgolemuva i bea se pocesti no sepak podnoslivi,jas osekav nekakov pritisok vo anusot sto stvarno taa bolka ne se izdrzuvase i si pobarav epiduralna anastezija, no taa bolka i od anestezijata ne iscezna samo kontrakciite ne gi osekav se porodiv posle 4 casa bev otvorena 9 cm i se rascepiv malku 1 cm mos i pomalce iako deteto bese malo.posle poragajot me bolese anusot 1 nedela isto kako da se poragam sekogas koga ke otidam vo toaletna.




Страница: [1]