пасош за малолетно дете, (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


nico -> пасош за малолетно дете, (25.3.2017 13:28:38)

здраво на сите, сакам да ве прашам нешто поврзано за пасош на малолетно дете, ако во изводот на родени се менува податок за презиме на родител на пример ако се разведат и мајката си го враќа моминското презиме, а веќе имате извадени пасош за детето, па се менува презимето на едниот родител, што се случува со пасошот на детето, треба да се поништува или не треба ништо да се превзема ср вади само нов извод за детето и така се патува, кој има искуство нека одговори




niki -> RE: пасош за малолетно дете, (26.3.2017 13:41:06)

Koga ke vadis nov izvod prasaj vo maticno, logicno razmisluvanje e da ne se menuva pasos na dete zatoa sto prezimeto na majkata I onaka ne stoi vo pasosot. Koga ke patuvas obavezno nosi go noviot izvod zaradi razlicnite preziminja I sekako ke ti treba soglasnost od drugiot roditel za patuvanja vo stranstvo




nico -> RE: пасош за малолетно дете, (26.3.2017 16:21:43)

фала ти многу за одговорот, ќе извадам извод и согласност од таткото ќе побарам секако, а знаеш дали на пасошка контрола во систем можат да видат податоци за родител па ова презимево да ми прави проблем?




Kvisko -> RE: пасош за малолетно дете, (27.3.2017 13:07:58)

Како мислиш да видат податоци за родител. Ако ти патуваш секако го покажуваш и твојот пасош таму го гледаат твоето презиме.
Инаку не можат да видат во систем како стои во Извод ако тоа ти е прашањето.
Јас патував со моминско презиме во пасош односно со несменет пасош неколку пати откако се омажив и немав проблем на граница. Ме казнија кога отидов да го сменам пасошот. Ама моево е за менување на моето презиме. Ако не се менува презимето на детето не би требало да е проблем.




nico -> RE: пасош за малолетно дете, (27.3.2017 13:30:29)

да да всушност јас си го враќам моето моминско презиме, а кога вадевме пасош за детето наведовме за мајка на детето со моето презиме од маж ми, па сега си мислев што ќе се случи ако видат во систем на граница кои се родители на детето ако всушност тоа се гледа, па јас со сменето презиме па да ми речат дека требало да го менувам пасошот на детето, па да имам проблем




kapina -> RE: пасош за малолетно дете, (27.3.2017 20:13:40)

Ne mila vo izvodot na deteto kolku sto znam jas ne go menuvaat tvoeto prezime togasno od moe licno iskustvo ti go kazuvam ova taka da ako ti e zatoa nesto ne se sekiraj a za patuvanje na maloletno lice sekako ke baraat i dozvola od tatkoto




niki -> RE: пасош за малолетно дете, (27.3.2017 21:32:01)

Јас имам различно презиме со керка ми и тоа за патување не е проблем никаков. Во извод на детето си пишува кои се родители и може сите да имаат различни презимиња. По основ развод и во извод на дете се менуваат податоци. Ти мораш да пријавиш во матично дека си се развела судски и дека менуваш презиме од тие причини.
Сето ова нема врска со пасошот на детето.
Инаку како инфо иако секогаш носам извод на дете никогаш на граница не ми го барале.




Страница: [1]