Боцко -> Vegemite (21.5.2009 23:21:00)
|
Извинете, но морав да го напишам во оригинал :-) Дали некој слушнал за Vegemite? Се работи за екстракт од пивски квасец кој е во форма на паста со боја на карамел. Се употребува, произведува и продава скоро ограничено во Австралија, Нов Зеланд и Англија под различни брендови. Швајцарците имаат нешто слично, се вика Cenovis. Дел е од културата на тие држави. Неговата особеност е во тоа што е богат со сите витамини Б и фолна киселина. На вкус е чуден и многу солен, па затоа се користи во многу мали количества намачкан на леб со путер, како напиток или додаток на јадења. Луѓе од Австралија ми рекоа дека децата во градинка редовно го добиваат во оброк од најмали нозе, почнувајќи од 9 месеци старост. Особено е добар за трудници поради огромно количество фолна киселина во природна форма (храна, а не таблета). Бидејќи многу сакам да експериментирам, благодарение на Интернет си нарачав и - се навлеков на тоа чудо. ЖМ не толку. Се обидувам и на Стефан да му давам што почесто и полека го прифати. Тој си го вика МИК. Сега брцнува со прстето во теглата, лизнува, прави фаца[sm=smiley11.gif] и вика: „Да се сладам со Мик“.[sm=smiley36.gif] Жал ми е што кај нас го нема да се купи. Модератор: Надворешни линкови не се дозволени.
|
|
|
|