Правила за користење (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


Еца -> Правила за користење (20.11.2009 10:48:12)

Драги мои еве ги правилата за користење на Рингераја. За да не дојде до предупредување на форумите, ве молам читајте ги повремено за да се потсетуваме што е дозволено. Се со цел дружењето да ни биде поубаво.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]

КЛИКНИ ТУКА




Тања РР -> RE: Правила за користење (23.6.2011 1:15:08)

Старите но ревидирани и конкретизирани општи правила (услови) за користење на рингераја форумите можете да ги прочитате ОВДЕ. 




Beatris -> RE: Правила за користење (3.1.2013 16:45:11)

Се надевам дека сите сте фрлиле поглед кон ПРАВИЛАТА. Во секој случај, не е на одмет да се прочитаат повторно со цел да не доаѓа до недоразбирања на форумот.




Beatris -> RE: Правила за користење (15.1.2013 16:36:37)

Ве молам кога отварате нови теми, внимавајте истите да бидат со кирилична поддршка и со употреба на точна интерпункција доколку е потребно!




Beatris -> RE: Правила за користење (16.5.2013 16:08:09)

Како администратор на форумот би сакала да ве информирам за следново:

- Секоја директна и индиректна навреда упатена кон тимот на РР ќе биде веднаш санкционирана.

- Секоја провокација упатена со цел да се наруши функционирањето на форумот и порталот ќе биде санкционирана

- Секој модератор има право да избрише пост кој смета дека не е соодветен без притоа да поднесува сметки на сите членови

- Коментари за работата на модераторите на форум НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ. Доколку имате проблем, обратете се до Администраторите по приватна порака. Секое друго обраќање нема да се земе во предвид

Запомнете: Ова не е пазар, не е ФБ група, ова е сериозен медиум на кој постојат ПРАВИЛА.

Секое непочитување на истите ќе сноси соодветни последици!




Felly RR -> RE: Правила за користење (22.6.2013 10:04:47)

Според правилата на однесување на форумот ЗАБРАНЕТО е Користење на две или повеќе кориснички имиња при пишување на форумот. Сите такви кориснички имиња без никаква опомена ќе бидат блокирани.




Felly RR -> RE: Правила за користење (1.12.2014 10:21:52)

Потсетување на Правилата:

Форумите на Рингераја НЕ СЕ наменети за муабети, туку за поставување на КОНКРЕТНИ ПРАШАЊА или ИНФОРМАЦИИ и за собирање на одговори на ситите. За муабети, користете ги соодветните теми.

И правилата на Играта на подароци:

Сите постови кои ќе бидат напишани со единствена цел за собирање на постови, ќе бидат избришани и нема да се земат во предвид!!! Постовите треба да бидат содржајни и соодветни на темата.




Страница: [1]