Работи кои не треба да му се кажат на детето! (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Julie1 -> Работи кои не треба да му се кажат на детето! (22.5.2009 9:58:29)

Да се надоврземе на истоимениот текст... Сте чуле, ве советувале или пак сами сте почуствуивале лоша рекација кај детето доколку му кажете нешто и подоцна сте се покајале...




Еца -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (22.5.2009 13:03:20)

Еве она што последниве денови ме вади од такт е она што Мартина мене ми го вика од завчера,а тоа дека сум глупава.Ако и речам дека нешто не е во ред, таа ми се врти и ми вика ти си глупава. Тоа и го рече пред некое време едно детенце на нејзина возраст, и таа покасно дома ми велеше,нели мамо јас не сум гупава?...И еве сега не знам како да и објаснам дека тоа не е убаво и не се вика така.Се обидов на многу начини,безуспешно. Не знам дали и е фаза или што, но навистина многу значи што ќе им се каже на децата....




mami -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (22.5.2009 13:09:52)

јас мислам дека на тој начин ти покажува колку ја повредило тоа..знае дека е лошо штом се распрашува дале навистина е или не е и сега кога ти нејзе ке и згрешиш таа знае дека така ке те повреди, ке ти врати..мислам дека е тоа фаза само што со објаснување и постојано повторување дека не чини ке се надмине




Anushka -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (23.5.2009 9:47:59)

Mislam mami deka si vo pravo, Martina e samo povredena... smetam deka nekogas decata treba da se ostavat da gi manifestiraat svoite cuvstva nadvor od socijalno prifatlivite ramki, ama treba da se najde vistinskata merka kolku da im se dozvoli (dali ste go citale vospituvanjeto po Summerhill?)
Vtoro, decata mozat se' da ti prostat, samo laga i nesikrenost nikogas ne prostuvaat. Treba so niv se' da se zboruva, se da im se kaze, da ne se krijat cuvstvata od niv, pa duri i koga se negativni. Samo treba uspesno i navremeno da im se objasni zosto sme besni, tazni, nervozni itn., ama se' na nacin koj tie najdoro ke svatat. Samo taka i tie vozvrakaat so otvorenost, iskrenost i cisti emocii. Vo denesniov vek gledame deka pokraj IQ, mnogu e vazna i emotivnata (socijalna) inteligencija. A i taa se uci i razviva, kako prvava.




mami -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (16.12.2009 9:02:16)

Што е тоа што никогаш нема да им го кажете на децата?




Палешка РР -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (16.12.2009 9:14:10)

Зависи од возраста пред се. Со мм избегнуваме пред Марио да разговараме за финансиски проблеми, болести на најблиските и трачеви за пријателите.
Од искуството со сестра ми (заради болеста од неа се криеше буквално се) се трудам да сум што поотворена со Марио. Зборувам се` пред него, мора да ја знае и суровата страна на животот, а не само розевата. Само така ќе се оформи во здрава личност, а не психички лабилна на кого му требаат мама и тато и на 40 години.




Mila na mama -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (18.12.2009 13:37:51)

Мислам дека никогаш не треба да му кажеш на дете - Не те сакам веќе - независно колку било немирно, каква беља направило или што рекло. Едноставно јас никогаш нема да и кажам Не те сакам! Тоа е нешт што се памти. Сакам да знае дека јас секогаш многу и безусловно ја сакам колку и да ме налутило нејзиното однесување.




majka 79 -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (18.12.2009 14:41:35)

na moite deca nikogas ne bi mu zboruvala loso za nivniot tatko.
znam eden los primer. edna moja prijatelka bese vo losi odnosi so soprugot i deteto go truese protiv tatkoto. no sega brakot mu se sredi a detenceto badijala se traumatizirase.
roditelite mozat da imaat sekakvi problemi i krizi,a decata treba da se lisat od tie problemi.




Nadezna -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (9.2.2011 11:42:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Мислам дека никогаш не треба да му кажеш на дете - Не те сакам веќе - независно колку било немирно, каква беља направило или што рекло. Едноставно јас никогаш нема да и кажам Не те сакам! Тоа е нешт што се памти. Сакам да знае дека јас секогаш многу и безусловно ја сакам колку и да ме налутило нејзиното однесување.


Majka mi koga imav 4-5 gdini ednas mi rece- Ne sum ti veke majka.
Jas i den denes se sekavam kolku bespomosno se cuvstvuvav i kolku placev....
Mama sepak e najdobrata mama na svet i moja najdobra prijatelka[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




stojanoskad -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (9.2.2011 12:00:34)

Decata se tolku osetliva priroda ili pak podobro e sunger sto vpiva se ,i dobro i loso, i navistina treba mnogu da se vnimava ili podobro receno da se ima mnogu nervi za da ne se kaze nesto sto bi go povredilo.
Navistina vpivat od sekade.
So mojot pogolem sin mnogu vlozuvav na taa tema.Sega e skoro 8 godina i navistina sum zadovolna.Rasne vo prekrasno vospitano momce,koe ne koristi grdi zborovi vo niedna komunikacija.Priznavam deka kako i sekoj nas pravi greski.Svesno gi priznava i nenamerno gi povtoruva.Zboruvame mnogu otvoreno so nego,uste poveke se guskame,cesto se potcetuvame kolku se sakame.




amelbebe -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (9.2.2011 15:25:44)

ima mnogu raboti koi ne treba da mu se kazat,ama koga ke ve izvadi od takt mnogu ke iznakazete sto ke se pokaete za cel zivot i po cela nok samo ke placete za toa sto ste go kazale,zalno ama vistinito.




Octavia -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (9.2.2011 19:48:43)

Леле Амелбебе колку си во право! Некогаш од што сум распаметена веќе од умор, бебе, работа, обврски, и навистина има моменти кога сум [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image], а некогаш од што тера инает, упорно пробува да го истера тоа што наумил, знам да бидам лоша [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image], да го искарам, да му викнам дури, и после не да ми е жал... И ќе си поплачам навечер, додека сите спијат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Не знам само дали татковците толку се преиспитуваат што и како рекле (знам за мм сигурно дека на памет не му е дека кажал нешто што не треба). Една другарка ме теши дека сите добри мајки постојано се преиспитуваат за своите постапки и дека затоа и се-добри мајки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Bethany -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (23.7.2013 23:53:04)

Не треба да се омаловажува, да му се кажуваат работи типа дека е глупав, неспособен, смотан ако нешто не направи како што очекуваме. Таква слика ќе добие самиот за себеси и ќе одрасне во една инфериорна личност, со никаква самопочит.

Не треба да го споредуваме со другите деца, пример: гледаш го Марко како е добар и како прави тоа и тоа. На тој начин во детето се раѓа инает и повторно мисла дека ете тој Марко е добар, а тој е лош и со таква споредба пак ќе си одраста со такво мислење за себеси. Споредувањето со другите деца и со добри намери, мислам никогаш не носат нешто добро освен горчината и незадоволството и чувство на инфериорност кај детето.

Не треба да зборуваме лошо за другиот родител, воопшто да внимаваме што зборуваме и како лошо ги нарекуваме другите луѓе.

Не треба да му кажуваме, те мразам, не те сакам, ќе те оставам, да го заплашуваме со било какви работи пример: ќе те дадам на тие и тие луѓе ако не слушаш. На тој начин детето ја губи сигурноста и доверба во нас.

Уште мислам, а нешто што јас се борам најмногу, е дека не треба да му се врши притисок за било што особено што се однесува до развојна фаза која е различита за секое дете и почнува уште од раѓањето кога мислиме дека детето не не разбира па така со разочарувачка фаца го гледаме и споредуваме кога некое друго дете направило тоа а тој се уште не можел (со навидум безазлени работи, ама може да стане сериозно): зошто не лазело, зошто не одило, зошто не зборило, зошто не пеело, зошто не знаело да црта, зошто не покажувало интерес за ова или она...Па продолжува понатаму во годините кога детето е поголемо и свесно да ја искаже својата желба, дарба, амбиција, а се спутава на начин да се омаловажува неговиот избор и желба. Ако сака да стане пеач: не те бива, никогаш од тебе нема да биде ништо, ќе пропаднеш, ќе го уништиш животот итн. Бесконечни негативности што родителот не би смеел да си дозволи. Свесно или несвесно вршење притисок на детето поради нашите лични, родителски амбиции мислам можат само да дадат негативни резултати и последици.




AneLav RR -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (24.7.2013 9:10:42)

Мене што најмногу ме вадело од такт е тоа кога мало дете ќе го прашуваат прашања од типот
Кого повеќе го сакаш мајка ти или татко ти?
КОја баба ја сакаш повеќе оваа или онаа?... Или кој дедо се едно исто е...
Кој повеќе те кара?... итн.
Тоа за мене многу глупави прашања, тоа за едно мало дете е огромен терет за мислење и кој знае што му се случува во главата. Можеби си вика значи морам некого повеќе да го сакам, значи морам оној што е подобар кон мене... Зошто толку сложени прашања за оптеретување на едно мало мозоче. Зошто треба да му е поделена љубовта кон најблиските за кои треба да мисли дека подеднакво го сакаат и секогаш ќе го сакаат без разлика на се.




Yummy Mammy -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (24.7.2013 9:32:12)

A sto e so onie sekojdnevni raboti:
- tato ima svalerka
- mama ic ne gotvi ubavo
- baba e vo bolnica
- dedo umre zavcera
- nema veke bebe vo meseto na mama
[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (24.7.2013 10:02:06)

Не сакам кога било кој близок (родител, баба, дедо, тетка, вујко и сл), на шала - на смеа, во лутина, или пак толку "му сече", употребува условно кажано "погрдни" зборови на дете - на пример свеки има навика да употреби "леле што си будала". Нејзе тоа и е узречица, ја употребува и на ќерка и, и на син и, и се испушта и кон мене, а често и кон Т, а мене ме ужаснува. Сметам дека воопшто не е соодветен збор за пред дете, без разлика со која интонација и во која конотација е кажан.
Мојата маана - псуење, веќе ја искоренувам, и внимавам пред детето да не ми се "лизне" псовка, зошто пред некој ден ме изненади како ја впила информацијата и истрча да ја повтори на татко и. Сериозно се запрашав кога ќе дојде денот кога сите погрдни зборови што ги слуша ќе ги раскаже - а реално ги слуша често бар псовките (мм е неисцрпен извор на псовки во нервоза).
Значи - никако не смее да му се кажуваат на дете (покрај лоши зборови за блиските, или за него самото) псовки.




Bethany -> RE: Работи кои не треба да му се кажат на детето! (24.7.2013 12:51:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

A sto e so onie sekojdnevni raboti:

- baba e vo bolnica
- dedo umre zavcera
- nema veke bebe vo meseto na mama
[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]


По мене , овие набројани работи воопшто не спаѓаат во категорија да не треба да се кажат.
Мали дечиња нема да разберат што е тоа всушност смртта, ама може да му се кажат без разлика дали целосно ќе разбере, ќе разбере еден ден.
А на поголеми деца кои веќе разбираат може да донесе болка, ама таа болка е различна од болката да те неко повреди и потцени, омаловажи и утепа во здрав разум. Првава болка е природна, да не речам "здрава", во принцип не влијае на процесот и развојот психички и емоционално на личноста , додека вторава може опасно да go наруши менталниот склоп на детето кое е во развој и кое допрва се изградува како личност. Да одраста со зборови дека е глупав и неспособен и никој не го сака е нешто ужасно, како тоа ќе стане една здрава личност утре? [sm=zmeden.gif]




Страница: [1]