|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кенгур или слинг марама
22.5.2009 10:08:09   
mami
испитувањата покажале дека децата кои се носени во кенгур или слинг марама поретко заболуваат од болести на горните дишни органи и прехлади. Имено бидејќи кога го носите детето блиску до себе тоа го лачи хормонот на среќа а со тоа се јакне комплетно физичкото здравје на малото. Истотака физичкиот допир позитивно влијае и врз развојот на мозогот на детето...Ако сепак се решита да го возите во количка, потрудете се да биде завртено накај вас (барем во првите неколку месеци)

< Поракaта ја уредил mis. -- 19.12.2009 16:01:07 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кенгур или слинг марама
22.5.2009 10:37:05   
niki
Se slozuvam so mami vo potpolnost.

Do sest meseci mngu cesto se nosevme vo kengur, potoa poveke ja koristevme kolickata. A den denes mngou mnogu se guskame najcesto pred spienje. A ako se udri ili padne najdobar lek e sekogas baknezot i pregratkata na mama.

< Поракaта ја уредил mis. -- 19.12.2009 16:01:22 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кенгур или слинг марама
22.5.2009 10:45:59   
mami
до 6? ние до пред некоја недела се носевме, дури и не го собираше веќе во кенгурот ама кога сака што ке му правиш...го ставам јас или мм и он е пресреќен ем гледа ем е близу до нас...сега сме повеќе во количка или на врат кај некој од нас двајца и што да ви кажам пука од среќа дека е највисок...

< Поракaта ја уредил mis. -- 19.12.2009 16:01:40 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кенгур или слинг марама
22.5.2009 12:56:46   
Еца
Јас Мартина ја носев во кенгур од 4 месеци до годината, мислам дека е многу корисна работа,како што вели Ники и ние ден денес постојано се гушкаме,мазиме....user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 19.12.2009 16:02:43 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кенгур или слинг марама
22.5.2009 18:13:37   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

до 6? ние до пред некоја недела се носевме, дури и не го собираше веќе во кенгурот ама кога сака што ке му правиш...го ставам јас или мм и он е пресреќен ем гледа ем е близу до нас...сега сме повеќе во количка или на врат кај некој од нас двајца и што да ви кажам пука од среќа дека е највисок...


Pa da do 6 mojata bese mnogu ziva i mnogu se potese, togas veke fati leto i nemase sansi da izdrzi vo kengurot, ke puknese od potenje. Posle koga fati zimo pocna da polzi i da odi i kratko go koristevme.

< Поракaта ја уредил mis. -- 19.12.2009 16:02:28 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кенгур или слинг марама
22.5.2009 19:55:22   
mis.
Мартин уште од 40 дена го стававме во кенгур и многу го искористив. Стефан ретко го ставаме, почесто е во количка.Во секој случај добра инвестиција.

< Поракaта ја уредил mis. -- 19.12.2009 16:02:12 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE:Кенгур или слинг марама
3.7.2009 0:26:54   
Еца
Халеу тука можеш да ги прочиташ и нашите искуства што се однесува на кенгурот

< Поракaта ја уредил виктори -- 6.2.2011 0:46:29 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
19.12.2009 16:07:11   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

па кенгур користевме до 9 месеци скоро и многу ама многу ни заврши работа, буквално можев секаде да одам со него а не правам застој во сообраќајот со количката...Слинг не сум пробала а многу сакав, ама неможев да најдам, и кога ги најдов каде ги има Лука беше веќе голем, за следното ке си купам и таква па ке видам. Слингот може да е подобра затоа што може детето до 3 годин да си го шеташ во неа ако ти требаат двете раце слободни

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Јас со Мартина користев кенгур, а одлучив и со Мила да го користам кенгурот. Немам одредена причина затоа што, едноставно така решив...

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

користевме кенгур и многу ни с енајде, Дамјан уживаше во него, само си разгледуваше наоколу.Кој најчесто го носи бебето во кенгур, таткото или мајката???

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

јас за следното купувам слинг, ептен ми е мерак..а може и ке си ја сошијам, најдов толку убави кројки...
а кенгурот ке си го користиме пак, откако Мила ке ни го вратиuser posted image user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas

ММ ја носи бебата во кенгур зошто има проблеми со грбот и така му е полесно. Јас ја носам во раце зошто откога има 7 кила ми паѓа грбот од неа

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

јас неколку пати го имав носено Дамјан во кенгурот, но потоа многу отежна и едноставно не можев а мм го носеше многу често.значи повеќе од отколку јас.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

јас го носев најчесто..мм има стомак па не му беше удобно на Лука, ама нема гајле, добро да те натера да си ги вежбаш мускилите додека пробуваш да се исправиш

ИЗВОРНА ПОРАКА: karla

mami te molam kazi kade gi najde krojkite za sling marama????
Mnogu imam merak ama iskreno mi se skapi za da kupuvam, a majka mi e shnajderka. Sega za sega kengurot epten ni vrsi rabota, bidejki sedime na 3 sprat i koga nema koj da mi ja simne kolickata kengurot e odlicen, ama sepak sakam i slinguser posted image Zatoa mami te ocekuvam da pises


ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

Sling maramite ovde dosta gi koristat imam primeteno deka se dosta prakticni i za doenje dodeka si nadvor.
Ke si kupam i ke probam,a ne se otkazuvam ni od kengurot-nema sansi mm da nosi marama user posted image


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
19.12.2009 16:14:28   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Мајките од цел свет одсекогаш ги носеле своите деца во марама. Привиено во нејзината прегратка бебето се чувствува сигурнои заштитено. Испитувањата покажале дека бебињата што се носат така, плачат помалку и подобро напрадуваат! Ритмичкото движење овозможува подобар психички, емоционален и физички развој.

Можете да го носите своето бебе уште како новороденче па се до 3 години. Треба само неколку секунди за да го наместите бебето – напред во положба како колевка или исправено бочно или позади, зависно од возраста или како ви одговара најдобро.

Sling ByMama се мести и подесува со повлекување на марамата низ алките.
Rebozo Pam е марама што се врзува и може да се користи на разни начини .

Марамите се 100% памучни,нетоксични и сосема безбедни за кожата на бебето.





ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Уште еднаш линкот што го постави евципаuser posted image user posted image user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami



ИЗВОРНА ПОРАКА: evcipa

Во премаман има само УШТЕ една слинг марама, која е околу 4500 ден (на попуст). Може да се направи и нарачка. Интересно таму е што се регистрираш и со самата регистрација добиваш 10% попуст, а за роденденот на детенцето 50% (истото важи за татковци, баби, тетки ..)




ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

незнам каде го пишав бројот за таа фирмата што продава Слинг марами кај нас..тогаш кога прашував ммислам дека ми рекоа дека се околу 3000 ден.ај ке побарам кај го пишав па јавете се прашајте 

ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

Ovde se dosta aktuelni maramite mislam bea letoto i toa so me bendisa imav primeteno deka edna majka si go doese user posted image  koj bese vo maramata dodeka taa na pazar kupuvase.Znaci uste edna prednost user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

НА ШТО ДА ОБРАТИТЕ ВНИМАНИЕ КОГА КУПУВАТЕ СЛИНГ




Слингот треба да биде удобен за Вас.


За да биде удобен слингот треба да го држи бебето високо и припиено за Вашето тело. Слинговите кои висат од рамењата можат да бидат многу неудобни, особено при подолго несење. Побарајте слинг кој ќе овозможува рамномерно разместување на тежината. За таа намена подобри се слинговите со широки прерамки, кои се обмотуваат околу телото, одколку оние со потесни прерамки. Слингот треба да биде удобен за бебето.



Испитувањата покажале дека се подобри слинговите во кои бебињата се носат со раширени нозе, од оние кај кои тежината паѓа на карлицата. Всушност идеалната положба за оптимален развој на карлицата на бебето е со раширени нозе. Новороденчињата треба да се носат така што да имаат потпора по должината на целата кичма, барем додека не зајакнат мускулите на вратот.
Возраста на бебето.

Кога купувате слинг изборот ќе зависи и од возраста на бебето. Идеално би било да имате 2 слинга. Еден за употреба додека бебето е мало и еден за кога се попорасне. Вашата градба Слинговите се изработуваат во разни големини, одберете го оној кој ќе одговара на Вашата висина и обем.

Слингот треба лесно да се мести.


При купување на слинг, обратете внимание да може лесно да се намести и лесно да се адаптираат прерамките. Повеќето слингови се со алки на рамењата и како што расте бебето, треба да овозможуваат и лесно прилагодување на слингот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА СЛИНГ
  • Кога одите внимавајте каде газите, за да избегнете да паднете со бебето. Внимавајте на расфлените играчки, влечки, прагови и сл.
  • Секогаш носете удобна облека и обувки.
  • Внимавајте на временските услови. Ако е врнежливо, патот може да биде лизгав.
  • Имајте на ум дека Ви е потребно поширок простор за да поминете некаде: во пролаз, низ врата, околу некое ќоше и сл.
  • Внимавајте на позицијата на главата на новороденчето. Внимавајте главата да не му падне нанапред, со брадата на градите. Тоа може да го попречи дишењето на бебето.
  • Кога бебето е попораснато, има поголема слобода на движење. Затоа внимавајте да не дофати некој опасен предмет.
  • Никако немојте да трчате со бебето. Потресите можат да предизвикаат големи оштетувања на ''''''''рбетниот столб и нервниот систем на бебето. Имајте впредвид дека новороденчето се уште се развива.




< Поракaта ја уредил виктори -- 6.2.2011 0:51:50 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
26.12.2009 12:56:48   
STRUMFETA
  user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 26.12.2009 13:10:52 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
26.12.2009 13:02:02   
BEBICA
Jas za Monika ne koristev nitu kengur nitu sling marama posto ne mi vrsese rabota, radi toa sto i ednoto i drugoto se za kratki relacii na od 15 min do 30 saat.
A od druga strana Monika e rodena so golema kilaza i ne ni preporacuvaa nitu za za mojata kicma posto e opteretuvanje nitu za nea.
No ova e samo moe mislenje.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
26.12.2009 13:38:11   
tati
dokolku deteto bara nosenje i te kako vrsi rabota, jas obozavav da si ja nosam vo kengur i po doma i nadvor, racete slobodni, vlagas i izcacas od prodavnici bez da butas kolici teski i po 20kg.ma milinauser posted image
svaka cast za toj sto gi izmislil ovakvive stvariuser posted image

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
20.1.2010 11:23:50   
dragana_vane
Kengurot go nosev samo 3 pati, a so slikg marama nemam iskustvo, a neznam ni kade ja ima, moze da mi kazete ako znaete?

I imam edno prasanje za sediste za vo kola, koj kakvo iskustvo ima i koi sedista se najdobri, zemajki vo obzir deka ednoto dete ke mi bide 1 god i 3 meseci koga vo maj ke se rodi vroroto, koja varijanta mi e najpogodna? I dali ima voopsto poreba da zemam kolicka za bliznaci?

(Одговор на членот tati)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Кенгур или слинг марама
20.1.2010 23:00:23   
Biljana Kar
Има избор на слинг марами и други во Бебе Слинг,
Ima Maya Wrap, Sling ByMama, Sleepy Wrap, Rebozo, Mei Tai.

< Поракaта ја уредил Еца -- 20.1.2010 23:01:15 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 11:19:30   
topce
..седишта за во кола имаш сега на попуст во енци менци..
ние баш го земавме за поголемо дете бидејќи сме 1 година и 3 месеци ама со 13кг и нешто ситно.
нас седиштето не кошташе 7,000 денари за разлика од 12,000 колку што се за бебиња до 9-10 кг.
ќе побарам линк од седиштето и ќе ти го постирам овде

(Одговор на членот dragana_vane)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 11:24:26   
topce
еве го линкот за да видиш како изгледа
http://www.chicco.co.rs/page18.asp?ident=683800200
и за него мора да имате каиш позади значи не се прицврстува за седиштето
туку се закопчува со каиш. Добрата работа е што ако се бутне нанапред долниот дел детето доагја во благо легната положба за во случај да заспие.
ние го користиме од 7 месеци

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 11:24:53   
mis.
Мила за седиште за во кола имаме тука дискутирано

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 11:25:43   
lilit
   Za prvoto dete imav kengur ama voopsto ne go koristev  a sega a ova sakam da kupam sling marama mi izgleda interesna ke vidime.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 11:30:00   
mis.
Има некој слинг марама користено за да ни го каже искуството,ми изгледаат доста корисни.

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 12:34:37   
mis.
Пробајте го слингот user posted image
  1. Најдете го работ – онаму каде што слингот е зашиен за да биде споен.
  2. Свиткајте го слингот навнатре.
  3. Со ова слингот станува цевка од два слоја.
  4. Ставете ја раката низ слингот, имајќи го здиплениот раб свртен кон вас. Отворените рабови ќе се од другата страна.
  5. Ставете го слингот преку глава и поставете го на вашето рамо.
  6. Заоблениот, поставен раб ќе биде долу, директно поставен под градата од другото рамо. Отворената страна од цевката ќе биде нагоре.
Положба-Лулка (0-4 месеци) user posted image
  1. Свиткајте го слингот и ставете го на недоминантното рамо со поставениот дел нанадвор. Порамнете го работ под градата. Држете го бебето со не-доминантната рака и вкрстете му ги ноџињата.
  2. Одтворете го надворешниот раб на слингот за да се постави газето и порамнете го со пелената на бебето.
  3. Прво спуштете го со газето, лизгајќи го со грпчето пред вас. Стапалата на бебето ќе се вкрстени одозгора.
  4. Лизнете го бебето надолу во џебот направен од слингот. Треба да биде помеѓу двата слија од ткаенина.
  5. Не ја ставајте главата на бебето внатре се додека пелената не е сосема на дното.
  6. Ставете ја и главата на страната од џебот. Брадата на бебето не треба да ги допира неговите гради.
Положба-Однапред (2-8 месеци) user posted image
  1. Свиткајте го слингот и поставете го со поставениот дел нанадвор. Израмнете го горниот раб со вашата половина.
  2. Држете го бебето високо на градите, со грбот кон вас, малку свртено на страна (спротивно од рамото на кое е поставен слингот).
  3. Најдете го отворот на слингот. Вкрстете ги ноџињата одозгора над бебето. Фатете го надворешниот раб на слингот.
  4. Спуштете го бебето со газето во слингот. Работ треба да биде пред бебето.
  5. Тежината на бебето треба да биде на вас, потпирајќи го неговиот грб на вашето тело.
  6. Проверете дали бебето е на дното и ноџињата се помеѓу слоевите од ткаенина може да одите. Рачињата на бебето може да биде внатре или надвор.
Положба-На колк (од 6 месеци) user posted image
  1. Ставете го поставениот раб одвнатре. Носете го слингот на рамото на доминантната рака за оваа положба.
  2. Израмнете го работ со спротивната града. Држете го бебето со стомачето на вашето рамо.
  3. Ставете ги стапалата на бебето комплетно низ слингот. Осигурајте се дека работ е израмнет со кичмата на бебето.
  4. Отворете ги здиплениот дел за да направите седиште. Спуштете го бебето во седиштето со ставање на газето помеѓу слоевите на ткаенината.
  5. Долниот поставен раб треба да биде под свитканите коленца на бебето, а горниот непоставен раб може да се повлече над бебето отпозади.
  6. Свитканите ноџиња на бебето треба да се рашират околу вашата половината и газето треба да му биде под коленцата.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
21.1.2010 12:35:07   
mis.
Која големина е за вас? user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
24.2.2010 11:36:55   
dragana_vane
Kade se naoga mama.lamol? Imaat prodavnica ili samo preku internet se poracuva?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
24.2.2010 11:39:36   
Cacko
mozam samo edna rabota da kazam za maramive,NEMOJTE.toa vi go vikam posto jas probav nesto slicno na niv,kengur vo forma na maramava,znaci na edno ramo,odma denta go vrativ,posto tezinata ti e samo na ednoto ramo i ubi boze e,a so kengurot ko so ranec si,na dvete ramena ti e raspredelena tezinata

(Одговор на членот dragana_vane)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
24.2.2010 11:41:24   
mami
абе слингот можеш да го направиш и на двете рамења..како ти одговара..

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: RE:Кенгур или слинг марама
24.2.2010 11:41:49   
dragana_vane
Ne za marama, cacko,  me interesira za pojas za vrakanje na stomakot.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali
Jana9

Dali brzo se rasplakuvate?

Da (33%)

Ne (33%)

Ponekogas (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!