niki -> Друштвени игри за деца од 3+ години (23.11.2009 9:35:17)
|
Еца има отворено тема игри за деца но на компјутер, мене ме интересира какви игри играте без компјутер и дали воопшто играте некои игри? Ние досега освен со топка, цртање и боење и со некои играчки со форми не сме играле некои игрички, но размислувам дека е време да почнеме, само незнам со што, па идеи се добродојдени. Инаку случајно во еден весник добивме карти со ликовите од еден цртан, картите се составуваат по две во една слика и тоа си играме се учиме да чекаме на ред, и да прифатиме дека таа карта која сме ја извлекле ни припаѓа а не онаа на противникот. Интересно е но кратко не држи интересот. Сакам да купиме и Не лути се човече и Монопол, но за Монопол ми се чини дека е уште мала. Ајде дајте предлози што да играме.
|
|
|
|