Mila mamicka -> RE: Подарување на веќе добиени подароци! (19.5.2014 11:18:50)
|
Подароци што сум ги добила и не ми се свиѓаат, не би ги подарила на некој, од проста причина што кога подарувам, првенствено гледам мене да ми се допаѓа. Така што, ако не ми се допаѓаат мене, не сакам и на друг да му ги подарам. Таквите подароци секогаш завршуваат во некоја донација. Е сега, доколку имам повеќе исти работи, а се убави, може да ги подарам некому, макар што сега повеќе практикувам за свадби да подарувам пари. А бонбиниери и пијалоци, цело време ре-подарувам. Исто и за облека за син ми, ако не ми се допаѓа мене, како да ја подарам на некое друго детенце. Таквата облека ја давам на некои што имаат помалку, или ја давам во Црвен крст.
|
|
|
|