Mila mamicka -> RE: Мажот во кујна (9.7.2014 8:47:36)
|
Мм добро се снаоѓа во кујна. Не дека готви некои јадења, како манџи и сл, ама пак не готвам ни јас. Кај нас готви свекрва ми. Сепак, кога немаме ручек, мм без проблем може да испржи што било, да направи салата, да ја постави и раскрева масата, кога пиеме кафе сами, секогаш тој го вари. И што е најважно, никогаш не остава неред позади него. Се ќе си измие, ќе си избрише кујна, за тоа немам никакви замерки. За скара, за печење риба е специјалист. Исто и за пица правење, само да му е спремно тестото.
|
|
|
|