Каење (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Каење (24.11.2009 13:58:14)


Значи...
...дали се каете? Ќе слушнам некој викаат дека никогаш не се каат. Јас неможам да ги сфатам тие луѓе. Дали мислите дека каењето е губење време? Дали ако ви се даде шанса да ги поправите сите грешки во животот, би го направиле тоа?
Дали повеќе се каете за работите што сте ги направиле или за работите што не сте ги направиле (заради страв, страм или .... било што)????




Bogdancanka -> RE: Каење (24.11.2009 14:03:35)

Па ми текнува дека има работи за кои се каам али за тие што поминале џабе ако неможам да ги поправам,а ако ми се прижи прилика за нешто што би можела да поправам а сакам би поправила.А има и доста што не сум направила а сум сакала се каам али то ми е.




nadica -> RE: Каење (24.11.2009 14:08:03)

kaко и секоја здрава личност па така и јас се каам за нешто.Почесто за нешто што не сум сторила а ми поминало времето да го сторам, поретко и за нешто што сум сторила а со тоа сум повредила некој близок или самата себеси

како и да е животот продолжува и ни носи нови предизвици а со тоа и поправни испити за да има помалку каење [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Iva -> RE: Каење (25.11.2009 10:05:19)

Има мноооогу работи за кои што се каам во животот за што сум ги направила или поточно не сум ги направила и да, ако можам да го вратам времето назад многу работи во животот би променила.
Сега сум буквално во таа фаза од животот, во период на каење.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




arh_diz -> RE: Каење (25.11.2009 10:12:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva

Има мноооогу работи за кои што се каам во животот за што сум ги направила или поточно не сум ги направила и да, ако можам да го вратам времето назад многу работи во животот би променила.
Сега сум буквално во таа фаза од животот, во период на каење.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]


Potpis




Enika -> RE: Каење (6.12.2009 18:55:01)

сите правиме работи за кои не сме горди..но мислам дека неа потреба од каење..сме грешеле да, мегутоа се во животот е искуство...е би била тоа што сум денес ако не поминев низ мн раб што су ги направила или сум допуштла да ми ги направат...нема каење само главата горе и учење од грешките да не се повторат!!!




Bitolcanka -> RE: Каење (1.7.2010 14:33:50)

Се каам за некои постапки со кои, не сакајќи, ненамерно, сум повредила луѓе, особено блиски. Се каам и за направени и за ненаправени работи. Човечки е да се згреши и да се признае грешката. Секој човек е егоист по природа, лошо е кога егото преовладува и мисли дека е безгрешен.

Човек без сопствени мисли - слепец без стап.




Viktori -> RE: Каење (1.7.2010 14:55:55)

А што е каење?
Да се тешиме сеа, ај јас згрешив ама барем се каам, а види ја онаа греши ама не се кае? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Да се покаеш за некоја грешка или дело, значи да не го/ја повторуваш веќе! Не поминуваш денови и месеци во каење! Продолжуваш! Се градиш и изградуваш, менуваш. Не знам дали се каам за нешто.. Не можам да кажам со сигурност. Една изрека од една голема жена ми е останата во сеќавање:
don''t be humble, you are not that great!





Bitolcanka -> RE: Каење (1.7.2010 15:08:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Да се покаеш за некоја грешка или дело, значи да не го/ја повторуваш веќе! Не поминуваш денови и месеци во каење! Продолжуваш! Се градиш и изградуваш, менуваш.



Нормално дека не вреди да минуваш денови и месеци во каење, но има периоди кога се преиспитуваш дали правилно си постапил или не. Каење си е каење - треба некоја дефиниција, појаснување? [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] Пишман - аџија [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Некои луѓе кажуваат се што им е на јазик, без трошка срам. На пример, можеш да се покаеш за кажан збор (не си помислил на личноста на која зборуваш, но со тоа што си го кажал/а, таа се пронашла и се чувствувала навредено), ненајавена посета на некои лица - кога гледаш дека не е вистинскиот момент. Не мора да е за големи работи.




Martins mom -> RE: Каење (1.7.2010 15:15:02)

Сум се покајала за многу работи во животот, но сепак си се правдам - во тој момент така сум сметала дека е исправно...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Се ти е тоа составен дел од животот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Не е убаво да се претерува и со грешките и со каењето потоа..




Viktori -> RE: Каење (1.7.2010 15:19:58)

Битолчанке, дефиниција е потребна некогаш за да не се збори за 3 различни работи. Да се пишманиш, предомислиш не е исто што и да се каеш за нешто. Каење е подлабоко чувство од упс извини, еј многу ми е криво....

И не, не се каам ако кажам нешто а некој се наоѓа повреден, затоа што многу луѓе сметаат дека светот се врти околу нив, дека тие не се дослушани, доразбрани итн.




Viktori -> RE: Каење (1.7.2010 15:20:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom


Не е убаво да се претерува и со грешките и со каењето потоа..


потпис!!!
некако ко да е показател дека нешо не е уреду нели? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Каење (1.7.2010 15:26:51)

Па Виктори, затоа има доживотно каење и моментално [sm=smiley1.gif] Не значи дека ако за миг си се покајал дека и потоа ќе се каеш, а за блиски и драги личности, кои никогаш со ништо не ти наштетиле вреди и да се покаеш и да им се извиниш.
Не зборуваме за вечно каење - секако дека тоа не е во ред [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif]

П.С. Не сум креатор на темата инаку би ти дала дефиниција [sm=smiley1.gif]




mama26 -> RE: Каење (4.7.2010 22:36:51)

se kaam za nekoi raboti sto sum gi napravila .ama bilo pominalo.idemo dalje.moze i ponataka vo zivotot ke napravam greska nekoja druga  za koja bi se kaela pak.ama toa e.nema bezgresen.ke vidime moze bezgresna ke bidam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]neli?




Anushka -> RE: Каење (4.7.2010 22:48:08)

Ниче рекол дека една од најнепродуктивните работи на човечкиот ум  е каењето.
Сепак, мислам дека каењето е вредно во случај кога тоа ти носи придобивка за иднината, да не ја повториш исгата грешка, Да те смени кон подобро. Каењето е откровение на висината. и нормално, каењето ти носи откуп пред Бога...
Но, премногу каење те води назадм во иста или слична грешка.




majka na eva -> RE: Каење (16.2.2016 23:33:33)

SE KAAM..sabajle napraviv golema glupost...go sonuvav bifsiot so koj bev pred 6god,i se setiv na negoviot tel br,vikam cekaj ke proveram dali e toj,go najdov na viber istiot broj izleze deka ne e smenet i mu isprativ poraka so tekst ZDRAVO KAKO SI,SAKAS DA S ESLUSNEME ILI SI SREKNO OZENET?(a ozenet e)...i koga po 2-3 minuti mi zazvonuva na viber zatoa sto sme vo razlicni zemji...i razgovaravme okolu 15minuti,mu spomnav kollku sakam da s esretneme povtorno,barem da vidam kako bi reagirale,a toj mi vika ke si kazeme samo zdravo nisto poveke,jas mu velam dobro ako na samo se sretneme sto togas,ako imame sanasa da s epotsetime na minatoto..i toj zamislete mi vika nema da ja izneveram zena mi,jas mu vikam ne bidi tolu siguren,ke napravime da ne doznae nikoj,toa da bide tajna samo megu nas,i mi vika znaes deka sekoja tajna se doznava denes,i taka se kaam zosto razgovarav so nego...hehe




mommy_angels RR -> RE: Каење (19.2.2016 10:40:46)

А ти се каеш што се јави или пак ти е жал што те откачил [sm=zmeden.gif]
Мене ова второто некако ми е поверојатно[sm=zz_frown.png]




Страница: [1]