Snowhite RR -> RE: Аватар на профилот (28.11.2010 16:44:46)
|
Еве јас да пишам за мојот аватар и зошто не го менувам Како што гледате на него има двајца кои се гушкаат, но мојата поврзаност со сликата ја најдов во следново Значи јас отсекогаш сум била во потрага по вистинска прегратка, затоа што само човекот од целиот животински вид ја има таа привилегија да се гушка и да се бакнува, и затоа многу придавам значење на овие две работи, јас за жал можам да кажам дека не ја пронајдов дури ни со мојот сопруг, ете едноставно човекот не знае да ме прегрне како што јас сакам, па така се помирив со тоа и го тргнав аватаров и од месинџер и други форуми и секаде каде што го користев, се додека не се роди мојот син, кој ми ја подари и секој ден ми ја подарува прегратката која цел живот ја барав. Требало да го родам оној кој ќе ми подари виситинска прегратка. И тогаш го вратив аватарот повторно Инаку можеби некој ќе ја препознае сликата е од насловната на албумот Sleeping with ghosts од Placebo, која е една од моите омилени групи и тоа е втората причина за аватарот
|
|
|
|