mami -> RE: Широко повивање (30.7.2009 14:14:13)
|
значи вака- јас кај Видоевски одам од мое 2 одделение, му верувам комплетно и не се сомневам во неговите дијагнози. Лука го однесовме на контрола кога имаше само 20 дена, го снимаше, рече дека се е во најдобар ред, дека освен памперсот не му треба ништо друго, кога прашав за вежби(мајка ми ни има нас правено и ме советуваше да прашам како треба да се прават) ми рече дека нема потреба бидејки тие вежби ги правеле порано кога децата биле во широк повој и неможеле да мрдаат убаво. Следна контрола ни закажа за 3 месеци, повторно го снимаше, ткивото се развиваше одлично, му ги опипа убаво сите коски на градите, главчето и се беше одлично. Следна контрола на 6 месеци- последно снимање- се беше супер, Лука беше многу активен и колковите и сите коски му се развиваа прекрасно. Препорача прво џампер, после дубаче. Уште една на 1 годинка- тогаш само го виде како оди за раче, како седнува, станува. Развојот на коските одличен и следната контрола ни рече кога ке научи убаво да оди- значи не да патка како сега, туку кога ке биде она убаво стабилно одење. Ако имало било какви индикации дека нешто не е во ред со развојот на колковите мислам дека тоа ке се покаже уште на првиот, најдоцна на вториот преглед нели?
|
|
|
|