Палешка РР -> RE: Егзема (атопичен дерматит) (1.8.2009 13:18:13)
|
Марио има некој чуден вид на егзема на нозете, а понекогаш се јавува и на рацете. Кожните лекари во Прилеп го нарекуваат и мајасол, а во Скопје егзема. На некои места кожата му се зацрвенува, станува крута, потоа пука, го чеша, краен стадиум е што течи лимфа и крв [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] . Сме го носеле секаде, во болница во Скопје, каде му правеа и алерготест, во една приватна кожна амбуланта во Скопје, во Прилеп кај сите кожни лекари, кај надрилекари, тревари и бајачи, сме ги пробале буквално сите масти за негова возраст, ништо, ама баш ништо не помага. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Му поминува САМО од водата, или песокот на Охридското езеро. Уште првиот ден кисне во вода цел ден (како и сите деца) и до вечерта нема ни трага ни глас од егземата. Инаку маки мачиме цела година. Сега слушнав дека имало ординација за алергии во Неготино, само никако не можам да најдам контакт, жената се вика Костадинова Благица. Ве молам, ако некој има број да ми каже. Исто така, ако сте чуле за ваков или сличен проблем, ве молам пишете ми, спремна сум да појдам и на крајот на светот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|