Домашни ликери (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да направиме заедно



Порака


Еца -> Домашни ликери (24.5.2009 11:31:46)

Еве жени, маж ми е во село и набрал млади оревчиња за да направиме ликер.Но немам рецепт[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ајде ако знаете, сте правеле,сте слушнале, напишете ми некој рецепт. Не мора да биде само рецепт за ликер од оревчиња,тука да си напишеме што знаеме за подготвување на домашни ликери.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Боцко -> RE: Домашни ликери (24.5.2009 11:44:26)

ќе го прашам татко ми. прави одлична ораховача. само мислам дека ќе ти треба обична ракија за да стојат во неа, како и шеќер. знам 1 човек што има добра ракија. таа би се вклопила...




Еца -> RE: Домашни ликери (24.5.2009 11:57:30)

Леле Боцко, те молам обавезно.Ма јас имав рецепт ама одејќи ваму таму,којзнае каде ми е.Инаку знам дека ми треба обична ракија и шеќер или мед(зависи од рецептот) и зависи колку дена треба да стојат.Јас отприлика знам како оди,ни ми треба сигурен,проверен рецепт[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Боцко -> RE: Домашни ликери (24.5.2009 12:37:02)

18-20 млади оревчиња стојат 40 дена во 1/2 кг мед (шеќер не е добра варијанта).
по 40 дена, концентратот се разблажува со ракија по желба.
колчината концентрат е доволна за најмногу 0.7 литри ликер





Еца -> RE: Домашни ликери (24.5.2009 13:08:50)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]А боцко една доза обавезно правам на овој начиН,ФАЛА!




mis. -> RE: Домашни ликери (24.5.2009 18:27:18)

Моите ридители во гевгелија прават убав ликер од вишна-вишновача.Одлична е.Кога имаме гости сите од неа ми бараат.Имам и на бадел но не ја сакаат,домашната си е поубава.Слушнав дека и во кафе бар чао во гтц имало на мени иста ваква која ја набавувал газдата од гевгелија и била вистински хит оваа зима.За рецептата ќе прашам па ќе ви пишам.




Еца -> RE: Домашни ликери (25.5.2009 13:04:46)

Мис ајде те молам обавезно да ни пишеше рецепт, а инаку Боцко ликер по твојот рецепт е ставен утрово, а сега станувам да ставма по српски рецепт, ми го кажа свекрвата на сестра ми од Ниш. Па по 40 дена ќе направиме дегустација и ќе ви кажам според кој рецепт ликерот е поубав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Рецепт за ликер од млад орев (српски рецепт)

40 оревчиња
2 л ракија (по избор)
1 кг. шеќер
Сето тоа се става во големо шише или голема тегла, се да собере во едно, и се остава да стои 40 дена. Доколку ракијата е многу лута, може да се стави повеќе шеќер.




Еца -> RE: Домашни ликери (5.7.2009 22:39:34)

Денес ги процедив ликерите од млад орев, и на едниот и на другиот начин е многу убав, само што мм ми дал некоја јака ракија, па мислам дека и од една чашка можам труп да се направам.Па затоа ќе почекам малку додека почнам да си го конзумирам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Инаку ако има некој за, ќе донесам на дружењето, ама по малку да не ми се начукате, па и деца ќе водиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mami -> RE: Домашни ликери (5.7.2009 22:43:43)

јас сум за...




profesorica -> RE: Домашни ликери (25.9.2009 10:44:38)

Свеки моја прави одличен ликер од дуњи мммммм многу е убав ако нешто пијам од алкохол тоа е исклучиво ликери.ќе ја прашам за рецептата и ќе ви пишам обавезно!




kiki_riki -> RE: Домашни ликери (25.9.2009 10:53:15)

sega prv pat ja citam temava i neznam dali znaete deka likerot od orevi povece e lek otkolku pijacka, pomaga pri kaslanje, jas za decata gi stavam orevite samo vo med, i pri nastinka a i onaka im davam po edna lzika, pomaga da se smiri kaslicata, i go olesnuva isfrluvanjeto na slajnot sto se sobira vo disnite patista 




Еца -> RE: Домашни ликери (25.9.2009 11:00:27)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Браво кики рики за информацијата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Домашни ликери (1.10.2009 14:45:03)

Чоколаден ликер
 
Потребни состојки:
100 милилитри Вода
200 милилитри Водка
500 милилитри Млеко
100 грама Чоколадо
500 грама Шеќер
 
Подготвување:
Се мешаат млекото, шеќерот, чоколадото и водата.
Откако ќе проврие мешавината и добро ќе се излади, се додава 200 грама алкохол.




vezilka RR -> RE: Домашни ликери (1.10.2009 14:46:32)

Ликер со круши и вишни
 
Потребни состојки:
малку   Цимет
300 милилитри Суво бело вино
100 милилитри Сок од боровница
1 парче/чиња Лимон
500 грама Круши
200 грама Шеќер
 
Подготвување:
 
Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки.
Полијте ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот, додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20 мин.
 
Исцедете ги и оставете ги настрана.
Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира.
Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница.
 
Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите.




suzeto -> RE: Домашни ликери (8.12.2010 12:57:46)

ne razbiram....
liker so krusi i visni,a visni nikade nema ,zosto sok od borovnica a ne od visni,sakam da go napravam te molam vezilka kazi sto e rabotata,bideki imam visni kandinirani taka mislam se vikaa[sm=smiley13.gif] pa moze da go iskoristam nivniot sok




suzeto -> RE: Домашни ликери (13.12.2010 20:02:20)

go napraviv cokoladniot liker.............[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] prekrasen e[sm=sloncek.gif]




Палешка РР -> RE: Домашни ликери (13.12.2010 21:55:37)

Имам вишновка стара година дена, многу убава. Баш преѓеска го гледав шишето, сум испила 100 мл. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mama26 -> RE: Домашни ликери (13.12.2010 21:57:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto

go napraviv cokoladniot liker.............[sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] prekrasen e[sm=sloncek.gif]
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] bravo suzeto,jas ovaa tema ja nemav sretnato no sekako deka ke zapisam da si imam.

vezilka fala za receptite[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




puze -> RE: Домашни ликери (13.12.2010 23:12:10)

suzeto kakvo cokolado se stava vo cokoladniot liker za kuvajne ili drugo sakam da go pravam




suzeto -> RE: Домашни ликери (14.12.2010 22:43:04)

puze...moeto ne bese od tie za kuvanje ne gi sakam niv, nekoj se mnogu na kakao, pa po zelba moze sigurno,denovive ke napravam i so belo cokolado




suzeto -> RE: Домашни ликери (16.12.2010 23:15:31)

Eca
me interesira za likerot so orevcina ....jas znam se stavaat orevcinata so seker i taka ispustaat jod,dali e isto i so med kako ste go pravele vie




suzeto -> RE: Домашни ликери (16.12.2010 23:18:49)

vezilka
dali cokoladniot liker treba da se ispie za odredeno vreme,imalo nekoj kako ovoj plus jajce toj moral da se ispie za 7 dena




Felly RR -> RE: Домашни ликери (10.10.2013 17:43:55)

Жени, дај кажете некој рецепт за ликер. Татко ми секоја година ни дава ракија, домашна, што си прави, а ние дека не пиеме ракија така ни стојат шишињата. Па да ја искористам барем за некое ликерче.[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Домашни ликери (11.10.2013 23:34:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Жени, дај кажете некој рецепт за ликер. Татко ми секоја година ни дава ракија, домашна, што си прави, а ние дека не пиеме ракија така ни стојат шишињата. Па да ја искористам барем за некое ликерче.[sm=smiley1.gif]


Фели ако не пиете ракија дајте ја наваму, кај нас одма ќе ја снема [sm=smiley36.gif] Се зезам
Мајка ми правеше порано еден, а и јас го правев сама ко чупе де, со другарките си пиевме пред излегување, ама сега не ми текнува, баш ќе ја прашам дали го памти или има пишано некаде




marchi -> RE: Домашни ликери (3.4.2015 12:03:20)

ke se pijanime od doma [sm=smiley36.gif]ama vredi da se proba




Страница: [1]