Воајеризам (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


profesorica -> Воајеризам (26.11.2009 15:02:14)

Воајеризам - возбудување преку скриено набљудување на туѓ сексуален однос
За воајеризам можеш да бидеш казнет/а и ако снимаш некоја личност за време на приватен акт, со намера некоја ти или друга личност да ја гледа снимката заради сексуално задоволување, без согласност на личноста која ја снимаш. Но исто така и постои закон и казна- за оној кој се соблекува пред прозорецот.
значи, колку сте транспарентни или потајни војаери?? дали за вас ваквото нешто е лудост?





Anushka -> RE: Воајеризам (26.11.2009 22:59:10)

еј, Професорица, не ми се вереува дека никој не ти пишал... а цела Македонија жив сеир гледа. А нели тоа е воајеризам. Јас сум воајер, многу е интересно! а кој не признал, крие...
Eyes wide shut!




profesorica -> RE: Воајеризам (4.12.2009 9:18:28)

Ако правите нешто што не сакате другите да го видат, совладајте ги своите егзибиционистички способности, изгаснете го светлото и спуштете ги ролетните.Тогаш нема да има ниту воајери, ниту папараци.




profesorica -> RE: Воајеризам (4.12.2009 9:21:13)

А што е воајеризам????

Подразбира постигнување на полово уживање со набљудување голо човечко тело или полови активности на други луѓе.Денес овој поим е многу поширок па воајеризмот е присутен на телевизиските програми и порнографски содржини.

Секој пат кога кликнеме на некоја веб-страница, секој пат кога ќе оставиме некоја слика или коментар некаде, зад себе оставаме податок дека потоа може да биде следен.

Дали ова би требало да не плаши?




niki -> RE: Воајеризам (21.5.2010 14:54:19)


Ех, што ми се случи вчера.
Беше убав сончев ден, топол и со ќерка ми си  излеговме на плажа, тука пред нашата куќа. Се слеков во купачи, најнормални бикини, ништо секси ни провокативно. Ја соблеков и неа на гакички. Додека таа си играше во песокот, јас читав книга. Куќата и плажата се приватни, околу нема многу куќи, на 500 метри има хотел од едната страна, од другата пак толку далеку ресторан. Значи сами бевме а првите луѓе од нас на голема оддалеченост, се гледаа како фигури.
По некое време дојде еден дечко и се смести на едно педесетина метри од нас. И се во нас гледаше, свртен кон нас. Прво не му ни обрнав внимание, боже мој не е моја плажата, секој има право да дојде. Кога по некое време, проверувајки што прави ќерка ми го спазив дека на велико се самозадоволува, сеуште свртен кон нас набљудувајки не. Ми се згади[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]. Ако некој ме гледа, можам да разберам, жена сум со сите атрибути па може и да ме најде привлечна, но со детето покрај мене, пред очите на моето дете, ух........[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] Ми идеше да му отидам и да го треснам.
Ми преседна плажата, се облеков, се собравме и си појдов дома. Тој веднаш штом виде дека заминуваме, престана со сите активности и дур отидов дома го снема. Инаку од тераса се гледа и местото кај што бевме ние и тој. Значиииииии раат да не си, ни во сопствениот двор. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Страница: [1]