|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Форум & реалност
25.1.2010 17:01:50   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

На форум има два типа искреност, според мене. Едни кои се претставуваат со име и презиме, слики, матичен број, адреса на живеење, број на кондури и сл. а лични искуства 0 и секогаш личните мислења и ставови ги приклонуваат кон мнозинството и скоро никогаш не изнесуваат конкретни мислења на некои осетливи теми. Другите стојат зад некој си ник, не објавуваат ништо што би го открило нивниот идентит и си го вадат на виделина и највалканиот веш. И ни едните, ни другите не се слика ни прилика на реалноста.
Форум е форум, реалност е реалност иако имаат допирни точки сепак се два посебни света за секого од нас.
Вистинската искреност е особина која им се покажува само на одредени луѓе, кои го заслужиле тоа, таа не е за секого.



Во врска со типовите искреност на форумот делумно се согласувам. И оние кои не се анонимни некогаш изнесуваат свое искуство (добро или лошо), а и тие кои се анонимни не секогаш кажуваат се. Секој има болни епизоди од сопствениот живот, кои не ги доверил никому, дури ниту на родената мајка или дневникот (ги чува длабоко во себе).

Форум е форум, реалност е реалност иако имаат допирни точки сепак се два посебни света за секого од нас.
Вистинската искреност е особина која им се покажува само на одредени луѓе, кои го заслужиле тоа, таа не е за секого.

За ова потпишувам со двете раце.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Форум & реалност
25.1.2010 17:05:09   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Еве и тука ќе се надоврзам, форумот има безброј теми на кои вие одлучувате дали ќе коментирате или не. Се она што сметате дека е премногу интимно за Вас оставете го некаде длабоко во вашата душа. Но можеби токму тоа некој има потреба да си го каже, да се искаже и да се почувствува поубаво.затоа не треба никому да замерувате, секој сам одлучува што и колку ќе каже за себе и кадеuser posted image


потпишувам е Еца со две раце!




Потпишувам и со двете нозе user posted image user posted image user posted image

Можеби ние со Ники сме од оние личности кои сакаат секаде да допрат, да дадат мислење и став, иако за мене можам да кажам дека на тоа ми влијае и моменталното расположение. Се случило да не коментирам нешто ако не сакам.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Форум & реалност
25.1.2010 17:14:13   
nutelizza
Немам многу време за интернет ама со задоволство го читам форумот и најмногу блиску до мојата реалност е КОРИСНИ СОВЕТИ за моете дете.user posted image
Мене рр многу ми помага во растење на Петар, ме расположуваат и замислуваат силни жени на збор Ники,Еца, Анушка, Мамми, ....кои споделиле дел од свој живот со нас на еден толку фин начин...и многу други...префесорица која е секогаш во тренд со се и ме мотивира да излезам да си купам нешто зашто се заборавив себе,....и сега не ми текнува уште кој.
РР форум има одлични луѓе user posted image user posted image user posted image   и во реалност сите имаме пријатели ама кога ке станеш мајка и сопруга и те чекаат многу обврски... сигурно неколку часовно дружење овде доаѓа супер!!

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Форум & реалност
5.4.2010 21:51:54   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Секоjа им чест на тие што доагат да одмарат и да се забавуват...
а не од форумов да прават реалност и од реалността форум....
Фала Богу ...одамна сум од тие што одмарат...и ако можат ...се забавуват ...каде сами , каде во приjатно и мило друштвоuser posted image



user posted image

форумот е виртуелна, не е реална реалност...смешно е да се претставувам тука нешто што не сум, а и да одам на РР дружења и да ме гледаат како падната од марс user posted image чекај, не ми се верува, ти си Април? а вака кога ќе те запознам повеќе ми личиш на .... user posted image спомнав во некој пост дека јас сум повеќе за face to face комуникација (тоа е реалност)...во виртуелниот свет човек може да забега user posted image инаку од РР кои ги имам лично запознаено, горе-доле сите ми се идентични со постовите...непосредни и комуникативни...

п.с. не можам да пишам дека мм ми носи доручек во кревет кога тоа ниту се десило, ниту ќе се деси user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Форум & реалност
16.4.2010 19:55:14   
BILE.F
Јас на форумот се зачленив со големо задоволство, зашто првично има теми за бременост и за бебчиња, јас сум во тој период!
И покрај тоа има и други интересни теми!
Сите помалку или повеќе сме тоа што го пишуваме! А пишуваме на различни теми, што значи дека ако некој не е искрен, може да се затекне самиот со различна информација, јас лично има прочитано контрадикторни информации од иста личност!
Јас лично ако можам да помогнам, помагам, ако не, давам подршка, нешто само читам, не коментирам!
А не ми е тешко да дадам комплимент!
Некои работи од приватниот живот ги чуствувам преостливи и не пишувам за нив! Си имам поставено граница!
Не осудувам никој, секој си има право да си каже што мисли и си знае до каде може да оди!
А најдокрај ова е форум за дружење и споделување искуство, не е место каде што некој треба да се прави нешто што едноставно не е!


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Форум & реалност
17.4.2010 10:22:07   
topce
на форумов барам искрени муабети кога се работи за советите за децата.
за тоа дали некој е искрен или не е искрен за својата приватност,
дали во реалност е таков каков што се претставува на форумов
многу многу не ме засега.
кога луѓето се расположени да се дружат, а рр има доста дружби
од тие дружења произлегуваат пријателства и самите ние си одлучуваме
дали сакаме или не.
мене лично ми се бендисува позитивната енергија која секогаш ја има
кога се деца во прашање.

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Форум & реалност
18.4.2010 9:21:35   
melody
Koga bi me prasale zosto se zacleni na rr mojot odgovor bi bil zatoa sto e dosta interesno da citas tugi muabeti ,a pritoa tie licnosti ne gi gledas ne gi znaes,a gi zapoznavas preku nivnite mislenja i preku slikite.Da znaete kolku pati sum se iznasmeala od vasite mislenja i kolku pati negirala ili sum se soglasila so necie mislenje,kolku sum naucila od vasite soveti vo vrska so bilo sto ,a pak kolku pati izraduvala(koga se rodilo nekoe bebce)i kolku pati natazila i rasplakala.Vo globala site ste super zabavni i navistina me prenesuvate vo atmosferata na Makedonija.Ne baram nekoja posebna druzba i zadovolstvo mi e da si go tepam vremeto so vasuser posted image ,a za toa koj kolku e kontradiktoren i koj kolku neiskren pa na site nam ni se slucilo barem ednas vo zivotot da bideme i kontradiktorni i neiskreni i ne gledam nesto loso vo toa pa duri i nekoj da se napravi poveke od site nas pa i toa e zabavno i dozvoleno.Super ste prodolzete taka zosto navistina znaete denot da mi go napravite interesenuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 13:39:48   
Rossana
Dali nekogas nekoj se pocuvstvuval zapostaven na forumov? Ste pocuvstvuvale li kako da nikoj ne odgovara na vasite prasanja, nikoj ne odgovara na vasite mislenja nikoj ne komentira na slikite na vaseto dete, nitu pak na vasite sliki? Dodeka pak slikite na drugite decinja se pretrupeni so komentari... Ne sum ljubomorna sto drugite decinja se prokomentirani... Gi sakam site decinja i komentiram na site sliki, no moite sliki skoro nikoj ni da ne gi primetuva, sto e? Sara ne e ubava kako ostanatite? Ne e ubavo oblecena? Se izvinuvam sto go pisam ova, veruvajte deka placam dodeka go pisuvam no navistina ponekogas cuvstvuvam kako da ne me primetuvate...

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 13:45:10   
mami
Россана, па зошто така??? нема врска..секој коментира таму каде што сака...немој да плачеш, ајде да не сум видела уште еднаш ваков пост...па Сара е прекрасна...Се случувало и ќе се случува...и на моите прашања некогаш нема одговор, и на сликите нема коментар, ама нема врска...Тука сме за сите и никој никому не суди според облека, припадност или незнам какви се критериуми...
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 14:10:28   
BILE.F
ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

Dali nekogas nekoj se pocuvstvuval zapostaven na forumov? Ste pocuvstvuvale li kako da nikoj ne odgovara na vasite prasanja, nikoj ne odgovara na vasite mislenja nikoj ne komentira na slikite na vaset_o dete, nitu pak na vasite sliki? Dodeka pak slikite na drugite decinja se pretrupeni so komentari... Ne sum ljubomorna sto drugite decinja se prokomentirani... Gi sakam site decinja i komentiram na site sliki, no moite sliki skoro nikoj ni da ne gi primetuva, sto e? Sara ne e ubava kako ostanatite? Ne e ubavo oblecena? Se izvinuvam sto go pisam ova, veruvajte deka placam dodeka go pisuvam no navistina ponekogas cuvstvuvam kako da ne me primetuvate...


Понекогаш! Мене никогаш не ми било тешко да дадам комплимент, и не ми е јасно зашто на некој би му било тешко!
Најчесто комплименти имам приметено си даваат тие што си се познаваат и лично, исто и мене ми дале комплименти рр што не ги познавам лично, само преку пп сум се зближила, или сме си се нашле во некој заеднички теми!
А има некои РР што се со отворено срце кон сите, да не ги споменувам, не би било фер, ама тие самите си се препознаваат!
Ама јас си правам ќеиф, си читам тоа што ме интерсира, ставив неколку слики, и мислам дека се доволно, и не планирам па баш за се да бидам емотивна во животот! Ама бременоста и хормоните си го прават своето!user posted image user posted image user posted image
Затоа мила уживај, и пробај да си правиш како што ти user posted image user posted image user posted image одговара, ти си единствена и прекрасна мама, на едно златно ангелче Сара!

< Поракaта ја уредил BILE.F -- 26.4.2010 14:13:53 >


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 18:02:55   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

Dali nekogas nekoj se pocuvstvuval zapostaven na forumov? Ste pocuvstvuvale li kako da nikoj ne odgovara na vasite prasanja, nikoj ne odgovara na vasite mislenja nikoj ne komentira na slikite na vaseto dete, nitu pak na vasite sliki? Dodeka pak slikite na drugite decinja se pretrupeni so komentari... Ne sum ljubomorna sto drugite decinja se prokomentirani... Gi sakam site decinja i komentiram na site sliki, no moite sliki skoro nikoj ni da ne gi primetuva, sto e? Sara ne e ubava kako ostanatite? Ne e ubavo oblecena? Se izvinuvam sto go pisam ova, veruvajte deka placam dodeka go pisuvam no navistina ponekogas cuvstvuvam kako da ne me primetuvate...


Росана, мила, дури сега го видов овој твој пост. Сакам да ти кажам дека не секогаш секој може да одговори или да искоментира на твој пост или слика или на било кој друг. верувај секое дете е слатко и најубаво и најмило... ни може било период на затишје, или некој немал време баш во моментот да одговори или да искоментира, но тоа не треба да ти причинува никаков проблем и поради тоа да се нервираш. Јас и оние кои ги знам сум ги запознала преку рр, никогаш не се ограничуваме... се надевам дека еден ден ќе имам прилика сите да ве запознаам, барем сите вас со кои се дружиме тука. Навистина ми е криво што вака си се почувствувала, но само ќе ти кажам немој да се замараш толку со вакви работи, си имаш убаво ангелче радувај му се нему и секој нов ден user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 18:15:49   
Rossana
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Россана, па зошто така??? нема врска..секој коментира таму каде што сака...немој да плачеш, ајде да не сум видела уште еднаш ваков пост...па Сара е прекрасна...Се случувало и ќе се случува...и на моите прашања некогаш нема одговор, и на сликите нема коментар, ама нема врска...Тука сме за сите и никој никому не суди според облека, припадност или незнам какви се критериуми...
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



ИЗВОРНА ПОРАКА: BILE.F


Затоа мила уживај, и пробај да си правиш како што ти одговара, ти си единствена и прекрасна мама, на едно златно ангелче Сара!


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца


Росана, мила, дури сега го видов овој твој пост. Сакам да ти кажам дека не секогаш секој може да одговори или да искоментира на твој пост или слика или на било кој друг. верувај секое дете е слатко и најубаво и најмило... ни може било период на затишје, или некој немал време баш во моментот да одговори или да искоментира, но тоа не треба да ти причинува никаков проблем и поради тоа да се нервираш. Јас и оние кои ги знам сум ги запознала преку рр, никогаш не се ограничуваме... се надевам дека еден ден ќе имам прилика сите да ве запознаам, барем сите вас со кои се дружиме тука. Навистина ми е криво што вака си се почувствувала, но само ќе ти кажам немој да се замараш толку со вакви работи, си имаш убаво ангелче радувај му се нему и секој нов ден



user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Neznam sto mi stana vo momentot, gi gledav slikite, gi gledav temite gi vrtev prevrtuvav po 100 pati i sekade zabelezav deka ako po mene nekoj drug clen pisal mene me zaboravaatuser posted image Sepak nemozam da se pozalam deka na temata za Adaptirana hrana mi pomognavte mnogu  user posted image .Neznam zosto no vo posledno vreme sum premnogu emotivna i pregolema placka, nemozam ni samata da se zamislamuser posted image user posted image user posted image No ete temata so sliki od nasite decinja mi stana kompleks ovaa nedela, iljada pati ja otvoriv i zabelezav deka na moite sliki ima edvaj po eden komentar a skoro i da gi nema, dodeka pak ako nekoj drug prikaci po mene slika, nesakam sega da spomnuvam iminja a za zal mozebi ke se prepoznaat odma pravo brrrrrrrrrr eve gi site so komentariuser posted image user posted image user posted image user posted image Toa nekako me rastazi i me natera da go napisam toa pogore.
ИЗВОРНА ПОРАКА: BILE.F


Најчесто комплименти имам приметено си даваат тие што си се познаваат и лично,


da i jas isto go imam primeteno toa...



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 19:30:27   
mother 29



Најчесто комплименти имам приметено си даваат тие што си се познаваат и лично,



da i jas isto go imam primeteno toa...

јас лично мислам дека ова не е вистина.ете на пр .јас со никој не се познавам лично.а давам и добивам комплименти.јас тоа воопшто не го ни приметувам дали некој ми ја испофалил сликата или колку лике има после тоа!тука сме сите да си помагаме ,делиме искуства и да си се наогаме една на друга во невоља(ама искрено од душата ,а не со лажни маски)!а тоа кој ,колку е испофален на форумот -воопшто не е битно.па ,на крај краева, не сме деца!
и да си кажам и јас ,околу ова што мислам.мислам дека форумот ни е преплавен од комплименти ,честитки и аплаузи.(колку повеке?!)
ај замислете  на што би личело,после секоја слика или весела објава да  има честитки и комплименти од секој рр-членuser posted image п.с ако не се лажам имаше порака од една рр ,која ни посочи на тоа дека има повеке user posted image на форумот отколку коментари?

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 19:52:15   
Glück90
Bidejki momentalno nemam so nikoj so kogo bi mozela da go spodelam ona sto mi lezi na dusa se zacleniv ovde.Komentiram i sakam da bidam komentirana bidejki mi nedostiga komunikacija so luge.Vo period sum koga sakam da naucam nesto poveke za roditelstvoto za site uspesi i site padovi za srekata i razocaruvanjeto.Ona sto mi lezi na dusa iskreno go prenesuvam do site.Nema lazni lica ednostavno nema potreba od toa

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 20:04:29   
ripce
Па и јас сум можеби приметила дека после сликите на син ми нема коментар, ама мене не ми е меродавно мислењето на било која личност дека син ми е убав, сладок, прекрасен итн... ДА ми значат таквите коментари, ама и било која личност да каже дека син ми воопшто не е убав, нема да ме повреди зашто за мене син ми е НАЈУБАВ, како што за тебе Сара е најубава, како што Марко е најубав за Кате, Дамјан за Анета итн... Убаво напишала проф. во својот потпис како беше... Има едно најубаво дете на светот и секоја мајка го има!!!

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Glück90)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 21:40:32   
Cacko
ne sum ni primetila dali nekoj gi komentira slikite na Elena,mozda i nea nikoj ne ja komentirauser posted image pa ne mu se zamaram,bitno ja sum sakala da se pofalam da ja vidite i misijata e ispolnetauser posted image nema ljutis spored mene,secie pravo e da komentira so saka,da komunicira so kogo saka i toa e toa

_____________________________

Think Pink

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 22:32:06   
Rossana
Ve razbiram site, odlicno znam sto sakate da mi kazete, no ve molam razberete. Znaete li kolku se raduvav na tie sliki kade sto se smee Sara, tie sliki i se od prvite nasmevki, ja cekav so casovi da se nasmee za da ja slikam i nekako stoznam... se razocarav koga vidov deka nemaat komentari... E aj sea da se vratime na temata dosta diskutiravme na mojata poraka, temata bese forum & realnost ne zalbi & poplaki user posted image user posted image user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Што е се луѓето (никовите зад кои стојат) на форум,  а што се во реалноста?...
Дали никовите кореспондираат со вистинските личности  или најчесто се сведува на давање лажна слика за себе?... Во колкава мера е застапено себеетикетирање на форум како ваков, потаков, најваков, најонаков... без да се остави место некој сам да донесе заклучок за нечии карактерни особини?..Успевате ли да ја процените реалната личност врз основа на однесувањето на форум?





< Поракaта ја уредил mother 29 -- 26.4.2010 22:47:22 >

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 22:43:57   
Viktori
Се трудам да бидам реална, колку што можам, затоа што сепак се работи за форум.
Не ми е тешко да комуницирам со компјутер, тешко ми е да проценам кој со каков став ми одговара.
А спротивно на тоа, во живо :) можам да дебатирам и да се расправам до бескрај.
На РР се зачленив затоа што сум форумска душа user posted image . Бреме ми се другарки во живо да ме мачат со нивните проблеми, свекрви, мажи, дечковци итн, да ми плачат и кукаат и да ми го реметат мирот, не мачам ни јас никого. Па овде лесно можеш да се одлогираш ако е сив ден user posted image
Инаку Росана, можам да те разберам што ти е маката, не дека е мака вистинска. Мислам дека сите луѓе се исти. Се групираат од градинка, преку школо, па до смрт. По интереси, особини, по мислења на форум, а дури и по најбанални работи како муабети за некого. Ама сепак тоа не е проблем и дефинитвно не е за осуда.
Ама мислам дека не треба лично да сфаќаш. Сепак се работи за форум.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Форум & реалност
26.4.2010 22:49:36   
tereza
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Па овде лесно можеш да се одлогираш ако е сив ден user posted image
Инаку Росана, можам да те разберам што ти е маката, не дека е мака вистинска. Мислам дека сите луѓе се исти. Се групираат од градинка, преку школо, па до смрт. По интереси, особини, по мислења на форум, а дури и по најбанални работи како муабети за некого. Ама сепак тоа не е проблем и дефинитвно не е за осуда.
Ама мислам дека не треба лично да сфаќаш. Сепак се работи за форум.



потпишувам Виктори

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Форум & реалност
27.4.2010 17:46:27   
haley
qахахах Виктори , ептен се сложувам.. имам од работа некои       од постара генерација и као ме прашуваат ШТО толку висиме по форуми и баш тоа им викам.. дружењето е подобро, имаш време 15мин се дружиш и онда трчаш нешто друго, или идеш се тушираш па ај пак.. и така , пали -гаси е :))


(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Форум & реалност
29.12.2012 14:42:56   
kikicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

После долгогодишно присуство на форумов а и на доста други, не можам а да не забележам дека некои работи се сфаќаат пре-лично, дека "сајбер" пријателствата се идеализираат, дека ако еднаш се поддржи нечиј став се очекува дека тоа ќе биде така и со сите следни, контра одговорите на постовите се гледаат како личен напад над одреден член итн...

Од моја гледна точка можам да кажам дека форумот воопшто не ми се преклопува со реалниот живот, со луѓето со кои понекогаш имам сосема спротивни ставови пијам кафе и имаме супер муабет, иако се
"препукуваме" на одредени теми.

Секогаш реплицирам на пост а не на личност. Мислам дека многу малку луѓе ова го сфаќаат и разграничуваат. Што мислите вие на оваа тема?



ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Форумски и реален живот никако не може да се спореди.
Нормално дека некогаш некого ќе поддржам, некогаш со истата личност ќе имам спротивно мислење. Нели е така и во реалниот живот? Зарем со пријателките и комшиките секогаш и за се имате исти ставови?
А и јас лично не би сакала доколку не сум во право за нешто, моите форумски пријателки да ме поддржат само колку да не мислам дека се против мене. Со тоа сметам дека и не ми прават услуга туку штета.
Треба јасно да се разграничи што е форумско, а што реално.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Сум се сретнала со коментари и пораки од типот, епа зошто така па мислев дека си ми пријателка, зборувам за мене или за некој X, тоа мене воопшто не ми е логично...



ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

И јас сакам кога ме исправаат во ставовите, некогаш и самата сум свесна дека грешам, па си барам мислење од други. Во однос на контрирање, јас контрирам да, но не ми се допаѓа кога некој вреѓа.

За идеализирање сајбер пријателства...па свесна сум за моите маани, како и за доблестите, и јасно ми е дека не секогаш може да го видат луѓето доброто во мене. Да се истакнувам немам желба, освен ако некој не изјави дека сака подобро да ме запознае. А можеби некој не ни сака да знае повеќе од мојот став, па останувам на тоа. Сума сумарум, не може сите да те сакаат, а не ни треба, реално.

Е сега сакам да се искажам user posted image , макар тоа било и контра аргумент или став. Но сум против коментари од типот, ајде оди си не ни треба твоето мислење. Е па како некој сака да го искаже своето мислење, а му брани на другиот да си го каже своето мислење бидејќи е спротивно?!

Се на се, здрава комуникација и во реален живот и на форум подразбира искреност, контрирање, споделување искуства, и взаемно почитување на правата на личностите/членовите.

Не е исто, има многу недоразбирања во форумска комуникација, но ако успеат да се надминат, тогаш форумот може да биде основа за прекрасни пријателства и корисни информации во реалниот живот.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Вистина е дека на форумот, јавни групи и сл. има сешто да се прочита, сите сме различити, различито мислиме итн. Мене искрено ми смета, а гледам тоа се почесто, дека обично секаде се оформи како некој клан и си се подржуваат меѓусебно членовите. И ако случајно се појави некој кој сака да си искаже своето мислење, а различито е од нивното, дури и ако е подобро, тогаш се случува тоа што Икана спомна: ајде оди си, не ни требат такви. Тоа е безвезе. Има изузетоци наравно и разумни што можат да согледат реална слика без да им удри на егото.
Инаку, тешко можеш некого вистински да запознаеш преку постовите. Треба да поминеш време со една особа, да го видиш очи во очи, да му ја гледаш мимиката на лицето додека зборува, како се однесува... Лесно е по форумиве да си се претставиме сите убави, совршени и паметни, а многу често гледам дека сме всушност суетни.
Ама има исто така ретки преку чии постови можам да речам, еве ова особа е оваква и во стварниот живот. И тоа се особи со цел да помогнат, да посоветуваат, да споделат и никогаш не влегуваат во препирки, ако имат различито мислење секогаш е искажано на мудар начин без некој да нападнат, осудат и навредат и без да го наметнуваат некому.
А јас? Мислам дека никогаш не сум во некој клан , секогаш си кажам мислењето ако сакам, ако не ме мрзи да пишувам итн. Признавам дека многу пати се откажав од пишувањето баш поради причината да го избегнам напрегањето, само оти ме мрзи после да се објаснувам и тоа трае во недоглед.



ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Мене искрено ми смета, а гледам тоа се почесто, дека обично секаде се оформи како некој клан и си се подржуваат меѓусебно членовите. И ако случајно се појави некој кој сака да си искаже своето мислење, а различито е од нивното, дури и ако е подобро, тогаш се случува тоа што Икана спомна: ајде оди си, не ни требат такви. Тоа е безвезе. Има изузетоци наравно и разумни што можат да согледат реална слика без да им удри на егото.



Е заради ова што го кажа јас веќе не ни пишувам толку многу, а не го ни читам форумов. Порано секој ден цел ден гледав што се пишува, совети, дискусии, а сега...

Како да има околу 10-тина члена и само тие си пишуваат, си се подржуваат, а некој поразличен дојде оп сите против него.

Ова баш се однесува на една дискусија, можам да кажам и виртуелна караница што ја прочитав со Јами-мами, каде сите ја нападнаа, освен Миана, и жената сигурно веќе нема желба ни да пишува.
Сум читала и други вакви напаѓања, и воопшто не беше убаво да се читаат тие коментари, а не пак да се навлегува во истите.

И гледам се повеќе има некои нови членови со по 5-6 поста, колку нешто да си прашаат и толку.

Некако како да се изгуби убавината на овој форум, не знамuser posted image ...



ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Не верувам дека има 10 ина луѓе кои си се поддржуваат , можеби се со исто мислење.
Според мене суштината на форумот е таа, различни мислења, различни ставови, секој има право да си го каже своето мислење и став , секако без навреди кон другите.
Не може секој со секого да се сложува, ниту па да го убедува дека не е во право.
Форум си е форум, живот си е живот.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Не верувам дека има 10 ина луѓе кои си се поддржуваат , можеби се со исто мислење.


Пепелашка, еве ти со оваа твоја изјава веќе се вброи во тие десетмина user posted image Па се разбира дека како дел од Рингераја ќе си кажеш нешто во одбраната. user posted image

Јас ете си го кажав своето мислење од мојата точка на гледиште и ти сега ни викаш, не бе грешка си, веруваш ли ти на мене или на своите очи. user posted image

А инаку, јас со мојот пост мислев генерално на сите форуми, групи на фејсбук и сл. Јас со мојот пост не сум негативна, не сакам и не можам да ги променам работите, само кажувам моето запажање.
Да, форум си е форум, ама на многуте им е и живот. На мене ми е дел од секојдневието, значи дел од животот, и штом не се претставувам нешто што не сум значи дека ми е живот, не друг живот или имагинарен свет каде бегам од реалноста.





ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Пепелашка, еве ти со оваа твоја изјава веќе се вброи во тие десетмина . Па се разбира дека како дел од Рингераја ќе си кажеш нешто во одбраната.



ПОТПИС user posted image
Истото си го помислив и јас.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Не значи дека ако не си дел од РР , немаш право на нешто и слично.Тука сите сме еднакви , ама баш еднакви по вера, националност, материјално , физички , психички и секако.
Жално е ако се мисли дека само одредени членови во случајов модератори, се поддржуваат.
Ако седнеш да читаш на сите теми ќе видиш дека има и спротивности и помеѓу нив.
А ако мислиш нешто лично за мене слободно отвори на мојот профил и читај постови па кажи ми дали сум нападнала нечие мислење и став?

И мислам дека сепак форум и општо виртуелен свет не треба да ни биде замена за вистински живот.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Пепелашка, не се разбираме очигледно, а ме мрзи да се објаснувам пошто веднаш гледам залудно ќе биде.
Ти не се пронаоѓај веднаш, не земај лично, што може некој да има против тебе? ... Ете, за овакви случки е темава. Чист пример.

Ама морам да додадам, воопшто не разбирам таа фраза виртуелен живот не е замена за вистинскиот живот. Не може да биде замена колку и да сакаш, ама е дел, штом поминуваш време и трошиш време на него, без разлика колку минути или саати во денот, значи дека е дел, нели? user posted image




ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Добро бре луѓе што е со вас? Може ли некој да ми ги наброи тие 10тмина што се подржуваат, заговараат, се здружуваат против останатите? Досадно е веќе да се чита едно те исто. Кажете јасно и гласно! Плус очигледно некој го чита тоа што сака да го чита и како што сака да го чита. Како прво немаат сите ист начин на изразување и тоа мора да се прифати. Некој е поостар, некој е помек. Тоа е тоа. Искрено ако сметам дека сум во право, и те како ќе се борам за својот став па кој како сака нека го сфати тоа. Оставам простор и другите да го направат истото.

Искрено жалам за овој овчичка синдром, еден пишал нешто и одма сите - Ејјј да бе во право си! И јас така мислам.

Која е поентата на форумот ако нема различни мислења, ставови? Па и караници од некој вид? Ако успееме на крајот да донесеме некој добар заклучок, зошто да не? Само што најчесто суетите се преголеми за да се признае или смени мислење.

И со овие постови напишани погоре само се потврдува она што веќе го напишав, сите работи се сфаќаат многу лично, а не би требало



ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

tema so ist naslov no poinakov prv post imavme veke ednas odamna

a jas moram da si priznaam deka sum golem seirdjija i molam otvarackata na temata da me upati sto ja inspirirase da ja otvori, pretpostavuvam deka sum propustila nekoe letanje perduvi denovive dur me nemase user posted image i lubopitnost ke me ubieuser posted image ili moderatorite po obicaj azurno veke izbrisaa se i jas moram da bidam osudena na neznaenjeuser posted image

inaku nemam sto da kazam osven deka ponekogas imam vpecatok deka premnogu licno se sfakaat diskusiite
imam vpecatok deka se ocekuva ovca sindrom i toa me iritira
imam vpecatok deka citiranjeto na post se sfaka negativno, i ne razbiram zosto
imam vpecatok deka na napisani dva tri posta na ista tema vo kratok rok se gleda negativno i kako nepozelno odnesuvanje i ova isto ne mi e jasno
nemam vpecatok deka stari clenovu ne pisuvaat, pisuvaat na novi temi, ne ocekuvam nesto sto e predjvakano postojano da im bide aktuelno i interesno
i ne mi e jasno zosto se provlekuva idejata deka forum i realnost za nekogo e edno isto ili postojano se potencira deka nekoj na forum se pretstavuva realno ili nerealnao, neznam sto se ocekuva, ako izneses mislenje da prilozis i slika kako dokaz liuser posted image




ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Не е секој форум исти, ниту со иста намена, цел, ниту секој форум посетува ист тип на луѓе.
Ово е семеен форум и се знае кој го посетува, луѓе семејни или што планират да засноват семејство.

Како таков форум ме изненадуват такви изрази и прозивки дека некој има синдром на овцичка. Според мене, тоа е навреда на личноста (бидејќи преку нашите постови ние претопуваме нашите мислења, размислувања, нашето јас) и вооппшто не ми личи на здрава комуникација. Посебно неприкладна бидејќи е дадена од некој кој е администратор на форумот, самиот администратор го гради имиџ на форумот според својата личност. На нас членовите е да избереме дали ни се допаѓа таков начин на "Водство" или не.
Јас сум сепак повеќе за форумот да пружа почит, подршка и помош ако е веќе семеен user posted image Ако одам на некој тинејџерски форум, нормално дека некои работи и изразувања нема да сфатам сериозно (иако не се добри), ама некако ќе ги очекувам на такво место.
Пак велам, не пишувам ова со негативни мислења, ова е само моето размислување, во реалниот живот е исто нормално да сите имаме различити мислења и ставови, и со најблиските не секогаш се сложуваме за се, тоа нема што да се расправа, и со најблиските се караме, а не па на форумот дека не треба да има караници? Се е тоа нормално, само додека да бидат во оквирот на здраво, може и караница да има добар исход, ама ако е без лични навреди и прозивки. И сите сфаќаме лично бидејќи ако сум во право и ако си го бранам своето, го бранам оти е моето ЛИЧНО, па го сфаќам за лично и не можеш да останеш рамнодушен.
А поентата на мојот првиот пост не беше во десетммина луѓе, тоа беше покасно извадено од контекст, па и се нашалив со Пепелашка, мојата поента беше дека пречесто читам коментари: е што му давам чоколадо, ајдееее ние сме несовесни мајки (и тука се створи еден клан и сите се тапшат по рамиња и се подржуваат), а го избркаат оној кој се залага за нешто здраво (знаеме сите да е подобро). Не дека јас на моето дете не му давам чоколадо, ама имам почит спрема оној кој сака да му дава уште нешто што е поздраво. Или пример: е а како ние одраснавме и што ни фали, здрави , прави. И пак се створи некој клан на друштво каде се сите меѓусебно појаки , па ги напаѓаат поразумните итн.
Ете, не ме мрзеше да се објаснам сега. Пепелашка, ништо лично user posted image




ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring

Не сум којзнае од кога на форумов , не цела година...и се изначитав се и сешто.
Не знам зашто ве лути ако некој се согласи со нечие мислење...т.е ако пише потпис...немаме право на исто мислење ??? е ајде ке пишуваме исти работи само филувани на различен начин, па ќе повтараме исти работи по 100 пати и ќе се докажуваме ! може така ќе бидеме попаметни до овчичкиuser posted image user posted image
Според мене треба форумот да се користи рационално ...како и во реалниот живот нешто да се проќути, нешто да се зема со резерва, некогаш да се признае грешката
и на крај краева не може ништо да се идеализира, ни на форум , ниту во реален живот...ако тоа се прави тогаш има некој проблем подлабоко во самата личност...не можеш да очекуваш дека некој кој еднаш ти помогнал со некој пост да мислиш е сега ми е супер френд од форум , и да се вреѓаш ако те изруга во друга тема... Треба да си стоиш на твојот став и да си го браниш аргументирано .




ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka


Ajdeeeeeee sega i ovci ispadnaa RR-ki??????
Tuku Forumov neli bese za site,a ne za 20-30 lugje...od koj polovina od tie nekako go tupaat forumov so nivnite realni kompleksi ili pak cekaj ke pisam da se dokazam nekade zatoa sto vo realnost nemozam.......ajj tapa e veke!!




_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Форум & реалност
29.12.2012 14:44:50   
kikicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Дечки, да не излегуваме од контекст- никој никого не нарече ОВЦА, туку ставот беше дека не треба да се очекува -овца синдром- (иако именувањето на појавата на истомисленост или поведеност по еден став и мене не ми се допаѓа, може да се нарече и поинаку). Можеби некои членови се погласни, поистакнати, поостри во коментарите, но секој кој има свој став, мислење и самодоверба, не треба да го иритира тоа. Лично јас ако имам нешто да прашам или да се изјаснам по некоја тема, ќе го сторам тоа,само заради себе, и ќе стојам зад тоа. Нема да ме предомисли ничие поостро реагирање.Ако сметам дека треба да се дообјаснам-ќе го сторам тоа, ако не-ќе изигнорирам. Дајте да не креваме непотребно тензија, форумов е за дружба и размена на искуства, не за паметување user posted image .



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Форум & реалност
29.12.2012 15:05:24   
deluxe
Abe luge ne mu ja "tupete"ova e forum za zabava i spoeluvanje iskustva od sekojdnevieto.Mene ne mi smeta ako nekoj mi rece:" ne e taka vaka e"-ok toj taka si misli ,jas poinaku ne se trudam da mu nametnam moe.Jas konkretno na forumot postavuvam prasanja za nekoi raboti i ocekuvam odgovor ako me bendisuva odgovorot bi go primenila ako ne Ne! pa i neka ima 10-20 luge protiv moeto mislenje ne mi smeta tie si mislat taka imaat takvo iskustvouser posted image sepak od iskustvo site pisuvame neli ?? imase slucaj kade na odredena tema mu dadov utesitelni zborovi na eden clen za nekoj negov problem a toj mi vika;"znam" i sto sega treba lutacki? ne me svatil sto sakam da m u kazam toa e toa zborovitew ne se nekogas dovolni i zatoa pogresno se svakame i se lutime na nekoi raboti.a ako podrzam nekoj vo ogovorot ne znaci deka vo drugo ke go poddrzam ,ednostavno sme imale togas isto mislenje,no za drugo mozebi ke se sprotistavimeuser posted image Ajde mili moi mamicki ve molam pozitivno raspolozenie PRAZNICI SE BLIZAT !!!!!!!!!!!!!!!!!user posted image user posted image

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Форум vs. реален живот
29.12.2012 16:09:06   
niki
ovca sindrom za mene ne e koga so nekogo imas isto mislenje, tuku koga tugoto mislenje go proektiras na sebe se pronaogas vo nego i so svoite istomislenici trgas vo napaganje na protivnikot bez argumenti tuku mu nametnuvas deka tebe i tvoite istomislenici gi navredil licno
pr. ajdeeeeee sega ispadnaa rr-ki ovci???????? davam cokolado sto nemajka sum???? dupnuvam usi na deteto ne mu mislam dobro?????? i site koi isto ke pomislat ajde vo objasnuvanje deka ne se nemajki, ovci, deka mislat dobro vaka ili onaka i temata se pretvora vo raspravija i objasnuvanje zaradi eden zbor koj nikomu licno ne e upaten i e pred se pogresno svaten, a svaten e bukvalno, najbukvalno mozno a vsusnost drugiot se izrazil upotrebuvajki metafora

navistina bi bilo ubavo koga bi mozele da frstat metafori od tipot, majki lavici i tigrici, zeni sireni i tn. no vo realniot zivot, kako i na forum site pojavi ne mozat da se opisat samo so pozitivni epiteti i treba toa da se prifati taka, nikoj ne e sovrsen a toa sto ne e sovrsen ne go pravi ni pomalku ni poveke vreden


< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 29.12.2012 18:53:36 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Форум vs. реален живот
29.12.2012 19:01:55   
Beatris
Колку што можам да забележам само ники ја разбра поентата на мојот првичен пост. Ниту сум нарекла некого овца, ниту се замарам со нечија интелигенција! Како и да е уште еднаш се докажува она дека се се сфаќа лично и не се разграничуваат работите. Искрено, жалам што е тоа така, се надевам дека ќе се промени.

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?