RE: Капење на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


STRUMFETA -> RE: Капење на детето (18.2.2010 23:38:04)

I jas Filip od koga zaladi pocnav po 2 pati vo nedela da go banjam.Neznam kako vie,ama  jas seuste go banjam vo dnevnata do kaminot na toplo,i uziva se dodeka ne izladi vodata.




Mila na mama -> RE: Капење на детето (19.2.2010 7:40:54)

Мила има 18,5 месеци и ја бањам секоја вечер пред спиење. Може сме прескокнале 2-3 пати досега ако била преморена па ми заспала ама таа си знае дека ритуалот иде бањање, брмкање со фенот млеко па нани нани и сама си бара си ужива во водата се прска со тушот никогаш не се разболела.




mami -> RE: Капење на детето (19.2.2010 7:58:28)

Еве и Лука е ист..иако е ладно се прескокнува капењето само ако е премногу уморен. Инаку сме секогаш во када, некогаш и само на туш- зависи колку е расположен и колку му се спие[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




biljana16 -> RE: Капење на детето (19.2.2010 8:45:31)

Jas Mihail go banjam sekoj den. Uziva vo banjanjeto i ne sakam da mu go skratam toa zadovolstvo. Sega normalno ako ne sakase vodoa mozda nemase da go banjam sekoj den. Inaku place stom ke zavsime so banjanjeto.




Cacko -> RE: Капење на детето (19.2.2010 10:21:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

никогаш не сме се бањале секој ден. западните стручњаци препорачуваат обратен пристап. имено, помало бебе поретко бањање, поради помала активност, но и поради заштитниот одбрамбен слој кој кожата го создава како заштита од надворешни влијанија. со секојдневно бањање заштитата се симнува и организмот е помалку отпорен на нив. оттукаа и честите иритации. поголемо дете кое оди и си игра надвор доаѓа во контакт со се и сешто треба почесто да се бања/мие. се држевме до ова и еве ништо не му фали. напротив, силен и отпорен.

i nie Elena do 2 meseci ja banjavme sekoj den ama posle koa zaladi esenta pocnav da ripam eden den i do sea fala bogu super sme.mislam deka muabetot na bocko drzi voda




betpet -> RE: Капење на детето (19.2.2010 11:08:51)

По некој стари навики на возрасните и ние моравме на почетокот задолжително да ја бањаме секој ден.Јас не бев да се бања секој ден, ама кога си во заедница така ти е тоа. Понекогаш кога е многу ладно или ако не можеме од оправдани причини прескокнуваме преку еден ден.Инаку тоа го правиме на топло во соба и таа ужива да се бања и шлапка, се додека водата не се излади. ЕЕЕ после почнуваат плачките за бришење и облекување, зошто тогаш почнува да и се спие, јаде  и сакаш ли плачки. 




Весна -> RE: Капење на детето (19.2.2010 11:39:31)

Ниту јас Јана не ја бањам секој ден. Прескокнувам ден па и два. Дури сега лека полека се трудам да фатам некаков ред околу бањањето, но во никој случај не ја будам за да ја избањам. Една комшивка кажуваше дека ќерка и` си го будела детето за бањење за потоа со маж и` на раат да гледале ТВ. А тоа плачело ли плачело. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image] Тоа да фатиш и пет кила ќотек да им удриш!
Туку, чек јас за своето да си докажам :) Јана ужива во капење. Ми се смее, прета со нозете, со рацете, уште од сега лом прави наоколу. И секако кога ќе почнам да ја облакам почнува и песната плачлива :) Потоа веднаш цица и мирно си заспива. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mis. -> RE: Капење на детето (19.2.2010 11:45:37)

До 1 година сум ги бањала секој ден и тоа го правев пред спиење.ќе ги избањав и поубаво си спиеја ноќе.откако наполнија годинка и за дв ајцата фати зима па го изретчив бањањето.




matushka -> RE: Капење на детето (19.2.2010 11:50:03)

Mateja ima 1 god i 10 mes i go banjam sekoj den. Dodeka ne bese stabilen go banjavme u koritce vo dnevna, a sega go banjam vo kada i sekogas so nezno bebesko samponce...i mirisi preubavo...




sinolicka -> RE: Капење на детето (6.5.2010 23:18:23)

porana sekoj den a sega bez pravilo koga ke ni tekne nekogas sam ke pobara da se banja otprilika 3-4 pati nedelno




Џесика -> RE: Капење на детето (20.5.2010 15:57:36)

И јас Борјан до 1 година го бањав секој ден, преку лето и двапати во денот, сега кога има веќе 1 година и 4 месеци, секојдневно го туширам, онака колку да се освежи, а она комплетно бањање со полнење када и триста играчки се случува 1 до 2 пати неделно... инаку во никој случај не можам сама да го бањам, многу ми мрда, плиска насекаде,а не е стабилен во стоењето...
Инаку имам еден проблем во бањањето... кога му ја плакнам косичката, многу панично срипува и прета како да ќе се удави...и почнува да плаче... веќе не уживаме во бањањето толку како порано...




Maca25 -> RE: Капење на детето (19.6.2010 23:24:20)

Ја тушираме секоа вечер пред спиење Нина. Деновиве дека беше многу топло, ја туширавме и преку ден пред спиење и спиеше по 2 саати преку ден (тоа не се случува обично). Обожава да се плиска со вода. До пред една недела ја бањавме во кадичка, но сега почнавме во туш кабина со тушот. Она си седи на едно пластично столче и фаќа се околу себе, а јас ја туширам. Летно време многу ретко ја мачкам со млеко, а инаку користиме Бубхен и Мустела.




Anushka -> RE: Капење на детето (19.6.2010 23:37:19)

бравооооо за Нина! Голема мома под туш... Мора да е слатка!
Мојата Мила уште нема една година и секојдневно се капеме во кадичка. Инересно за неа е што уште од 6-7 месеци обожува да нурка! Многу е смешна...




Maca25 -> RE: Капење на детето (19.6.2010 23:45:00)

нина ми го зема тушот од рака и ја лиже водата . ептен е смешна. се однесува како голема некоја.
Анушка браво за Мила. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Нина не се сеќавам дека ја пикала главата во вода, може само да ја проба што вкус има (затоа никогаш не правев пена). [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: Капење на детето (14.8.2011 10:46:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

До која возраст ги бањате вие вашите деца? кога е време да почне то а само да се бања без ваша помош? Не се сеќавам нас мајка ми кога не остави првпат сами ...


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

мислам дека Лука е веке готов сам да се бања сам оди во купатило, сам си влегува во када, сам се тушира со тушот..уште да научи сам да излегува од када и да се облече и сам ке го пуштам сериозно, вие мамички кои имате и постари дечиња, на која возраст почнавте?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Машките не се оставаат многу брзо сами да се капат, не знаат од мали да одржуваат хигиена на интимниот дел. Јас Марио го капев до петто одделение, а исто и пријателките кои имаат машки деца, некои дури и подоцна ги оставија сами да се капат.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksandra

Jas Luka uste go banjam no sam si go banja kureto, ke mu dadam penja od kupkata vo racinjata i sam si go otvara kureto i go banja, mene mi ostanuva samo da go izmijam so tusot, dodeka Ana veke sama se banja jas odam i ja mijam kosata, drugoto e nejzina rabota.


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Mami mnogu mal nezavisen tvojot.
Jas moeto devojce seuste go banjam. Znae taa i sama da se istrie imitira mienje kosa i se toa, ama toa nejzinoto sepak ne e dovolno dobro da ja ostavam sama da se banja. Taa stava sampon na glava i se trie samo vo predniot del, ako ne i kazes da gi istrie racete nozete nema da go napravi toa, mnogu poveke se slapka vo vodata i si igra otkolku da obrnuva vnimanie na higiena. Znam deca koi se mnogu pogolemi od nea i odat na uciliste pa ne se banjaat sami. Jas se sekavam deka pocnav sama da se banjam koga bev petto oddelenie, veke mi bese sram da se soblekuvam pred majka mi i jas bev taa koja insistirase na toa, da ne bese taka majka mi ke prodolzese uste da me banja.
A Luka tolku mal se toa da pravi e prosto ne mi se veruva.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

добро тој сам влегува во када и му го даваме тушот и повеке си игра со него, ама ете јас го мачкам со сапун а мм го држи и го учи со рачињата како да си го трие мешето и веќе сам почнува тоа да го прави, ко што тргнал на 3 години ке пуштам сам  


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica RR

ќерка ми е уште мала. сака да се бања но мислам дека ќе ја бањам додека дозволува а и сега и оставам враме да си игра во водата нели сама да се бања





Felly RR -> RE: Капење на детето (14.8.2011 10:48:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepe

Ne sum sigurna dali na drugo mesto ima vakva tema,ako ima premestete ja.Mene mi se pojavi golem problem....Do sega,potocno 14 meseci ,nemavme nikakva poteskotija da se kapeme ..Imavme problem da izlezeme od voda...Od pred edna nedela,pocna da ne saka da vleze vo voda...I se si mislam deka se isplasi od tusot ,koga se probav da  ja dotoplam vodata,zosto si igrase vo nea 20 min i pocna da se ladi..Prethodno voopsto ne go uklucuvav tusot vo negovo prisustvo,nego vo dve kofi,spremav voda za plaknenje..I sega vistinski ne znam sto da pravam...probav i so lazenje i so igranje i mislam deka mnogu tesko kje ni odi rabotava.A ne sakam kapenjeto da mu bide trauma i da place...Mamicki ve molam pomognete so nekoj sovet....




Felly RR -> RE: Капење на детето (14.8.2011 11:01:10)

Пепе, и Матеа не го сака тушот, неколку пати пробав, ама одма почнува да плачи, да се буни, и сега полнам и јас во едно легенче вода и ја потурам со чашка. Пробај кадичката стави му ја во соба, а не во купатило, па кога ќе види дека нема туш може ќе сака да се капи.




AnnaMolly RR -> RE: Капење на детето (14.8.2011 11:10:36)

Исто и Филип ми се плашеше од тушот и едно време поради тоа не сакаше да се бања. Ама сега кадичката му ја полнам, па после го ставам во неа и не го пуштам воопшто тушот додека се бањаме. Пробај залажувај го со играчки, нека не го гледа тушот и ќе се опушти.




arh_diz -> RE: Капење на детето (14.8.2011 12:01:25)

Jas so tus go banjam od polni 2 meseca, koga ke go vidi tusot se raduva toa mu e nesto najinteresno vo kapenjeto




Maca25 -> RE: Капење на детето (15.8.2011 15:00:41)

И Нина се плаши од тушот многу. Не знам зошто. Кога беше бебе со туш ја бањав, сега не дава, одма почнува да бега. Сега имам друг проблем - миење коса...е тоа ми е ноќна мора. Не можам да и ја измијам убаво косата, не дава да и ја намокрам, ако успеам да и ја намокрам и да и ставам шампон, не дава да и ја исплакнам. Мака мачам сега со тоа. 




*miki mami* -> RE: Капење на детето (15.8.2011 23:09:53)

sin mi bas go obozava tusot koga ke go vidi skoka od radost i ne dozvoluva da go drzi nikoj osven on[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: Капење на детето (23.9.2011 22:36:57)

Ние го надминавме стравот од тушот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Еднаш реков ај да пробам, Матеа беше заиграна со две пластични чашки (така нон стоп додека се капи, си игра со водата од кадичката) и и го пуштив тушот, ама како беше заиграна, ич не го ни примети, и од тогаш со туш ја капам, нема гајле сега[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: Капење на детето (11.5.2012 14:01:11)

Do godinka ja banjav sekoj den,pa zimava bidejki bese ladno ne ja banjav tolku cesto da ne nastine,na 3-4 dena,ama letovo planiram sekoj den ili vtor da ja banjam...
Inaku seuste ja banjame vo koritceto,i toa vo dnevna,uziva da si igra samo najgolemiot problem e koga i ja polivam glavata vristi pisti sto da vi kazam,ic ne trpi koga i ide voda na lice...planiram da ja banjam vo kada i po drugo e so tus nabrzinski...




vezilka RR -> RE: Капење на детето (11.5.2012 14:08:42)

Леле и Никола не дава вода на главата никако. Се бањаме во корито ама коритото во када, и нема проблем со тушот, ама само не на главата. Кога тоа ќе дојде а ред, има вриштанција малку. [sm=smiley36.gif]. Инаку и ние зимава на три дена се бањавме, ама како затоплува, ќе зачестиме.




Pepelaska * -> RE: Капење на детето (11.5.2012 14:15:12)

Леле везилка, колкаво е твоето дете, како што гледам ама баш исто е ккако моето , изгледа тука се негде и според другиве постови твои , и М не сака ич вода на глава, сеќава кога треба да го потурам и станува сака да избега од корито[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>