Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 15.1.2012 23:23:51
SkCura77
Археолог. Се занесував дека треба само малку да копнам некаде па да излезат чудни, волшебни садови што исполнуваат желби. Кога пораснав малку и кога сфатив колку треба да учам и научам, се премислив. Ми остана само страста за пирамидите во Египет, дека еден ден ќе влезам во нив и ќе ги допрам!
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 15.1.2012 23:43:09
Ikana
ahahah i jas! A kopkase niz dvor ili pred zgrada?? Jas se prekopav, so detalen opis za anjdenite otpadoci...ednas duri i se zanesov deka piratsko bogatstvo baram, pa bunar recisi iskopav!
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 20.1.2012 10:12:54
Melanija RR
Нисто посебно помалку глумица зошто најмногу ги глумев пеачките но без пеење (антиталент)
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 20.1.2012 20:22:57
kuklicka26
Кога бев мала прво многу сакав да бидам докторка по цел ден со сестра ми и со другарките од маалото си игравме на докторки,сестра ми ми беше пациент јас ја прегледував и ставав инекции и препишував рецепти имав вистински рецепти мајка ми ми порача вистински печат со мое име,а докторката моја матична ми даваше шприцеви и празни шишенца од инекции(само игли немав),и некои апчиња шо имаше по дома и бев вистинска докторка со слушалки со се.Но со текот на времето ми се смени мојата желба кога ја гледав мајка ми она беше книговодителка и носеше дома документи и јас и помагав од мои 9 години некаде пресметував и на дигитрон ми покажуваше и изработував докумети и таа ќе ми ги прегледаше без грешка беа.И сега сум сметководител желбата ми остана од мала и многу си ја сакам работата.Завршив факултет како што си поставив цел и го работам баш она што сакав.
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 23.5.2013 13:36:56
Mihaela 2010
Kako i povekjeto devojcinja,taka i jas sakav da bidam,ucitelka,prodavacka ...no nemav nekoi posebni zelbi ne se ni zamarav so toa,imav prekrasno i srekjno detstvo ispolneto so mnogu smea,radost i igra
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 23.5.2013 14:15:28
mama_06
Сакав да бидам ЈАПОНКА! Опседната бев со Јапонија. Моја изјава на 7 години: ,,Ќе се омажам за јапонец и знам дека децата ке ми имаат коси очи, ама дали и мене ќе ми се искосат очите??!!,,
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 9.6.2014 1:06:27
Defne90 RR
Јас сакав да бидам учителка, а можеби и ќе станев да не станев мајка на 20.Хи хи и уште ме држи сонот од детство право да ви кажам.Којзнае може некогаш и ќе го исполнам.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 9.6.2014 17:16:47
princessa
Јас сакав да бидам докторка и на секој маскенбал се маскирав ко докторка. И дури се спремав и за приемни цела година за на крај да се премислам во одлуката и се запишав на машински . Да не си ја променев одлуката немаше да го запознаам мм па затоа сум среќна што завршив вака
_____________________________
All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!
RE: Кога бев мал/а сакав да бидам? 26.8.2014 14:52:09
Melanija RR
Сакав да бидам и адвокат , со сите да се убедувам и објаснувам кога сум во право ,е сега се тоа правам ама без диплома
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни