Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Плачам само кога сум во друштво самата со себе, пред друг НЕ ПЛАЧАМ (мама и баба се исклучок )...Си плачам најмногу кога се самосожалувам и кога ќе се скараме со мм. Почесто се расплачувам од среќа отколку од тага
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
Јас многу често можам да се расплачам, еве најсвеж пример нашата Рингераја многу често ме рсплакува со некои постови кои се навистина срцепарателни, најчесто ме расплакуваат тажни животни истории и некој филм на ТВ.
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
прашање е што не може да ме расплаче мислам дека и како бебе не сум плачела толку, незнам што ми стана ама последнава година на се живо рикам, мм веќе не ме ни приметува само ќе ме праша пак плачеш а? Искрено веќе почна ужасно да ми пречи немам осет не бирам место ни време, нешто ќе видам ќе ме погоди и оди смири ме
И јас сум голема плачка, доволно е да се сетам само на некој момент и одма врекнувам... и многу се мразам поради тоа, прво ќе се изналигавам, па после ќе се кавгам. Јас сум ти само за во турско-шпанско- индиска серија, има да потопам све
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
Првокласна плачка сум и јас, особено на некои ептен емотивни сцени реални и на филм, еве сабајлево ме расплака еден разговор со една личност која многу ми значеше во минатото
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
Ronam solzi na reklami, se smeam so solzi...eve pred malku me rasplaka prikaznata na Melanija, a inaku placev citajki gi i site drugi porodilni prikazni....Placam na vesti,na film, zivotni sudbini...Ama si placam skrishum, nikoj da ne vidi :-)
placam mn mn retko,isklucivo sama pred sebe mm me nema videno rasplakana vika sum bila emotiven dibek ..jas sum od onie tipovi sto sobiraat vo sebe sto mislam deka e mn loso,podobro da moze covek da se iznaolace i da si olesni odkolku da sobria.ne placam na filmovi romantiki potresni ljubovni sceni...
порано бев голема плачка, ама сега станав мама и сум многу цврста, ништо не можи да ме извади од такт, речиси и да не плачам, а мислев дека ќе биди обратно
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
Еве зошто мајките плачат Зошто плачеш? - мало дете ја прашува неговата мајка. Затоа што сум мајка одговорила мајката Не разбирам, вели детето. Неговата мајка само го прегрнува цврсто и му вели: "Никогаш нема да разбереш!" Подоцна момчето го прашало татка си, зошто мајка му изгледа како да плаче без причина. Сите мајки плачат без причина, бил одговорот на таткото. Кога момченцето пораснало и станало маж, сеуште се прашувало зошто плачат мајките. Затоа, тој конечно решил да стави крај на недоумицата и се обратил кај Бога. Боже, зошто мајките плачат така лесно? Бог одговорил: Гледаш, кога ги створив мајките, тие мораа да бидат посебни. Нивните рамења ги направив доволно силни за да ја носат тежината на светот, а сепак доволно нежни за да дадат утеха. Им дадов внатрешна сила да го издржат раѓањето и потоа отфрлањето, кое многу пати доаѓа од нивните деца. Им дадов таква издржливост која им помага да продолжат, кога сите други ќе се откажат, и да се грижат за своите семејства, и преку болест и замор, без да се жалат. Им дадов чувствителност за да ги љубат своите деца во секакви услови, дури и кога нивното дете ќе ги повреди многу лошо. Истата чувствителност им помага да направат нивното повредено дете да се чувствува подобро и да ги споделат нервозите и стравовите со тинејџерите. Им дадов солза. Таа е ексклузивно нивна, за да ја употребат секогаш кога е потребна. Тоа е нивната единствена слабост. Тоа е солза за човештвото.
< Поракaта ја уредил zapce -- 26.7.2011 13:51:39 >
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
И јас сум голема плачка, доволно е да се сетам само на некој момент и одма врекнувам... и многу се мразам поради тоа, прво ќе се изналигавам, па после ќе се кавгам.
ista sum i jas!
_____________________________
Солзата е нејзин начин да се изрази, нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост, нејзината болка и нејзината гордост!!!
леле сабајле во никое време бидејки станувам уште во 5 на хрватска1 имаше црно бел филм со расна тематика односно за правата на црнците во Америка. Абе со липање си плачев една цела ролна тоалетна хартија потрошив. Мм до мене хрчи спие гајле нема ја липам ли липам