Боцко -> RE: на прво место? (25.5.2009 21:46:45)
|
јас на оваа тема имам многу тоа да кажам, но едно по едно. мами има право, прашањето беше кој е на прво место, а не кој повеќе се сака. се разбира дека двете најважни жени во животот на еден маж тој ги сака, но двете на различен начин. но, според мене, секој маж треба да знае дека жената треба секогаш да му биде на ПРВО место. мајките се сакаат цел живот и тука се кога се потребни по разни основи. но нивната функција е да го одгледаат, подигнат и воспитаат младиот човек, да го подготват за животот и (можеби) да го научат како вистински да ја сака својата идна избраничка. колку и да и е тешко, мајката треба да знае дека нејзиниот син еден ден ќе отиде од дома да основа свое семејство. ако успее да го научи да даде љубов, тогаш правилно воспитала маж и иден сопруг. дури, правилното таа да служи како коректор ако забележи дека мажот не се однесува добро кон својата сопруга. не идеализирам и не претерувам. кога мажот ќе ја најде љубовта на својот живот и ќе биде подготвен да формира со неа семејство, со претходниот живот е готово. таа е на прво место, бидејќи тоа (ново) семејство е сега неговата основна клетка околу која се врти се и за која тој се бори. не мислам дека треба да го запостави старото семејство, но тоа е сега вториот круг (како кога фрлате камче во вода па се прават концентрични кругови). ако постои ваков развој на нештата, нема да има расправии помеѓу снаи и свекрви. но, за тоа да функционира потребно е синот и мајката во текотна воспитувањето да развиле однос на блискост и навика да разговараат. само така, подоцна тој во разговор со неа ќе може лесно и безболно да ги изложи аргументитеи да ги расчисти нештата. не велам дека ќе нема отпор и борба на суети, но велам дека коректни односи се гадат од најмали нозе. тоа е инвестиција за цел живот.
|
|
|
|