Gaia -> RE: Одвојување на плацентата (6.12.2012 13:32:09)
|
Не ципи рипи, ништо не ми измери, или бар мене ништо не ми рече за грлото на матката. Кога ме гледаше на ехо рече дека се е добро, бебето добро напредувало, точно до ден си одговарало на 16та недела, плацентата била на преден зид поставена, што јас незнам што значи тоа и го прашав и рече немој да се секираш се си е во ред. Крвна слика правев денеска, малку само ми се покачени леукоцитите ама ми рекоа тоа било нормално за трудница, во понеделник ги земам резултатите од уринокултурата па треба да одам пак да ги види, ама нареднава недела ќе одам и кај друг др. за да чујам уште едно мислење за плацентата. И мене малку ми дојде чудно кога ми кажа дека и да било така како што му се видело нему, дека плацентата била малку како одвоена, за тоа немало никаква терапија, си викам зар така се оставаат трудниците на милост и немилост на времето[sm=smiley19.gif] Да си нема човек работа со доктори, така најдобро е изгледа.
|
|
|
|