Еца -> Стандарди за рано учење и развој на децата во Р.Македонија (29.11.2009 16:00:03)
|
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, преставуваат генерална вредност на која се потпира Националната програма за развој на образованието. Во рамките на раниот детски развој, обезбедување на стимулативна и безбедна средина за квалитетно рано учење е претпоставка за постигнување на понатамошен успех во рамките на образовниот процес кај секое дете. Процесот на развојот на Стандардите за рано учење и развој, кај децата од 0 до 6 години, е воден од следните принципи: 1. На сите деца, без разлика на полот, етничката и религиозната припадност, социоекономските и културолошките разлики, како и различните здравствени и посебни потреби, треба да им се овозможи влез во образовниот систем; 2. Сите деца можат да учат. Тие заслужуваат високи очекувања во нивните достигнувања во процесот на учењето, а се во согласност со нивната возраст и социокултуролошките карактеристики; 3. Децата најдобро учат преку играта. Во процесот на учењето, играта се прифаќа како инструмент за учење; 4. Средината во којашто децата учат ја поттикнува љубопитноста и е во согласност со нивните физички и емотивни потреби, со цел да се чувствуваат безбедно; 5. Развојот на учењето кај децата е целосно условено од квалитетни воспитувачи кои се заинтересирани за сопствено континуирано професионално унапредување, развој и соработка со децата и нивните родители; 6. Почитување на персоналитетот и индивидуалните специфичности, потреби, интереси и можности на секое дете, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби, како и децата од сите социоекономски и етнички средини; 7. Содржините на стандардите ги опфќаат сите домени од развојот на детската личност, без фаворизирање на поедини домени. Холистичкиот пристап во развојот на стандардите е основа за нивно подготвување, со оглед на тоа дека детето го осознава светот како целина; 8. Заедничкото делување на семејството и заедницата, во поттикнување на развој на рано учење кај децата; 9. Сите деца имаат потенцијал да постигнат најголем дел од очекуваните стандарди во одредена возраст, со соодветна поддршка, инструкции и стимулација на развојот на раното учење; Очекувани вредности коишто децата треба да ги поседуваат при достигнување на Стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија се: независност, креативност, иницијативност, одговорност кон себе и кон околината, прифаќање и почитување на различните од себе, толерантно однесување и солидарност, како и почит кон заедницата и државата во целост.
|
|
|
|