RE: Дали би дарувале крв? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


kapina -> RE: Дали би дарувале крв? (18.3.2012 22:09:17)

bi daruvala no doskoro vreme krvta mi bese slaba i ne smeev da daruvam krv inaku krvnata grupa mi e a pozitiv




lilicka -> RE: Дали би дарувале крв? (19.5.2012 15:54:48)

Јас сум крводарител со љубов и задоволство дарувам крв,од кога сум породена немам дарувано крв инаку сум О+




Annet -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 16:16:47)

за мене имаат дарувано крв,и ми го спасија животот тие добри луѓе.Јас сум 0+,и би дарувала.Сега моментално на Фб има барање за крвна група 0-.ако сте во можност и имате таква крвна група вете го постот


ИТНО! Потребна е крв од крвна група ”О-” за 15-месечно бебе болно од леукемија. Контакт тел. 070 359 350
Кој може нека дарува крв а, останатите шерувајте...ИТНО!




kuklicka26 -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 16:18:44)

Јас сум крводрител и би дарувала крв инаку сум Б+,доколку на некој му е потребно ваква крвна група слободно пишете.




rina13 -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 16:20:52)

Би сакала но за жал сум слабокрвна  и ме враќаат.




Martins mom -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 16:22:58)

Би дарувала, но сирота јас, за мене немам, а не пак да давам...слабокрвна сум. Инаку О+




blond -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 19:12:07)

Би дарувала! 0+ сум, ако треба веднаш давам.




kapina -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 19:13:53)

da ama ne sum vo moznost sega oti se spremam za ivf krvta mi e mnogu jaka mi vikaa lekarite da daruvam krv no ne sega




miana -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 19:15:17)

Леле јас многу сакам да дарувам..Кога и да ми се укаже можност јас немам можност [sm=zmeden.gif]
Или имам добиено или бев бремена или болна...Се надевам некогаш ке дарувам




sandriana RR -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 19:19:19)

Како студент имам 2 пати дарувано, и сега доколку има потреба и можност, пак би дарувала.




caciana -> RE: Дали би дарувале крв? (10.6.2013 19:25:44)

Јас сум активен крводарител но сега за жал не можам да дарувам крв...Инаку сум А+ крвна група.. и дарувањето крв кај мене претизвикува прекрасно чувство.
На пример имаше една случка уште кога имав 17 години бев на пракса(во болница зашто учев медицинско) и сакав да добијам ослободување од часови и дарував крв за да ми дадат оправдание....Откако дарував крв инструкторката ми кажа дека мојата крв ја дале на малецко бебенце на кое итно му требала свежа крв А+....Чувството не можам да ви го опишам ...едноставно прекрасно е...[sm=smajl.gif]




eleonorastrumica -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 14:18:54)

Не сум дарувала оти некако ми е било страв инаку сум А-




JovanaJ -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 14:37:46)

Da, ama ne mi dozvolija bidejki imam pod 50 kg. Inaku sum 0+




blue_blue -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 15:06:31)

секоја година сум на крводарителска акција што се организира кај нас во фирма. Оваа година многу се разочарав што не ми дадоа да давам крв пошто бев настината, не било добро за мене..инаку сум 0 - и секогаш со задоволствод авам крв знаејќи дека и не е баш некоја многу честа крвна група




kapina -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 15:09:27)

vcera ili zavcera citav na fb se barase krv nulta negativ za 15 mesecno bebe bolno od leukemija e sega neznam sto e bidelo




blue_blue -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 15:13:29)

не знам, не сум видела такво нешто...ако треба би одела да давам секако....не ми е проблем




ole2004 -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 16:27:29)

Bi daruvala,no nikako da ja sredam,postojano mi e hemoglobinot pod dolna granica.Inaku sum 0+.




anaana -> RE: Дали би дарувале крв? (12.6.2013 16:30:37)

da bi daruvala so zadovolstvo. sum daruvala i prethodno koga imalo akcii za daruvanje




Stefanija Stefi -> RE: Дали би дарувале крв? (12.1.2014 22:49:16)

Драги Ринграјци [sm=smiley1.gif]
Денес со кумата си правевме муабет и таа се пофали дека дарувала крв, што е одлично но за момент се сепна кога ја прашав дали забремени?
Таа подолго време се обидува да забремени, пие фолна, јаде здрава храна и се е тоа во ред, но ете без да размисли денес дарувала крв. Јас не знаев што да и речам, само дека ако се чувствува добро, не е страшно, но таа се плаши- ШТО АКО е бремена а е рано за да знае за бременоста???
Ако некој може да ни каже, ќе бидеме благодарни.
Поздрав




Melanija RR -> RE: Дали би дарувале крв? (13.2.2014 15:48:10)

Stefanija Stefi прашањето ти е дали не е во ред да се дарува крв во бременост,т.е. дали штети по здравјето?

Дарување крв никогаш не е лошо по здравјето туку напротив, доколку се има во моментот покачен крвен притисок или не се чуствува добро нема да дозволеле да земат крв.Така да се е ок и дајбоже да е бремена




caciana -> RE: Дали би дарувале крв? (20.11.2014 23:30:10)

Jas sum krvodaritel,do sega imam davano krv 8 pati.Ne sum aktiven daritel,ama 1-2 godisno daruvam krv.




scared RR -> RE: Дали би дарувале крв? (2.12.2014 17:03:20)

Да не сум голема плашливка од боцкање, игли и шприцеви би дарувала вака тешко [sm=smiley13.gif]




Snowhite RR -> RE: Дали би дарувале крв? (3.12.2014 10:31:22)

И јас би дарувала, ама имам слаба крв за жал




Defne90 RR -> RE: Дали би дарувале крв? (3.12.2014 12:55:54)

Do sega imam daruvano ednas krv i mozam da kazam deka toa e edno prekrasno cuvstvo da znaes deka taa nekomu moze mnogu da mu pomogne.I povtorno bi daruvala,samo problemot e vo toa sto otkako se porodiv so prviot sinko imam slaba krv i ne mozam,a mnogu sakam povtorno da bidam krvodaritel.




Malecka23 -> RE: Дали би дарувале крв? (3.12.2014 13:04:41)

Vo familija se aktivni dariteli na krv.Jas letoska bas koga sakav ostanav bremena.Pa zdravje da se porodam ako bide se vo red ke si ja prodolzam tradicijata.Imam sto bi se reklo mn jaka krv i krvna grupa sto se bara taka da milo ke mi bide na nekogo da pomignam i da spasam necij zivot




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>