RE: Децата како јазични иноватори (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


mami2 -> RE: Децата како јазични иноватори (28.11.2011 22:45:29)

Големиот :„мамо дај ми вода, имам диносаурус во грло„, ова после прскање на Ацидосалус спреј.
Инаку стандарди ни се: тевелизор, компикутер, биксвити, потрокал

Малата: ја доде ти=дојдов кај тебе
пики= палачинки
тато оди паји=тато е на работа (по пари)
деви=две рачички песната...
додје=суво грозје






Maca25 -> RE: Децата како јазични иноватори (28.11.2011 23:06:44)

Дали сите деца за кечап викаат кеПач?!?! ова ми е многу смешно.
Нина во последно време многу сака да ги стави во употреба броевите кои ги знае на англиски и германски, па имаме броење од типот: уан, цвај, драј, пет [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] бројот 4 за Нина во ниту еден јазик не постои.




Felly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (28.11.2011 23:22:06)

Кој знае зошто, ги мешаат согласките, а самогласките ги оставаат на место.
Матеа вика печак.





Палешка РР -> RE: Децата како јазични иноватори (29.11.2011 6:28:46)

Миа ме гушнува и вели - ногу какам (многу те сакам) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (29.11.2011 8:23:56)

најново од вчера

пока - школка
мевце - месо
манда - манџа

во градинка јаделе манда [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Децата како јазични иноватори (10.12.2011 12:54:00)

пари- паи
реклами - аки
капаче - акака
јаболко - абоко
Зоки ( чичко му ) - оки
Слаѓе ( мама) - аге
деца- ета
валкано - каки
апи - ова неколку дена го збори ама незнам уште што значи [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (10.12.2011 15:31:08)

А Филип едно две недели кога кажуваше за учителките Дани и Мими од градинка, кога ќе го прашав како ти се викаат учителките? Тој викаше Дани, Мими и Тофа. Се чудев која е таа Тофа, знам дека нема некоја учителка така што се вика. Кога пред некој ден го земам од градинка, тој се развикал по чистачката Тофа, Тофа! И таа дојде да му каже чао и ја прашувам како се вика, а таа вика Толфа. Ете ми се реши мистеријата. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

И за другарчињата кога го прашувам со кого си игра, вика бато. Како се вика бато? Поп! Е ова уште не сум открила што му е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 8:57:49)

ода- вода
акоко - чоколадо
еко еко - елко елко
рекламите сега се ами
бебе- бебе ( од пелените и од влажните)
што си ти ? дете
каде е мама/тато/дедо /баба /нешто? ене ја тука е , и за машко и за женско ене ја[sm=smiley1.gif]
мате-маче
туте-цуце
капи капи - за капење
ало кој е - се јавува на тел и вика пупа демек некој го прашува оттаму
титај- читај
бои-боли

и еден куп др зборови кои не ми се преведени сеуште[sm=smiley1.gif]




Bububebe -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 11:17:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

ода- вода
акоко - чоколадо
еко еко - елко елко
рекламите сега се ами
бебе- бебе ( од пелените и од влажните)
што си ти ? дете
каде е мама/тато/дедо /баба /нешто? ене ја тука е , и за машко и за женско ене ја[sm=smiley1.gif]
мате-маче
туте-цуце
капи капи - за капење
ало кој е - се јавува на тел и вика пупа демек некој го прашува оттаму
титај- читај
бои-боли

и еден куп др зборови кои не ми се преведени сеуште[sm=smiley1.gif]


Пепелашка,мислам дека децата ни се на иста возраст [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] 15 месеци е мојата ќеркичка,ама само мама,тата,баба,деде,дете,бебе.Само неколку збора знае да изговори.Се ме разбира што ке му речам,донеси го мечето,гушни го бебето и слично.Ама со говорот ќе почнам да се грижам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 11:36:36)

нема потреба за грижа Бубубебе, сите деца не се исти.Моево од 9 месеца дрдореше по нешто ама дури сега прооде барем така велат некои прано оделе некои збореле, незнам колку е тоа точно.Ние сега направивме 16 месеци, М е пораснат со зборување пошто најчесто бев сама со него и му зборував нон стоп значи и што треба и што не треба. Не се секирај не е доцна ќе си прозбори ќерка ти. Еве една убава статија
http://www.ringeraja.mk/statija/razvoj-na-govorot_292.html?page=1




Bububebe -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 11:43:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

нема потреба за грижа Бубубебе, сите деца не се исти.Моево од 9 месеца дрдореше по нешто ама дури сега прооде барем така велат некои прано оделе некои збореле, незнам колку е тоа точно.Ние сега направивме 16 месеци, М е пораснат со зборување пошто најчесто бев сама со него и му зборував нон стоп значи и што треба и што не треба. Не се секирај не е доцна ќе си прозбори ќерка ти. Еве една убава статија
http://www.ringeraja.mk/statija/razvoj-na-govorot_292.html?page=1




Имам слушнато дека ако детето прооди побрзо,ке зборува покасно.Не знам колку е вистина.С прооде на година и 2 недели.Фала ти пепелашка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 11:43:37)

бубебубе, воопшто нема место за грижа. Кога ќе и се збори, ќе прозбори.
Моја комшика има 2 години и не кажува ни збор, ама се разбира, прави се што ќе и се каже... Едноставно СИТЕ деца се различни, не треба да се водиш по тоа кој на која возраст што прави.




AnnaMolly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 11:48:11)

Ајде нешто најново од речникот на Филип на 19 месеци.

нејќеш - кога не сака нешто
пиеш - за да пие

Општо сега се кажува со ш. Пиеш, спиеш, јадеш, играш...

мамика - мамичка
питоу - пиштол
мадина - баба ми го научи дека имал две мадиња (по прилепски, де)
тоса - коса
бон - балон
поин - лампион
титит - сијаличките на елката [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
мотан - смотан (татко му бил смотан)
ош - лош
умен - умен
путер - компјуте
тебе - ќебе

и мноооооогу други зборови. А господинов сега зборува со цели реченици - оди па разбери го.

Пример
Дај огут дерот. - Дај јогурт од фрижидерот.
Моки демам. - Да земам смоки.
Вадиме пената. - Да ја вадиме пелената.




Slagjana -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 11:54:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Пепелашка,мислам дека децата ни се на иста возраст [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  15 месеци е мојата ќеркичка,ама само мама,тата,баба,деде,дете,бебе.Само неколку збора знае да изговори.Се ме разбира што ке му речам,донеси го мечето,гушни го бебето и слично.Ама со говорот ќе почнам да се грижам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Ај да те утешам. Ќерка ти знае повеќе зборови од ќерка ми која уште 1 месец прави 2 години. Знае само да одговори на прашање со „да“ и „баба“. Еден период велеше и „мама“ и „ајде“, ама престана. А прооде на 11 и пол месеци.




Felly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 13:46:06)

Развојот кај секое дете е индивидуален, и ако разбира што му велиш, и знае да покаже што сака, нема потреба за грижа.
Од Матеа најинтересно од поновиве ми е Цепанка = Црвенкапа. За НОва Година доби една кукла, и со црвена капа, и јас и велам - еј, оваа е Црвенкапа, а таа си ја завика  Цепанка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
И Дедо Мраз, прво го викаше Мас, а сега вели Дедос Мас. А дедо си вели убаво, ама во коминација со Мраз е дедоС.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Тања РР -> RE: Децата како јазични иноватори (10.1.2012 14:08:30)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe

Пепелашка,мислам дека децата ни се на иста возраст [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  15 месеци е мојата ќеркичка,ама само мама,тата,баба,деде,дете,бебе.Само неколку збора знае да изговори.Се ме разбира што ке му речам,донеси го мечето,гушни го бебето и слично.Ама со говорот ќе почнам да се грижам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Ај да те утешам. Ќерка ти знае повеќе зборови од ќерка ми која уште 1 месец прави 2 години. Знае само да одговори на прашање со „да“ и „баба“. Еден период велеше и „мама“ и „ајде“, ама престана. А прооде на 11 и пол месеци.



Ние сме најбетер изгледа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image].
Ј. има 2 години и се уште не зборува. Знае само неколку зборови:
Што облекуваме на ножињата за шетање? - Патики
Каде е тато/мама? - Бота (работа)
Како му викаш на тато кога тој ти вика Јаничко? - Татенцееее!
Кога ќе се сопне вели Опаааа! На прашања одговара со „да“ или „не“.
Толку!
Инаку разбира се што се збори, дури и кога не е наменето за неа. И одлично се служи со пантомима, се разбираме одлично.




mamamoni -> RE: Децата како јазични иноватори (11.1.2012 9:24:15)

Софија е права дрдорка има година и три месеци и на сите зборови додава -ка, мене ме вика мамика а најново и чисто го изговара мајка, татко е е татико, бабико итн.
Др. зборови што ги користи се
пајче-папа
памперс - пама
елка-ека
реклама-кама
кога ќе ја прашаш како си вели ана - арна била
пари-пае
рака-ака
банана-бана
јаболко-абоко
волкот од црвенкапа е олк
за пушти вика пуце пуце




Snowhite RR -> RE: Децата како јазични иноватори (18.1.2012 20:58:58)

Перниче - пениче, ама
перничето = пичето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Децата како јазични иноватори (18.1.2012 21:03:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

А Филип едно две недели кога кажуваше за учителките Дани и Мими од градинка, кога ќе го прашав како ти се викаат учителките? Тој викаше Дани, Мими и Тофа. Се чудев која е таа Тофа, знам дека нема некоја учителка така што се вика. Кога пред некој ден го земам од градинка, тој се развикал по чистачката Тофа, Тофа! И таа дојде да му каже чао и ја прашувам како се вика, а таа вика Толфа. Ете ми се реши мистеријата. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

И за другарчињата кога го прашувам со кого си игра, вика бато. Како се вика бато? Поп! Е ова уште не сум открила што му е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]



А М пак сите ги знае како се викаат, на сликата од Нова Година кај што се сликани сите ги кажува и сега за едно никако не можевме да го разбериме Генице, ние со мајка ми му редиме Дениче, Даниелче и веќе не знам кое друго име, а тој цело време не, не и на крај погодивме Евгенија била нагалено Гениче, ее се испотивме дури погодивме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку на сликава градоначалникот го држи в раце и сега кога ја бара таа слика да ја покажи на гости вика Дај ми ја чалнико или кој те држи в раце Чалнико[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Децата како јазични иноватори (21.1.2012 13:07:26)

ками-реклами
кадо-чоколадо
капе-кафе
оме-ојме
еб-леб
бунда-буда
капа-капа
го-гол
куте-куче
сега почна да ни вика на сите со ти мамати,дедоти,бабати[sm=smiley36.gif]
камене-крени ме
јади-ади
бисквити-бикики
немало-немало




AnnaMolly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (25.1.2012 14:53:24)

Вчера јас во спалната раскревав, а тој во дневна си играше. И едно време почна да вика „Мамо, енги тука“. И едно пет пати го повтори тоа. Одам да видам што прави, а тој легнал на кревет, пие сок и ми вика „Мамо, енги тука гаиме“ и покажува до него.

Многу ми беше смешен зборот енги - легни [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
А гаиме - галиме




mama toci -> RE: Децата како јазични иноватори (25.1.2012 15:27:43)

Уф бисери секој ден,вчера кога се вратив ода работа ми трча и ми вика "Маија губала бетките,Маија мкданка"?!?!??Ја прашувам зенава сто ми ја цува-што ми вика детево а она ми преведува"Марија ги изгуби обетките,Марија е мушкоданка".Обетките не ги најдовме,ама барем слатко ме изнасмеа[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Децата како јазични иноватори (25.1.2012 16:35:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Многу ми беше смешен зборот енги - легни [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
А гаиме - галиме



Лелеееее, и Матеа така кога ќе ги смеша буквите, и тоа самогласките си се на место, а согласките ги меша.

печак = кечап
беџ = џеб
дегам = гледам
патонки = пантофки
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Џесика -> RE: Децата како јазични иноватори (2.2.2012 12:22:44)

пише- спие
пакити- патики
И најголема иновација ни е што именките ги вика по глаголи [sm=smiley36.gif] На пр, за крпа вика брише (дај бише) или лажица ја вика меша и коа ми бара лажица, ми бара меша, тотална паника настанува никој не го разбира.




arh_diz -> RE: Децата како јазични иноватори (2.2.2012 12:37:55)

Najsmeno mi e koga ke rece pingvin -pingi[sm=smiley36.gif]





Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>