niki -> RE: Нема повеќе визи за ЕУ (13.1.2010 10:41:57)
|
Ајде жени, патуваше ли некој без визи, кај бевте како си поминавте? Каков беше третманот на граница, ве измалтретираа ли? За Грција некој сакаше коментар од мене погоре? Се додека не си го смениме името Грците со ливчиња ќе не примаат, на ливчиња печатчиња ќе ни удираат и за влез во ЕУ ќе не зезаат. Им се може на луѓето и ќе си играат со нас. И баш ги заболе ние што не ќе им одиме наши пари да трошиме имаат тие поголеми ѕверки кои оставаат пари овде. Дека ЕУ нешто ќе направи за Грците да не признаат со името наше и во тоа чисто се сомневам. Цел свет со тоа име не прифаќа иако сите официјално не не имаат признаено, но Грците се инает невиден и на тоа поле нема никогаш да попуштат. Не за џабе се одржале тие толку време и немаат ништо, никакви природни богатства, никаква индустрија, но имаат историја и истрајност и невидена пропаганда. И навистина незнам дал сме им дораснати во борбава, но вреди што сме им се спротивставиле.
|
|
|
|