Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Што правите во моментот кога сте на форумов 23.10.2009 11:27:03
Весна
Еве државен празник, а јас на работа Ама знаете што?! Последен ден работен - од понеделник сум си на одмор и продолжувам на породилно . И баш сега како следна задача ми е да поставам порака на службениот маил дека заминувам на породилно и да не ме бараат до кај јули следната година
RE: Што правите во моментот кога сте на форумов 23.10.2009 23:10:07
Bitolcanka
Не сум често на "рингераја", но ветувам дека ќе бидам една од најредовните 1 од поновите членови сум. Само пофални зборови имам за страната и нејзините кориснички и се разбира малкуте корисници Инаку, во овој момент добив неверојатна желба за јадење и за малку што не си ја исполнав Се потсетив на ветениот збор за помалата количина храна и наместо благичко си јадам јаболка - природна здрава храна 3 месеци си одржував убав режим на исхрана, се се расипа кога отидов на 1 конференција во убав хотел - жално беше да не пробам од понудениот избор на неколку вида свежо припремен ручек со десерт + на гости кај роднините 2-3 дена... Но, се враќам на стариот режим кој навистина многу повеќе ми одговараше и благодарение на кој успеав да симнам 10 кг, што не е за потценување во никој случај ... Да преминам на главното: јадам јаболко, разгледувам новости тука и во меѓувреме на facebook тајно, да не ми се "закачи" некој чекајќи го либето да ми се јави за да се видиме Како две заљубени гулапчиња сме
П.С. Ива, кај спомна што си спремила, лиги ми потекоа
RE: Што правите во моментот кога сте на форумов 23.10.2009 23:32:02
Лејди
Не сте сами и јас сум тука спукана со моево воле (дечкото) и еве ме на рингераја место некаде да скитнеме. Ама пусто инаетчика невидена сум и затоа сега дома ќе си седам.
RE: Што правите во моментот кога сте на форумов 24.10.2009 0:55:15
Лејди
оф леле ај јас со уште еден коментар за храната.
Ако е овошје и не не здебелува а сепак ни ги задоволува сите дневни потреби од хранливи материи, витамини и бла бла... не се препорачува во доцните часови поради тоа што е тешко сварливо.