RE: Салата- рецепти! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


Cipi Ripi -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 12:57:36)

Ajde nekoja RR da mi kaze recept za Cezar salata.[sm=smajl.gif]




Luci -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 13:53:48)

Цезар салата




Cipi Ripi -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 13:57:34)

Eeee bas ti fala luci, ne da si go zeznala maz mi, sea ke treba da mi pravi.[sm=jezicek.gif] Izvinete vaka, ne mi se smejte, ama sto e toa rukola???[sm=zmeden.gif]




Luci -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 14:17:05)

[img]http://3.bp.blogspot.com/_ADXQR4HFniA/TBNB1r3H7ZI/AAAAAAAAA4w/mY_nzIax7qY/s1600/rukola.jpg[/img]




dostickage -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 14:44:48)

Eve od mene krem salati.Posto nemam pojma kako se vikaat kje gi pisam so reden broj:

1.

- 1 golema pavlaka
-300 grama sirenje kravjo
-1 pakuvanje pcenka
-100 grama pecenica iseckana na kocki - opcionalno.
-zacin kopar svez po moznost ako go najdes i zacin zaziki.isto opcionalno.zacinite kako so vi pravat merak taka stavajte gi.

2.

-1golema pavlaka
-2 lazici majonez
-zelka rendana
-sirenje okolu 200 - 300 grama
-crn biber i eventualno malku sol.

Ovaa vtorava koga kje se zemat vo predvid sostojkite izgleda malku smesno , ama vkuzot e neverojaten koga se kje se izmesa zaedno.Nema sansi da otkries za sto se raboti :-)

Btw prvava se prai za 20 minuti a vtorava za 10 so mene mi e mnogu vazno [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Beatris -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 14:49:26)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Значи да се фаќаме за работа, прво ние дома да се накркаме, за проба нели [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], па после за гости да не се засрамиме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Мене ми личат вкусни, мора да се пробаат




dostickage -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 14:52:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  Значи да се фаќаме за работа, прво ние дома да се накркаме, за проба нели [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] , па после за гости да не се засрамиме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]  Мене ми личат вкусни, мора да се пробаат


Mala ja za site povodi gi praam tie salati[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Em eftino em vkusno em brzo , nekolku muvi tepam so eden udar [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Andriance -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 15:16:53)

eve i od mene edna koja jas ja pravam sekoja nedela...mnogu e lesna,i osvezitelna...abe lapni-goltni...

jas si ja vikam rendana salata..( sekogas rendanite mi se povkusni od seckanite a i pobrzi se)

1. kompir
2. morkov
3. sveza krastavica
4. salama
5. kaskaval
6. pavlaka
malku majonez ( edna lazica kolku da mozete da mesate)

kompirot i morkovot se varat..vo megjuvreme se rendaat salamata kaskavalot i krastavicata ( se cedi od sokot)
se zaedno se soedinuva...se dodava pavlaka ( moj sovet nekoja od kri kri pavlakite ) i sosema malku majonez..

probajte ukusno e [sm=smiley36.gif]




mosa -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 15:27:20)

1. kompir
2. morkov
3. sveza krastavica
4. salama
5. kaskaval
6. pavlaka
malku majonez ( edna lazica kolku da mozete da mesate)
Andrijance i jas ja znam ovaa salata i stvarno e mnogu ubava i jas ja pravam rendana moza i so kisela karstavicka,jas planiram ovaa da ja pravam za rodendenot na sin mi.




Beatris -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 16:46:07)

Aaa закон е и оваа салата, и јас ја правам, само некогаш редена, некогаш мешана. Како да вртиш топ е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Ananija -> RE: Салата- рецепти! (14.3.2012 18:32:34)

МИМОЗА САЛАТА

Исчистена марула исецкана
пченка од фриком проварена
сол, масло, по желба малку оцет
озгора се рендат неколку варени јајца и сирење




Luci -> RE: Салата- рецепти! (18.4.2012 11:43:13)

Дајте идеја за некоја крем салата со варени јајца, мора да се изедат велигденскиве




Tanjat7880 -> RE: Салата- рецепти! (18.4.2012 13:04:35)

BELA SALATA
3 VARENI SREDNO GOLEMI KOMPIRI
3 VARENI JAJCA
100 GRAMA KASHKAVAL
300 GRAMA SALAMA(kakva imete)
3 MALI KREM SIRCINJA  ABC
150 GRAMA MAJONEZ
2 PAVLAKI(onie malite vo cashi)
SOL PO VKUS
Kompirite,jajcata,kashkavalot i salamceto se rendaat na krupno i se mesha se!
Lesna za pravenje a vkusna za jadenje[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mamicki -> RE: Салата- рецепти! (22.4.2012 10:58:18)

Ајде и јас да партиципирам во темава, и без тоа салатите ми се нумеро уно во исхраната[sm=bravo.gif]. Еве дел од моите рецепти, сите се за 4 лица и проверени се, некои и многукратно [sm=jezicek.gif]

1. Компир салата
Состојки:
-4 компири
-2 главици цвекло,
-4 јајца,
-1/2 кг. кисели краставички,
-1 дцл. јогурт,
-100 гр. ореви,
-100 гр. црни маслинки,
-оцет, масло, црн пипер, сол.
Начин на подготовка:
Компирите сварете ги со лушпа. Сварете ги и јајцата. Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки и ставете во длабока чинија. Додадете го изренданото цвекло. Тврдо сварените јајца исечете ги исто на коцки и измешајте ги заедно со цвеклото и компирите. Додајте ги исечените краставички. Извадете ги семките од маслинките, исецкајте ги и ставете во чинија. Јогуртот измешајте го со сецканите ореви и ставете го во салатата. Додајте сол, масло, оцет и уште еднаш добро измешајте.
2. Салата со туна
Состојки:
-500 гр. домати
-2 пиперки (црвена и зелена),
- 1 главица зелена салата,
- 1 конзерва туна,
- оцет, сенф, сол,
- 3 кисели краставички,
-100 гр маслинки (црни и зелени) ,
- 2 тврдо варени јајца,
-2-3 мали краставички за украсување.
Начин на подготовка:
Исчистените пиперки исечете ги на половина, а потоа на лентички. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата, крупно исечете ја и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туната иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со тркалца тврдо варени јајца, краставички и маслинки. Се служи со потпечени лепчиња.
3. Пилешка салата
Состојки:
-1/2 кг бело пилешко месо сварено
-3 глави цвекло (сварени)
-2 компира варени
-1 краставица
-1 помала главичка кромид
-1 китка магдонос
-250 мл мајонез
-сол и бибер.
Начин на подготовка:
Сите состојки се сечкаат на мали коцкички,се додава мајонезот, се зачинува и убаво се меша.Убаво е ако салатата отстои во фрижидер, во затворен сад 1-2 часа пред да се послужи.

4. Рижото со печурки и сирење
Состојки:
- 300гр. ориз
- 200гр. свежи шампињони
- 1 чешне лук
- 1 луто пиперче (не мора)
- 1 китка магдонос
- 1 мал црвен кромид
- путер
- 1 чаша суво бело вино
- 1 коцка за супа
- 50гр. горгонзола
- 3 лажици маслиново масло
- 20гр. пиноли (слично на индиско оревче)
- сол
Начин на подготовка:
1. Исецкајте ги шампињоните и динстајте ги околу 7 минути на малку масло со исецканиот лук и лутото пиперче исечено на кругови, па посолете ги и наросете ги со сецкан магдонос.
2. Во друг сад пропржете го оризот со 25гр. истопен путер и исецкан црвен кромид. Залејте го со вино, додадете врела супа. Варете околу 15 минути постепено додавајќи ја супата.
3. Тргнете го од оган, додадете го оризот, малку путер и 25гр. изронета горгонзола, печурките со зеленчук и оставете да отстои околу 5 минути. Потоа додадете ја преостанатата горгонзола со печените пиноли.
5. Француска салата
Состојки:
- 1 краставица
- 1/2 китка магданос
- 300гр. шунка
- 100гр. фета сирење
- 100гр. кравјо сирење (несолено)
- 200гр. павлака
- 4 лажици мајонез (полни)
- 1/2 лажица сенф
- 50гр. ореви
- малку црн бибер, копар
Начин на подготовка:
Излупете ги и исецкајте ги краставиците (најситно),и оставете ги врз повеќе слоја кујнска хартија (салвети) да се исцедат. Исецкајте го магдоносот (ситно), шунката (на ситни коцкички), испасирајте го сирењето со вилушка, додадете ја фетата, мешајте да се соединат. Додадете мајонез, мешајте, додадете ги краставиците, шунката, магдоносот, мешајте за да се соединат состојките. Наросете со црн бибер, додадете копар и сенф. На крајот додадете ги ситно исецканите ореви. Измешајте лесно, додадете ја павлаката и повторно мешајте да се соедини целата смеса. Сервирајте по желба. (Оваа салата може да се употребува за филување сендвичи).
6. Салата со макарони
Состојки:
- 400гр. макарони во вид на спирали
- 280 гр. кисели краставички
- 2 конзерви туна
- 1 конзерва пченка
- сол
- црн бибер
Начин на подготовка:
Се варат макароните со маслото од туните. Се сецкаат киселите краставички и убаво се цедат. На сварените макарони им се додава пченката, исцедените краставички и туната, малку сол и црн бибер. Целата смеса се мешајте за да се добие изедначена смеса.

7. Мешана компир салата
Состојки:
-4 компири,
-5 моркови,
-1 страк праз,
-2 лажица маринирани печурки,
-3 краставици,
-100 гр. црни маслинки,
-300 гр. шунка,
-1 лимон,
-1 чаша јогурт,
-масло, црн пипер и сол
Начин на подготовка:
Сварете ги компирите и морковите, исцедете ги, оставете ги да се изладат и исечете ги на коцки. Зачинете со сол и црн пипер па додадете сок од лимон. Ставете ги во длабок сад за салата: сварениот зеленчук, исечканата шунка, краставицата на тркалца, печурките и маслинките. Преку салатата прелијте го јогуртот и додадете неколку лажици масло. Украсете ја со тркалца од белиот дел на празот и оставете неколку минути да стои за да може зеленчукот да ги впие сите сокови.
8. Вегетаријанска салата
Состојки:
-250 гр. пченка
-3 моркова
-4 кисели краставички
-сол, црн бибер, копар
Начин на подготовка:
Пченката се обарува, морковите се рендаат, краставичките се сечкаат на ситни коцкички. Се зачинува со сол, црн бибер и копар.

9. Шпанска салата-5 кисели краставички
-400 гр. шунка
-400 гр. павлака
-1дл јогурт
-1 лажица сенф
-2 чешниња лук
-сол, црн бибер, чили
Начин на подготовка:
Краставичките се сечат на лентички и се оставаат да се исцедат на кујнска хартија (салфети). Шунката се сечка на коцкички, па се меша со краставичките и со зачините. Павлаката, јогуртот и сенфот се мешаат во изедначена смеса, им се додава и ситно исечканиот лук и со таа смеса се прелеваат краставичките и шунката. Се служи изладено, со парченца пропржен леб (нафора).
10. Кус-кус салата
Состојки:
-400 гр. кус-кус (зрнесто тесто како тарана)
-300мл врела вода
-2 големи црвени пиперки
-400 гр. шери домати
- врзопче млад кромид
-сол, бибер
-5-6 лажици маслиново масло
-3 лажици лимонов сок
- ½ китка магдонос
Начин на подготовка:
Кус-кусот се попарува и се затвора во херметички сад, да отстои. Пиперките се сечкаат на што поситни коцкички, кромитчето на кругчиња, доматите на половинки, магдоносот многу ситно, па зеленчукот се меша со отстоениот кус-кус,и се зачинува со сол, бибер, маслиново масло и лимонов сок. Убаво се меша, па пак се наросува со сечкан магдонос.
11. Салата Нисоа- оваа ми е омилена!
Состојки:
- 2 зелени салати
-4 јајца
-100 грама обарена боранија
- 4 домати
- 2 китки ротквички
- 1 чаша сецкани маслинки
-1 краставица
-200 гр. туна
-магдонос
-7 лажици маслиново масло
- 1 лажица оцет
-сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Салатата се кине на покрупни парчиња, доматите, краставицата и ротквичките се сечат на парчиња/кругови,па се мешаат со боранијата и зелената салата. Се додава иситнетата туна, маслинките, магдоносот, па се редат јајцата исечени на четвртини и се прелева со измешаните масло, оцет, сол и бибер. Се служи со бело вино!
12. Мексиканска салата
Состојки:
-по една жолта, црвена и зелена пиперка
-200 гр. пченка од конзерва
-200 гр. сварен шарен грав
-1 главица кромид
-160 гр. кулен
- 5 лажици масло
- 1 лажица оцет, сол, чили и бибер
Начин на подготовка:
Пиперките и куленот се сечкаат на многу танки кругови, кромидот ситно се сечка, па се меша со гравот и пченката и се прелева со измешаните зачини, масло и оцет. Се служи изладена.
13. Салата со сусам
Состојки:
-800 грама ситно сирење
-200 грама пропржен сусам
-2 лажици мајонез
-3дл. кисела павлака
-200 грама шунка
-по потреба (ако треба) малку сол и масло
Начин на подготовка:
Се миксаат сирењето (може изварка), павлаката, мајонезот, па во нив се додава сусамот и ситно исечканата шунка и убаво се меша. Оваа салата е погодна за сендвичи.
14. Салата со цикорија
Состојки:
-2 корена цикорија
-2 кисели зелени јаболка
-1 големо (цело) пилешко филе
-сол
-коријандер
-соја сос
Начин на подготовка:
Јаболката и цикоријата се сечат на тенки кришки. Филето се сече на лентички, се маринира со соја сос и се пржи па се става врз јаболката и цикоријата, се посолува, се посипува со сечкан коријандер и се служи.
15.Салата со пилешко и ориз
Состојки:
-200 грама ориз
-200 грама бело пилешко месо
-160 грама млада пченка
-160 грама грашок
-1 средна краставица
-2дл кисела павлака
-2дл мајонез
-2 тврдо варени јајца
-сол
-магдонос
Начин на подготовка:
Пилешкото месо се вари и ситно се сечка. Се обаруваат пченката, грашокот и оризот и убаво се цедат. Краставицата се сече на коцкички.Се мешаат сите овие состојки и им се додаваат мајонезот и павлаката. Се сервира, а одозгора се редат јајцата исечени на кругови и се посипува со сечкан магдонос.




Палешка РР -> RE: Салата- рецепти! (22.4.2012 13:14:29)

OOoo super. Mozi da gi stavam vo recept na denot mamicki?




mamicki -> RE: Салата- рецепти! (22.4.2012 13:31:19)

Секако дека може, рецепти од мене- тони, just ask for it [sm=smiley36.gif]




Regina -> RE: Салата- рецепти! (21.6.2012 11:42:35)

Еве еден рецепт за салата со цвекло

Состојки:
1 тегла цвекло
500гр павлака
100гр сирење
2 јајца
2 лажици мајонез

Цвеклото, сирењето и јајцата се рендаат, може и ситно да се исечкаат и се мешаат со павлаката и мајонезот.




ivoni4ka -> RE: Салата- рецепти! (21.6.2012 11:48:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Regina

Еве еден рецепт за салата со цвекло

Состојки:
1 тегла цвекло
500гр павлака
100гр сирење
2 јајца
2 лажици мајонез

Цвеклото, сирењето и јајцата се рендаат, може и ситно да се исечкаат и се мешаат со павлаката и мајонезот.

au zatoa li mene ne mi izleze jas staviv svezo vareno cveklo [sm=jezicek.gif]




Pepelaska * -> RE: Салата- рецепти! (21.6.2012 23:43:10)

Сигурно е со розова боја салатава ако е таа што мислам , превкусна е [sm=smiley1.gif]




Regina -> RE: Салата- рецепти! (22.6.2012 10:13:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Сигурно е со розова боја салатава ако е таа што мислам , превкусна е [sm=smiley1.gif]



Da, da dobiva boja cvekloto dominira, vkusna e, jas mnogu ja sakam a plus e ubava i za dekoriranje, ima ubava boicka za razlika od odbicnata majonez salata.




mosa -> RE: Салата- рецепти! (8.9.2012 22:23:50)

Cveklo salata
Sostojki

1 tegla cveklo
1 solja oriz
salama
kiseli krestavicki
1 tegla majonez

Cvekloto se secka sitno,a isto i sakamata i krastavickite,orizot se vari i se dodava vo ostanatite sostojki.Se zamesuva so majonezot po potreba i sol po vkus.

Ubava e salatava ja imam praveno.Malku mi bese cudno kako bi idel orizot so majonezot nao ispaga super.

dobar apetit




Natuska85 -> RE: Салата- рецепти! (10.9.2012 16:12:46)

Женски абе знае некој рецепт за француска салата ,така ја викаат таму од кај што ја купувам,има внатре сигурно свежа краставица, сирење и шунка или филе,друго незнам што ставаат,ама препревкусна е.Ако знае некој да ми го пише рецептот....




elenak -> RE: Салата- рецепти! (10.9.2012 21:12:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Гледам ја нема па јас да ви ја предложам, ја правам кога ми доаѓаат гости.

1 свежа краставица рендана
200-250 гр шунка
1/2 кг павлака
2 лаж мајонез
малку сецкани оревчиња
сирење си рендам по вкус (зависи колку е солено и колку сакам да биде густа салатата)

Многу освежува и брзо се прави.


Еве Натушке мој рецепт[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Hunny -> RE: Салата- рецепти! (10.9.2012 21:34:13)

Исто и јас ја правам, само што краставицата ја сецкам на коцки и ставам малку лукче.




Gardenia -> RE: Салата- рецепти! (10.9.2012 21:42:58)

Исто и јас ја правам со сецкани крставички,и без ореви,а со повеќе сирење поубава ми е посолена,зависи и до вкус ако сакаш павлака па стави си повеќе




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>