Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 14:42:34)


...За 1 јануари отсекогаш било поврзано верувањето дека нашите постапки во првите мигови од Новата година влијаат на сите следни 12 месеци.

Така, длабоко е врежан обичајот на бакнување на најдрагиот точно на полноќ. Оној кој не го стори тоа цела година ќе има студени односи со најблиските, вели преданието. Ако враќате пари или земате на заем токму на 1 јануари, тогаш парите ќе “ви бегаат од раце” во текот на цела година.

Исто така, внимавајте нешто да не скршите или уништите бидејќи во новата година ќе ве следи штета. Ако ја дочекате Новата година со насмевка, ќе ви биде среќна. Барем така се вели.

Има ли вистина во ова? Сте го практикувале ли?
Јас имав слушнато, како помала дека со оној што ќе се пољубиш точно на полноќ- ќе се омажиш за него и нормално не е точно... а може и е.. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




zami -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 14:53:58)

Kako ne e tocno jas maz mi za prv pat go baknav na polnok dalecnata nova 1991.




mami -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 14:57:48)

ние лани новата година си ја дочекавме вака- јас со Лука во раце...плачеше дека не беше навикнат да спие на друго место, он веќе одамна спиеше ама мене не ми се оставаше и влезе мм во собата не гушна и двајцата, ме бакна а јас се испорасплакав ко шмизла некоја...ни сама незнам зошто, ваљда дека прва нова година со Лука...ама добро, убаво почна, траеше така така наизменично имаше и добри и лоши моменти, за следната ке видиме




tereza -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 14:58:57)

јас не верувам во тоа дека нашите постапки на нова година определуваат каква ке ни биде годината,едноставно мислам дека се тоа е само празно верување, бидеќи сум била среќна таа вечер ама годината не ми била којзнае што полна со среќни мигови [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] а за тоа бакнеж и брак со саканиот и тоа сум го испробала ама немаше понуда за брак таа година[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]што значи и во тоа не верувам баш многу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] годината ке ни биде онаква каква што самите ке си ја направиме,од нас зависи.




zami -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 15:00:13)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Весна -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 15:01:14)

Уф, професорице, баш ме замисли сега, а немав слушнато за вакви преданија.
Замислете... јас токму за дочекот на нова 2009 бев на работа, заедно со тогаш колега, а денес маж ми [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Па ете така само си се гушнавме најколегијално, стандардни желби и честитки и толчку.
Можно гушкањето да е мајата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




arh_diz -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 15:04:49)

jas prvpat slusam za vakvo nesto a mozebi ima vistina




big_mama817 -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 15:44:13)

не верувам сепа каква ќе ни биде новата (следната)нова година зависи од нас самите




Bogdancanka -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (1.12.2009 15:49:50)

I jas prv pat slusam za ova ali eve ovaa godina ke isprobam i ke pazam da ne skrsam nesto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




delfinka -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (7.12.2009 13:59:46)

jas pak imam cueno kako ke vi bide 1januar cel den taka ke vi odi godinata
samo ne stanuva zbor samo za nokta,znaci kako ke se odviva cel den
se smeev porano obicno na 1site spiea do 5saat od docekot,pa valjda ne im pominuvase taka cela godina?!
inace od mestoto kaj majkami ima eden poseben praznik za koj sto pisuva i vo starite makedonski predanija a toa e deka na den sv.Varvara koj ke te zavari(koj prv ke ti dojde doma)kakva sreka ima toj,taka i tebe ke te porati cela godina
veruvam vo ova bidejki do sega so edna osoba imam mnogu ubavo iskustvo a so edna neprijatna-da ne kazuvam!




profesorica -> RE: Бакнеж на полноќ, среќа цела година... (7.12.2009 15:44:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka

jas pak imam cueno kako ke vi bide 1januar cel den taka ke vi odi godinata



и јас го имам ова слушнато и до некаде така е.




Страница: [1]