Hopeful RR -> RE: Би советувале одбрана и одмазда или повлекување! (12.1.2015 15:32:53)
|
Ќе видам допрва што ме чека, здравје, но сега за сега можам да зборам за себе, односно како ме воспитуваа моите како мала. Иако уште од мала бев повисока од сите други деца, често и долго време бев предмет на силеџиство, класичен bullying, од кој долго време носев трауми. Никогаш не враќав, никогаш не се карав и нормално, не почнував конфликт, едноставно не сум таков човек, отсекогаш сум била интроверт. Притоа, дома не ни кажував за ваквите ситуации! Ова се случуваше се додека татко ми не виде како позади зграда ме кара едно девојче дупло помало од мене, а јас стојам како глупава и плачам. Ме седна и ми кажа дека во таки ситуации, морам да се бранам, односно никогаш да не почнувам јас прва, но ако некој ме нападне, да вратам без да дозволам да ескалира ситуацијата. Тоа толку добро и мирољубиво ми го објаснија моите, што од сегашна перспектива, сосема правилно го спроведував. Ако некој ми каже нешто и ме повреди, кажував и јас, или барем се трудев (никогаш не сум имала зла уста па да смислувам гадости, но ајде, бар ќе се потрудам да се одбранам), а ако некој тргне да ме тепа, одма станував и блокирав, со некои основни потези на кои ме научи татко ми. Никогаш не повредив никого, но и не оставив простор да мислат дека можат да си играат играчки со мене, и фала богу, еве не станав насилник [sm=smiley36.gif] Дотолку повеќе што и денес знам да се заземам за себе во ситуација ако сум обесправена, и сметам дека е баш добро воспитување да се учи дете да не оди низ животот со наведната глава и да го влечат за нос, туку да се бори за себе. Моја девиза не е "наведната глава сабја не ја сече", туку конструктивен дијалог, па и конфликт, но со аргументи и без агресија.
|
|
|
|