Џесика -> RE: Разбери се од збор! (10.4.2012 18:28:59)
|
Луѓе, јас пукнав, шекнав, детево ме збудалува. Не од збор, од цели реферати не се разбира. Верувајте сите можни финти ги искористив, со арно, со лошо, со игра, со игнорирање, со плескање... некогаш некое пали, некогаш ништо не пали. Почнав сега да се запрашувам „дали правилно постапувам?“ а многу пати и си мислам „А што ако му остане некоја траума од (на пр.) викање, плескање, казна, игнорирање?“ Еве тазе пример од викендов: тројцата заедно шетаме покрај Вардар, и малово застанува по работ и фрла камчиња. постоевме малку, мм почна да се нервира. Ајде седнавме. Да му помине меракот. Ама меракот бескраен. Викам, синко, нивото на Вардар го крена од толку камења што испофрли. Кога веќе премина граница, почнавме да го викаме за да продолжиме да пешачиме, и почна циркусот, тој пишти, се влече, мм почна да врие, детево спискува неќе да мрдне. После сите поминати обиди, ај вака, ај онака, се свртев и си продолжив да одам, оставајќи го ѕверов сам да дојде. Верувате ли, не мрдна. полека одевме со мм вртејќи се од страв, да не го изгубиме, почнавме точка да го гледаме, не мрдна, тоа инатот јаречки. Дури кога почнавме да одиме по патеката нешто се излажа и дојде, битно од збор не дојде, туку тогаш кога ТОЈ сака... пукнав. Оваа финта ми палела, ама се плашам да не некако почне да доживува страв од тоа да не гледа како „заминуваме и го оставаме“. Пример 2. Застанува и ја треска вратата колку може најјако (да не кажувам дека ни паѓа малтер од тресоци) и ме гледа во очи и пак ја треска, со убаво, со лошо, нема ефект. На крај го испратив во соба да си оди, и ете ти го по 2 минути, му течел носот. Така го враќав неколку пати, додека не заборавивме на вратата. АМА затоа и се нафрли на фиоката, ќе промрмља нешто како кога го карам и ќе ја тресне фиоката со сета сила. Значи почна да применува агресија, фрла играчки, треска врати и ме цитира кога му викам „дека татко му ќе се лути и ќе го кара“ битно не ме послушува, туку во очи ме гледа и си тера по негово... не знам више што изнапишав, се изгубив....
|
|
|
|