Bubuska -> RE: 3-ти декември ден на лицата со посебни потреби (19.12.2010 15:01:38)
|
Јас присуствував на манифестацијата ,,Различни, а еднакви,, и поголемиот дел од вечерта плачев.. Не паметам имиња, меѓутоа, не можев да се воздржам на девојката која црташе со уста, на дечињата со пп кои играа заедно со здравите дечиња, посебно на ученичката од музичко - редовна, со сите други деца, кога и ја врачија наградата нејзините соученици дојдоа на сцена да и честитаат, имаше една госпоѓа им преведуваше на глувите лица кои седеа на цел блок... и многу, многу други лица со пп, кои ме воодушевија.. Посебно ме разнежни химната, која од тогаш ја барам, никако да ја најдам! Ако случајно некој има информација како да ја најдам - нека каже! Ја носев и сестра ми со мене, таа веќе има другарка со пп (сестра ми 7г, девојчето 6г ) и за да сфати дека не е само другарка и единствена на светот, дека има и други деца како неа, и дека сите деца се исти и заслужуваат исто. И многу сум среќна, што сестра ми ги прифаќа како нешто најнормално на светот, за разлика од сите други деца од нашата улица што го исмејуваат и понижуваат девојчето. Горда сум на неа, морав да се пофалам!!! :)
|
|
|
|