Octavia -> RE: Педофилија (20.5.2013 14:14:13)
|
Мислам дека секако треба кај нас да се подигне свеста за педофилијата, на секој начин. Благонаклоното гледање на врските на постар маж со млада девојка/девојче секако дека придонесува за изместување на перцепцијата за тоа што е педофилија. Имаше неодамна во Србија еден скандал (во кој главниот актер не беше никако санкциониран) за еден нивни примитивец турбо-фолк пејач кој јавно на ТВ се фалел како имал 3-годишна врска со девојче кога тој имал накај (најмалку) 50 години, а девојчето се уште било во основно училиште!!! И никому ништо! Па како тогаш да се развива свеста за педофилијата кога изродите кои ја практикуваат дури сметаат и дека треба да се фалат со тоа? Тој себеси, замислете, не се смета за педофил, туку за голем заводник. Некаде имам читано дека статистички децата се најчесто злоставувани од некој кој го познаваат, дел од блиското или поширокото семејство, семеен пријател, сосед и сл. и дека токму затоа е погрешен ставот на родителите дека педофил злоставувач е само некој сомнителен перверзен непознат чичко. И токму овие работи треба да им се посочуваат на децата, секако според нивната возраст. Кај нас на пример јас без запрепастена од едно литературно дело од наш познат и признат писател на дела за деца и млади. Во тоа дело, кое е дадено и како лектира за основно, се глорифицираат емоциите на НАСТАВНИК кон УЧЕНИЧКА (во основно училиште!). И тоа не само недозволени емоции, туку наставникот чувствува и еротска страст кон ученичката и тоа додека предава за "Електризирање на тела при триење и допир" [sm=zmeden.gif] и слични перверзии. При тоа, таа страст е прикажана како нормална и прифатлива. Девојчето се вљубува во наставникот, но скандалозно е што и наставникот има перверзна страст кон неа, и додека ја гледа во мислите му е (цитирам, да нема забуна) „Набујала како млада липа,раскошно бликнала, ...“ Не сакам ни да замислам наставник кој гледа 13-годишно девочје на час и кој место како дете и ги гледа раскошните облини... на дете?! И замислете, кога наставникот ќе проба да ја заведе ТАА, детето, се свестува и го прекинува тоа... И ОВА е во лектира за нашите деца. Каква порака ОВА ќе им испрати на младите, неоформени умови и емоции? Дека сите овие постапки, желби и страсти се сосема нормални? Сакам да кажам, на страна уметничката слобода и се друго, ова е дело наменето за деца. Од една страна треба да ги научиме какви се опасности ги демнеат, од друга страна им кажуваме дека е сосема ОК наставник да се „пали“ на малолетна ученичка и да фантазира додека предава за „електризирање на телата при триење...“ За мене и ова е слика и прилика на педофилија.
|
|
|
|