Марко -> RE: моралната дилема на посвојувањето?! (23.1.2010 19:20:45)
|
Македонија воопшто е едно општество кое живее во предрасуди. Особено тоа за посвојувањето. Доколку некоја жена/пар не може да има деца, се гледа на нив како на жигосани од некоја заразна болест. Кога ќе се случи некој ваков случај на широкоградост, веднаш ќе се најдат вечни негативци да кажат некој коментар од тој вид: оти не е друга раса/националност/пол, ами оти не е со сини очи или зошто прстите не му се подолги. Тоа е одраз на сеопштата ниска култура која ја има Македонецот, стеснетиот поглед на животот и неприфаќање на нови и напредни идеи. Овој потег на жената треба да се поздрави од сите. Многу храбро, и треба да биде следен, а не да се остави осамен. Гените имаат врска, ама и воспитувањето игра голема улога. Добро кажа некој претходно: а нели има и деца кои се со нивни биолошки родители и стануваат криминалци/никаквеци/и-што-ли-уште-не. И демек, ако е без родители и е посвоено, тогаш мора да е лошо, нели? Во заклучок: Силен поздрав и поддршка за жената од Берово.
|
|
|
|