ripce -> RE: Најважни особини што треба да ги развиеме кај децата (2.1.2010 13:37:07)
|
Како да го развиеме самопочитувањето кај своето дете? 1. Пружете му безусловна љубов и почитување Кога вашето дете ќе ве налути со своето однесување, обидете се да се воздржите од навредливи коментари. Доколку сте трпеливи и достоинствени, ќе успеете да го ограничите, а притоа да не ја нарушите неговата самодоверба. 2. Бидете му вистински другар кога сте заедно Без оглед на тоа дали си играте, разговарате или вршите некоја од домашните работи, настојувајте со вашето дете да останете да иста "бранова должина". Дури и ако времето кое го поминувате заедно е ограничено, посветувајќи му целосно внимание, ќе направите комуникациската врска помеѓу вас да остане отворена, а вашето дете да се чувствува почитувано. 3. Прифатете го такво какво што е Кога го подучувате на добро однесување, земате го во предвид фактот дека вашето дете е специфична личност - дека е зборливо, срамежливо... Не го принудувајте да го прави она што е во потполна спротивност со неговиот/нејзиниот каректер, зашто во тој случај ќе има впечаток дека нешто му/и' недостига. Вашиот позитивен пристап ќе го зајакне неговата/нејзината самодоверба и ќе го поттикне да биде по прилагодлив/а. 4. Дисциплинирајте го на примерен и доследен начин Потрудете се точно да знае кои граници не смее да ги премине и да научи да превзема одговорност за она што го направило. Пред да го казните, секогаш дадете му шанса да го корегира своето однесување. 5. Кажете му што мислите за неговите постапки Можеби вашето дете би сакало да биде сосема друга личност. Но тоа ќе почне да ја почитува својата индивидуалност ако му понудите објаснувања за неговите постапки и му ставите до знаење дека тие се главно исправни.
|
|
|
|