*mika* -> RE: Ешерихија коли (13.3.2013 11:16:38)
|
Женички, јас имам една мака, па барав каде да пишам, мислам дека тука е најсоодветно, иако не сум бремена. Ми најдоа Ешерихија коли во брис од вагина. Урината ми е чиста. Имам секој ден чешање и дур не се напијам увин чај не ми се смирува. Сите други брисеви се чисти, и крв и мокрача. Почнав со Polignax вагиналети, по препорака на гинеколог, бидејки сеуште дојам, имам и антибиограм направено, ама пошто дојам не ми препиша да пијам. Доењето планирав да го прекинам месецов и онака, па ако треба би почнала со антибиотици да се излечам. Сега читнав нешто на интернет, ама повеќето статии се за уринарна инфекција, не за вагинална. Ај ве молам ако има некоја искуство со вакво нешто нека ми пише [sm=zmeden.gif] И да прашам, како и дали можам да и ја пренесам на керка ми? Како да ја заштитам?? Благодарам многу !! пс. Внимавам многу при бришење со тоалет, од напред кон назад, анален секс не практикувам, најмногу заради вакви проблеми, намам претстава како сум можела да ја добијам [sm=smiley19.gif]
|
|
|
|