Snowhite RR -> RE: Поплава - појавата на мувла и нашето здравје (15.4.2012 22:44:12)
|
И ние оваа зима се соочивме со овој проблем. Прво зашто се вселивме во нов спрат уште не досушено од малтарењето, второ зашто дограмата ни е ПВЦ и дихтова убаво и трето зашто беше многу ладна зима, не можевме да отвораме да луфтираме. Сега да затопли убаво ќе варосуваме, зашто ќошовите по ѕидовите ни се зелени од мувлата. Башка и деловите од кујната исто мувлосаа, среќа што кујната ми е привремена, планираме нова да правиме. Зимата се избудалив, влага ми се појавуваше секое сабајле се отепував од бришење, зашто се збираше вирови вода на ламинат, па ми беше страв да не се поткрени и ламинатот. Еден проблем решивме, со дограмата ни беше топло убаво, ама па се појави друг, влага, мувла А Маца, ова Саво само за во купатило е или за било каде? Зашто јас немам во купатило, само во дневната и кујанта на две три места и во детската, а во спалната и во купатилото и салонот не.
|
|
|
|