4 најважни збора (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Еца -> 4 најважни збора (27.5.2009 17:14:37)

Четири најважни мали зборчиња,лесно е од срце, искрено да се кажат. Тие се затоа баш мали, за да можат дечињата да ги запомнат. На секој во срцето се драг гост  Молам, Фала, Повели, Извини.

Дали ги учИте своите деца да ги изговараат овие зборови? Јас уште од мала ја учев Мартина и тоа нормално преку пример, најдобро се учи така, нели?   Сега ако случано во поминување ја чукнам, ми се врти и ми вика, мамо не кажа Извини...или кога и давам нешто,ми вика мамо па не ми рече Повели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Срце мало[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




niki -> RE: 4 најважни збора (27.5.2009 17:53:56)

Pa ne sum ja ucela nesto posebno, no sekogas koga i se obrakam koristam nekoj od tie zborovi i ona slusajki me pocna sama da si gi upotrebuva. Ne mi se veruvase koga prv pat mi rece fala, se cudev od kaj go naucila toa pa posle se fativ sama sebe kako i zboruvam, ne bev ni svesna deka tolku cesto sum i gi kazuvala tie zborovi za da gi zapamti i upotrebuva.




biba -> RE: 4 најважни збора (27.5.2009 19:22:11)

Pa sum se trudela toa da im go prenesam preku mene, mislam mnogu mi e ubavo koga od dete bez razlika dali se moite ili nekoe drugo ke slusnam, izvini, molam, poveli....vo sekoj sluaj ubavi maniri




Боцко -> RE: 4 најважни збора (27.5.2009 21:21:37)

о да, дефинитивно. стефан по default вели фала/благодарам кога нешто ќе му дадеш. се учиме сега на извини.




big_mama817 -> RE: 4 најважни збора (24.9.2009 15:18:12)

site cetri zborcina znae da gi izgovori i go znae nivnoto znacenje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: 4 најважни збора (24.9.2009 15:19:48)

ние сме мали за зборење ама се трудиме секогаш кога му даваме нешто да му кажеме повели и кога не рани да му кажеме фала[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami2 -> RE: 4 најважни збора (13.12.2010 15:28:12)

Без никакво инсистирање или форсирње големото ги има усвоено овие зборови и ги употребува правилно. За оваа навика сум горда на него.
Дури и на копитарите во Зоолошка кога им подава парче зелка редовно им вели повели а луѓето околу редовно се кикотат и ни се потсмеваат.




nadica -> RE: 4 најважни збора (21.1.2011 17:59:34)

секоја шанса ја користам за да ја научам надица да ги употребува овие зборови и сега за сега добро ни оди
додуша не ги кажува без причина, а и се случува да ги заборави [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Боцко -> RE: 4 најважни збора (21.1.2011 21:02:52)

напредуваме прилично. не само што редовно ги употребува туку разграничува домашни/надворешни и помлади/постари лица и комбинира со вие или г-дине/г-ѓо.
абе дипломатче
[sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: 4 најважни збора (21.1.2011 23:57:37)

Нина ги користи повели, фала и молам, а за извини добиваме бакнеж. не го има кажано, но секој пат кога ќе и речам оди сега и извини му се на тато, оди и го бакнува. сигурна сум дека знае што значи, но не го изговорила сеуште. 




Pepelaska * -> RE: 4 најважни збора (20.11.2012 12:10:53)

НЕ го учев туку му ги кажував кога му давав нешто му викав повели кога земав фала.

Сега бумеранг на тоа, ако му дадам нешто ( или некој друг му даде ) вика фала.
Ако дава обавезно вика повели.
Извини уште не знае , знае молим те да каже.( ова сам му текна )

Ако мамо молим те не ме карај [sm=jezicek.gif]

Ај карај го де




vezilka RR -> RE: 4 најважни збора (20.11.2012 12:41:17)

Повели редовно го користи, фала некогаш му текнува некогаш не. Од пред неколку дена почна да го употребува те молам (дај ми ова, дај ми она) и ова не сме го учеле наменски, барем јас не сум го учела, така да веројатно го научил во градинка. А извини сега почнувам да го учам, со извини следува и бакнеж и гушка.




AnnaMolly RR -> RE: 4 најважни збора (20.11.2012 14:09:14)

Повели кажува, но не баш секогаш. Ама ако го потсетам си кажува. Вика Фала или Благодарам, најчесто Благодарам. Те молам уште не сме научиле, а извини сега сме во фаза на учење. Како што кажа Везилка, по Извини следува бацка и гушка [sm=smiley36.gif]

Исто така, научивме дека откако некој ќе каже На здравје (по кивање), се вели Фала, здравје да имаш. Само што Филип вика Фала, здравје да имам [sm=jezicek.gif]




Pepelaska * -> RE: 4 најважни збора (20.11.2012 14:41:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Само што Филип вика Фала, здравје да имам [sm=jezicek.gif]


Убаво си вика детето [sm=bravo.gif]




mommy_angels RR -> RE: 4 најважни збора (27.8.2013 16:21:30)

фала е меѓу првите зборови на А....е сега таа и кога ти дава нешто и кога зема си вика фала (поточно АЛА [sm=smiley36.gif] ),ама ете душиче научило нешто,а мамичка беше баш пријатно изненадена [sm=smiley27.gif]




Yummy Mammy -> RE: 4 најважни збора (29.8.2013 9:20:27)

Fala, Poveli i Dobar den vikaat uste od mali, toa im se prvite "vozrasni" zborovi na koi sum gi ucela. E sega golemava pocna nesto da se srami, pa ne vika Dobar den, ama zatoa maloto gi pozdravuva site komsii po red.
Gi ucam i da kazat Izvini koga ke pogresat, no cudno e kako uste od mali imaat ego... ke se inaeti, i ke ja kaznis, i na nejzina steta ke odi, ama nema da ti kaze Izvini i nema.




sandriana RR -> RE: 4 најважни збора (29.8.2013 12:30:25)

Почнува да употребува фала и повели, добар ден вели одвреме на време, или ако кажам јас, па да повтори, пред спиење на дедо и баба вели "ноќ" за ''добра ноќ'', а цел комшилук и пошироко го поздравува шоферски - со кревање на рака.
"Зини" за извини ретко и текнува, уште не го има сфатено значењето на зборот мислам.




Страница: [1]